Многу сакам да биде по старо. Сакам секој ден да си шетам со другарките и да одам на гости кај нив. Ми фали стариот начин на живот.
Имав една другарка со која се дружев 4 години и одеднаш прекинавме контакт. Не се скаравме за ништо, само се оддалечивме. Би сакала повторно да бидеме другарки.
По старо со некои луѓе може да биде само кога ќе си го видат тилот без огледало, ете така сум им рекол. Не може секој клошар и џаболебар да орбитира околу мене, сум расчистил со таквите. На нив им е интересно имаат корист, мене ми е глупаво и губам време, пари и енергија.
Sakam pak da bide po staro,koga majkami bese ziva,koga bevme srekno semejstvo,koga bev zastitena i sakana..sega nisto ne e isto...
Времето не се враќа назад... животот е пат кој чекори само напред, наназад остануваат нашите спомени и искуства. Времето оди напред а ние старееме и созреваме, учиме од сопствените грешки и се бориме против предизвиците, со тоа станувам поцврсти и поспособни низ патеката наречена живот. Иднината може да ни биде и многу посветла и поубава од минатото, а тоа зависи само од нас самите, дали ние ќе успееме и ќе се избориме за подобро утре .. Минатото е зад нас.. но иднината зависи од нас, како ние ќе си ја скроиме судбината и ќе си го нацртаме нашиот терк. Не би сакала да се навраќам на минатото бидејки живејам во сегашноста а се стремам кон иднината.. минатото е зад мене заклучено со добри поуки и воочени грешки.. сега сум помудра и поуспешна .. а верувам дека ќе бидам и уште повеќе, бидејки одам напред и не гледам во минатото никогаш.
Минатото е период на кој се базира сегашноста, а се гради иднината. Некој работи се менуваат низ годините, некои претрпуваат трансформација, а некои остануваат зад нас со секој изминат ден. На долгата животна патека застануваме сами, учиме и растеме, созреваме и искусуваме различни предизвици и ситуации и со тоа стануваме посилни и свои. Упорноста е особина што не води напред и ни го одржува егото во добра кондиција. Минатото е само алка на која имаме прикачени многу моменти достојни за сеќавање или непотребни за навраќање. Никогаш не размислувам да го одврзам снопот настани и да му се восхитувам до тој степен што ќе копнеам се да биде како некогаш. Се потпирам на реалноста и сегашноста, не се покајувам за ништо и продолжувам понатаму. Единствено што сакав долго да трае е едно старо пријателство со драга и блиска личност за која судбината одреди прерано да згасне.
Секој човек барем еднаш посакува да се врати на старо,во некој друг поубав,посреќен период,да промени одлуки,да донесе нови...(јас многупати ) Промените се најтешкиот дел од животниот круг,но се неизбежни. Секогаш има шанса да доаѓаат потемни денови,но и посветли. А имаше една поговорка-Сеќавајте се на минатото,живејте во сегашноста,а планирајте ја иднината. И се е кажано.