Јас есента спална лежај (без душек) Коректна испорака по договор, квалитетот добар за тие пари. Се се мислев дека 20 или 22 илјади беше ама сега гледам кај нив 24900 и 27900 дали бил на попуст, дали сега го качиле.. врска немам чудно ми е малце..
Јас сакам една бела сјајна иверка, негде 34.000 е без душек, ок е ми изгледа за таа цена. Битно ми е да не се распаѓа и да не мириса чудно дрвото. Сакам лично да отидам да ја видам, се надевам ќе ми се допадне. По другиве што гледам 140.000 без душек, а дизајн никаков.
Дали некоја од вас има искуство со Дрводекор Штип? Имата една детска што ми се допаѓа, ама мн евтина и сум скептик
Фала, поубава да си купите ) Инаку вој модел Алора нема механизам за спуштање, инаку во салонот имаат изложени и такви со механизам. Перниците не се фиксни.
Блиски во фамилијата купија спална соба комплет од таму и не се задоволни уште еднаш од таму од нив едно големо не. За квалитет рано е да се каже вака за година дена добра е. Не се задоволни од тоа што оставија голема сума на пари , а монтажа немаат се плаќала плус. Кога земаа да ја склопуваат фалеа делови, прво им рекоа ќе ви ги испратиме по карго па не им ги испратија, и на крај отидоа сами да си ги земат.
Во кристина дамил вакви слични има. Кожни и механизмот е електричен. Мислам дека на Natuzzi беа. Како аголна има, има посебни двосед-тросед-фотељи.
https://doma24.mk/index.php?route=product/product&path=141&product_id=402 Еве ти слична маса. Можеш да ги прашаш дали би изработиле како твојава. Јас од таму земав клуб маса, изработуваат и по твои димензии. Многу се услужливи.
Ние имаме спална земено еве веќе 3 година. Презадоволни сме од нивниот душек Alegro delux, сега се преселуваме зедовме нов лежај но душекот ќе си го земиме со нас забелешка имаме за плакарот беше од иверка со медијапански врати кои беа претешки и горениот дел почна да крца да не речам готови да паднат ако не ги забележевме на време. Среќа под гаранција беше сеуште па дојдоја до душа и само уште една иверка закачија од горе и тоа беше. Од тогаш наваму ок е . Наравоучение : никако земање плакар од иверка со медијапански врати
Денес баш купивме гарнитура и маса од кај нив и сега го читам твоето мислење и се загрижив. Што се случи со твојот случај? Нас ни кажаа најкасно до 20 дена ќе ни ги донесат.
Ја добив после повеќе од 3 месеци. Кога отидов да ми ги вратат парите им се заканив и со тужба, се оградија дека во договорите им стои 60 раб дена и дека џабе ќе ми биде. А кога ги прашав зошто ми рекоа 30 раб денови добив одговор дека така им било кажано да кажуваат 20 до 30 раб дена. Не сакаа да ми вратат пари и ме лажеа уште месец дена.... тоа е моето искуатво со вардар мебел тебе ти посакувам среќа да ти дојде на време.... јас веќе во тој салон не влегувам.
Јас имам нарачунаво од вардар мебел, иако ни рекоа за 30 дена, многу побрзо ми ја донеса гарнитурата. Баш ме зачудија сега со ова.