Колку што забележав нема ваква тема, па реков да отворам. Дали сакате салати, дали ги јадете како предјадење, кои салати ви се омилени, па и по некој рецепт не е на одмет. Лично јас обожавам салати, почнувајќи од најобичните салати чисто само со зеленчук, шопска, зелена, грчка салата...Најново со Цезар салата сум заразена, и мојата најнајомилена Италијанска салата: рендана марула, рендан морков, рендана шунка и рендан кашкавал и сето тоа се меша во павлака ( ако дуплирав тема, сместа клуч да ми ставите )