Имам само класично сако во црна боја, ама не сум љубител на такви модни парчиња. За исклучителни ситуации може да се вклопи во некоја комбинација.
Проблемот е што го земав од космос, не ми е од тука плус и носено ми е, така да неможам да го вратам. Ништо, ќе си го носам со подебели блузи и кошули одоздола, така ми е по ок
Ги љубам сакоата ептен. Имам и купувам и мислам секогаш ќе купувам бидејќи вака кога се запролетува или наесен кога уште не е за подебели палтиња ми се најпогодни за да не одам по некое тенко џемперче. На фармерки, на сукња, на панталони... со се ми се комбинираат и ми даваат убав елегантен шмек на целосниот изглед.
Јас видов сиво и црно. Сивото беше убаво, а црното многу сјаеше. Цена околу 1900 Слични вакви ама во повеќе светли бои имаше во Пул&беар - 1800/1900 мкд.
имам едно едноставо во крем боја и тоа не е класика оцично ептен ама љубител сум би сакала да носам ми се допаѓа тосј стил
Си носам сакоа едноставно мн ми се допаѓа тој стил ги имам во неколку бои а за зимно време обавезно црното ми е во плакар
Сакам сакоа, носам често, имам и покласични и посекојдневни, а убедливо најомиленото парче ми е црно сако од Келвин Клајн со златна тока.
Многу сакам сакоа, имам неколку црни, бели, сиви и тегет со впечатливи копчиња и струкирани Тие ги комбинирам со фармерки или со сукња. Имам и неколку oversize, тие убаво стојат врз тесен фустан. Според мене, сакоата се безвременски класични парчиња, секогаш ќе имаат место во мојот плакар
Порано нешто многу не ми привлекуваа внимание ама во последно време ги обожавам и ми се едно од омилените модни парчиња. Лесно може да се искомбинираат и убав елегантен и класичен изглед на комбинациите даваат. Во впечатливи бои ги сакам повеќе, но убави се и во класична сива, црна боја.