Имам 3. Едното црно, другото бело со точки црни, и едно маслинесто. Но не ги носам многу често. Не знам зошто. Убаво ми стојат, но не се чувствувам удобно во нив. А кога не ви е удобно... се нешто ви смета.. не бе не сум убава, леле кај ми текна ова да го облечам, да неможам да се движам како треба...триста тракаталци
Сакоа обожавам, но не оние скроз класичните, теткасти Имам крем сега планирам есента други бои да си купам
Многу ми се фенси овие сакоава а и + оваа сезона посебно во тренд. Имам две сиво и бело но сега сакам да си купам некое со пожива боја на пр. црвено, розево...
Добив на поклон црно сако долу на ракавите е со цветен дезен а горе кај рамениците како набрано е ок си е саково само нз со што да го комбинирам некој предлог ?
Убаво изгледаат морам да признаам, јас во моментов имам две-едното црно, другото крем и ми се едни од омилените делови од гардеробата. Многу ми се допаѓа како ми стојат.
Немам носено до сега, а мноогу сакам.. имам едно што наликува на сако и многу убаво ми стои али не е тоа тоа.. ке си купам, само да начекам некое убаво, што вика брајт, да не шармира
Убави ми се многу.Имам едно сега за сега ама нема на тоа едно да остане Едноставна маичка фармерки сако мх мх мх. Истовремено едноставност и женственост.
ги обожавам ! моментално сум во потрага по некое што ќе ми го зафти окцето и одма го купувам така да секојдневно роварам по бутиците
Ми се допаѓаат и ги носам. Имам три - црно, бели и црвено. Црвеното најмногу го носам. Порано не ги носев зошто сум многу слаба , па не можев да си најдам убаво сако т.е повеќе ги сакам класичните, не оние со модерна кројка. Убави се затоа то може со речиси се да се искомбинира. Од фармерки, сукња, фустан, панталони, шорцеви. Јас сум човек што не сака спортска облека, па дуксер можам да кажам и дека немам во мојот плакар, па сакото ми е совршено за секој ден и секоја ноќ
Многу ми се допаѓаат и мене, баш се такви женствени и на се одговараат. Имам само едно сега за сега црно-стандард , но у тек сум да земам уште едно. Знаете ли каде има и која цена се одприлика класичните модели?
баш се фини и модерни -имаше низ цел град онакви едноставни црни, бели сиви крем (еко и елит) и многу беа хит и секоја втора ги купи, ама на мене СЕГА ми текна дека ми треба кога ги накачиле на 1200 а беа 700-800 па ако знае некоја каде ги има по старава цена нека ми каже
хахахахахаааааааааааа леле ама сум се пресмеала на цела нервоза,да си ми жива и здрава Иначе да се надоврзам на темата,носам сакоа,ми се вклопуваат во многу комбинации,засега имам црно,светло розе,и маслинесто,,,сакам уште некое да си земам.