Салати со тестенини

Дискусија во 'Рецепти' започната од girl.23, 13 декември 2011.

  1. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.758
    Може овде да пишуваме за салатите, каде главна состојка се тестенините. :)
    Еве од мене:

    1)
    -варени макарони (од најситните)
    -павлака
    -ситно сецкана краставица
    -сол
    Се` се меша. Многу лесна и освежителна салата.

    2)
    -варени макарони (од најситните)
    -рендан кашкавал
    -рендани јајца
    -рендани кисели краставички (малку, колку за вкус)
    -мајонез
    Се` се меша заедно.
     
    На Osamena devojka и Cka им се допаѓа ова.
  2. LaChiquita

    LaChiquita Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2010
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    358
    Пилешка салата со макарони

    - 500гр. Пилешки гради
    - 4 моркови
    - 8 кисели краставички
    - 500гр. ситни макарони
    - Зеленчук коцка (супа)
    - 2 лажици сенф
    - 500гр. мајонез
    - 200гр. павлака
    - 2 варени јајца
    - Сол, црн бибер
    - Магдoнос

    начин на приготвување:

    1. Во супа од коцка од зеленчук варете го пилешкото. Сварете ги морковите и макароните.

    2. Исечете го месото на коцки и иситнете го на конци (влечете ги со рака, нека бидат што потенки). Ставете ги во длабок сад и додадете ги ситно исецканите моркови, краставички, макароните, сенф, мајонез, сол и црн бибер, сецкан магдонос. Смесата мешајте ја со лажица додека не се соедини. Кога ќе ја измешате додадете ги ренданите јајца со павлаката, измешајте додека не добиете хомогена смеса.

    3. Сервирајте во мали садови, украсете со гранчиња магдонос и половинки маслинки.

    нема некоја филозофија, што ти се најде по дома, се можеш да искомбинираш.
     
    На Osamena devojka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Pufkaa236

    Pufkaa236 Активен член

    Се зачлени на:
    30 август 2013
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    4
    ја сум обожавателка на туна од конзерва така да.. :)
    ама, туната да биде во оние округлите конзерви (небитно име) сите ми се допаѓаат ама да биде туна сецкана на ситни парченца во масло :)
    маслото го цедам, варам макарони..
    откоа ке се сварат макароните ја истурам конзервата туна во макароните, додавам многу малку лукче колку за вкус, сецкана марула, црни маслинки, мајонез ,малку вегета..и одлично е :)
    пробајте.. ;)
     
  4. girl-miri

    girl-miri Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    7.658
    Допаѓања:
    19.697
    Пол:
    Женски
    варени макарони од оние витканите,
    во сад ставаме мали коцки салама,краставичKи од тегла и тие сецкани на мали парчIња коцки,малце вагета и две лажици (по вкус може уште една) мајонес ги промешуваме и потоа дA се оладат настрана, не во ладилник и наздравие :)
    преубаво е :)
     
  5. Perina

    Perina Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    320
    Многу едноставна и многу вкусна! :)
    Додека макароните се варат, сецкаме кисели краставички на ситни парченца. Кога ќе се сварат и малку оладат, во голем сад ги промешуваме со павлака и малку мајонез, ги додаваме краставичките и малку сол. Е сега некои додаваат и пченка и/или ситно сечкани ореви. Сите три комбинации се одлични! :)
    Со руската ми се заедно на 1во место :lol:
     
  6. Umbrella22

    Umbrella22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    3.951
    Допаѓања:
    33.893
    Пол:
    Женски
    Мојата омилена! Два пати неделно сигурно ја правам :)

    Ги варам макароните (какви имам во моментот такви) ги цедам и додавам конзерва туна (претходно исцедено маслото), додавам зачини (сол, црн бибер, оригано) и мајонез и убаво промешувам
     
    На Osamena devojka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    4.519
    Допаѓања:
    30.376
    Пол:
    Женски
    Салата од макарони и пилешко месо

    Состојки
    300 гр. пилешко месо
    150 гр. моркови
    150 гр. грашок
    150 гр. пченка
    100 гр. кашкавал
    150 гр. поситни макарони
    За прелив
    400 гр. кисела павлака
    1 лажица сенф
    малку сол

    Подготовка
    Пилешкото месо се вари и се сечка на коцки. Морковот се сече на коцки и се вари заедно со грашокот и пченката во малку солена вода. На пилешкото месо му се додава исцедениот и оладен зеленчук, изренданиот кашкавал, сварените и оладени макарони и се заедно се промешува.
    Во сад се ставаат киселата павлака, сенфот и малку сол и сето тоа промешува. Подготвениот прелив се се додава на останатите состојки и добро се промешува за да се соедини.