Здраво на сите. Дали некогаш сте се присетиле на некоја личност со која ви било убаво во даден период и сте посакале работите пак да бидат исти. Која е личноста со која сакате пак да биде по старо без разлика дали е тоа некој ваш пријател, роднина, партенер итн.
Понекогаш се прашувам зошто времето не запира во одреден момент или зошто истото не може да се врати кога сите ние тоа го сакаме? Многу е тешко да се вратиш во минатото,да живееш во сегашноста и да спремаш планови за иднината? Ми фали одморот што заврши оваа година. Мислам дека само еден ден да можам да се вратам ќе бидам најсреќна затоа што мене не ми фали морето, сонцето,базените туку нешто сосема друго.....
Ми фали времето поминато со тетка ми.. Таа мораше да се врати Австралија и жал ми е што и ја пропуштив свадбата
Сакам,сакам,сакам и тоа многу работи...Кога бев помала колку беше се поубаво ...Дека бев единствена внука сите ме сакаа особено дедо ми од на мајка ми страната...Ама за жал него денес го нема,а и јас сум голема ...Колку ми фалат тие денови
На ова ќе кажам само. Ех,да можам да го вратам времето. Секој друг збор што би го кажала би бил сувишен.
Јас би ги вратила татко ми и баба ми од мртвите.Друго ништо не сакам да биде по старо зошто сегашноста ми е прекрасна а исто така и иднината ќе направам да биде.Жалам за некои работи од минатото кои биле последица поради моето однесување,но сега работам на тоа,зошто преку тие искуства учам да бидам многу подобра личност.
Не би сакала да биде по старо. Тоа само би ме правело тажна затоа што би се сеќавала на онаа старото. И новото „старо“ не би било исто како првото...
Не. Минатото е минато. Ако не научиш да го пуштиш никогаш нема да ја осетиш сегашноста и убавината на тоа што следува.
Сите ние понекогаш посакуваме да се вратат убавите денови од минатото, мигови исполнети со радост и среќа, како и личностите со кои сме ги делеле тие моменти, но сето тоа е минато, не треба да дозволиме да живееме во минатото и да посакуваме да се врати тоа. Животот минува премногу брзо , затоа живејте го секој изминат момент, живејте за денес.
Во некои моменти сакам... Но сепак тоа е минато и нема назад. Треба да научиме да живееме во сегашноста и да се надеваме на добри нешта во иднината.
Кога ке размислам како се живеело порано а како сега,одма би се вратил во минатото,а знаете зошто? затоа што имало другарство,забави,почитување и итн,сега све е сведено на интерес,лицемерие,глумење.
Во човековата природа е да се сеќава на одредени моменти од минатото кои за жал не се враќаат, наше е да продолжиме напред , без да велиме кога би било вака, кога би било се по старо, не ако требало да биди немаше сега да велиме сакам да биде се по старо. Се е поука и искуство во животот едни работи доаѓаат други си одат се течи по еден протокол
Би се вратила во времето кога бев мала и кога за ништо не ми беше гајле. Кога го поминував цел ден со најдобрата другарка од комшии и никогаш не ни беше досадно. Би го вратила времето назад и не би дозволила толку се расипе.. до тој степен што денес сме потполни странци.
Би сакала да го вратам времето и никогаш да не дознаев за него.И како што ич не му се замарав на почетокот така и сега.Ама јбг,една година .. многу е за мене за да можам да го преболамДа,ми фали тој,колку и да сум бесна и гневна на него,сепак ми фали и све би дала да го гушнам и ако сељакот не заслужува уф
Сакам пак да си бидиме другарчиња, сакам пак да се глупираме, сакам пак да го гледам кај што се смее, сакам да биди стариот тој. Сакам да биди личноста во која се заљубив. Зошто? Што се случи? Зошто се смена..........?
сакам пак се да биде по старо да ни се вратат тие средношколски денови нашите глупости нашето дружење
Сакам,проклето сакам пак да биде по старо.. Да се сменат две најбитни работи во мојот живот,две одлуки кои ми го загорчија животот.