Како бре 17години 2ра година средно, и јас имам 17 па сум 4та дури во јуни ќе полнам 18 Извинете за оффтопик Инаку еве некои моделчиња кои радо би ги носела.. се навлеков на убави сакоа во последно време
Епа, моите една година подоцна ме пуштиле на школо. Иначе, прекрасни комбинации! Баш ми се допаѓаат сакоа кога се покежуал искомбинирани.
Искрено ,мене, прво, не ми е баш замисливо девојче од 2-ра година да носи сако. Некако тоа ми е за стајлинг на нешто позрела девојка. А второ, ако веќе купуваш не го носи на школо. Ова е мое мислење, ти како знаеш прави си. Оу да, ова е темата да се пофалам дека викендов ќе го сефтосам моето ново црвено сако Единствено што ме мачи е тоа што цело време ми паѓа на памет со црно да го комбинирам. Ама некако ќе се натерам да облечам друга боја
Одамна сакам да си купам но сите што ги наоѓав беа онака "теткински". Си најдов сега две убави, скапички се малку ама верувам дека ке се исплати..само да се одлучам кое од овие да го одберам
http://www.stradivarius.com/en/collecti ... ur-blazer- Се вљубив во ова!Колкави се цените во Страдивардус,некоја дали знае?
Девојки, само да Ве прашам....Каде во Скопје може да се најде добро сако? Под „добро сако“ подразбирам да е убаво скроено и да не е ептен танко, и да може да се носи и на фармерки.
Имам еден куп сакоа од кои сите ми се шиени и ептен ми прават мерак. До пред некое време имав само 2-3, но среќа ми се зголеми бројкава ова лето.
Ги обожавам, може да се искомбинираат како сакаш. И поспортски и поелегантно. Засега имам неколку, црно, бело, крем, црвено, зелено и тексесно, но би сакала да имам уште мноооогу во различна боја и различни кроеви.
До пред некоја год.не можев да се замислам себе си во сако а сега веќе ми стана омилен дел од гардеробата! веројатно и со годините си доаѓа тоа..имам едно тегет боја,црно и сега најновото зелено од Зара! ги обожавам,си ги комбинирам и за кежуал и за посвечени прилики.
Јас од секогаш сум сакала да поседувам сако. За полуматурата си купив едно - розева, корална боја. Летово си го износив. На сестра ми едно ми беше точно, па ми го даде и сега си го комбинирам со се' и сешто.
Кога ја прочтав темава, си викам. Зашто не му го пишале и презимето? Јас мислев за Полумента зборите. Иначе не сум носела до сега..