1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Салони за мебел

Дискусија во 'Дом' започната од Zaljubena111, 7 септември 2010.

  1. bella12

    bella12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2015
    Пораки:
    1.352
    Допаѓања:
    7.624
    Пол:
    Женски
    Дали некој има искуство со салонот југомебел од Прилеп. Конкретно за гарнитурите за седење .
     
    На mal.ecka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. tigarce

    tigarce Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    453
    Провери во Про-Дизајн, се наоѓа на ул. ,,Скупи" кај Канал 5.
     
    На Nikinena му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Nikinena

    Nikinena Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    402
    Пол:
    Женски
    И нив ги контактирав и ништо. Не ми е јасно како е возможно никаде да нема а да се продаваат креветчиња со таков механизам
     
  4. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.462
    Допаѓања:
    48.355
    Пол:
    Женски
    Иста ваква лани купивме од Вардар мебел, 40,000 денари димензи 3м на 2,70-штоф.
    Презадоволни сме од гарнитурата, јас меѓудргото цело зимо спијам на нејзе во дневна навечер така да е преудобна и прекомотна.
    На почетокот маж ми кога инсистираше на тие држачите за глава мислев дека е некој негов хир и глумење лудило ама испадна дека ептен се наоѓаат особено ако си висок (како него) па и мене ми се наоѓаат некогаш кога сакам да се потпрам. Со Вардар мебел имавме ок искуство ја чекавме 30 РАБОТНИ денови или месец ипол сосе викенди и празници.
     
  5. Lizi

    Lizi Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    1.394
    Пол:
    Женски
    Во Тетово, Чарли бејби мислам дека произведуваат креветчиња нивни, да ги прашаш само за механизам, од каде набавуваат или дали би ти продале само тоа..
     
  6. Nikinena

    Nikinena Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    402
    Пол:
    Женски
    Тие ми го пуштија креветчето без механизам и ме блокираа кога ги прашав во порака. Ти благодарам
     
  7. Lizi

    Lizi Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    1.394
    Пол:
    Женски
    Уф, ако имаш фискална, рекламирај го производот и пријави ги некаде, како може така да те блокираат. Цц
     
  8. Nikinena

    Nikinena Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    402
    Пол:
    Женски
    Немам фискална зашто преку карго се ми пуштија. Повеќе работи имав нарачано и платив околу 19.000ден. На комодата за пресоблекување и беа валкани ногалките, требаше душече алое тие пуштиле некое најобично. Им пишав се во порака и ме блокираа. Повеќе преку интернет порачување не
     
  9. Lizi

    Lizi Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    1.394
    Пол:
    Женски
    Испратница нешто сигурно имаш, јас не би оставила така, поготово на толку грешки и на голема сума, ама ти си знаеш најдобро. Со среќа!
     
  10. Nikinena

    Nikinena Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2020
    Пораки:
    186
    Допаѓања:
    402
    Пол:
    Женски
    Имам испратница да. Се нервирав ама тоа е кога не можам во живо да купам од пандемијава, а на месенџер ме блокираа, и да не кажам веќе се помирив. Затоа барам барем механизам за креветчето колку толку да ја исправам работата. Кај нас колку што знам закон нема, и да тужам џабе се. Се надевам ќе прочита и некој друг и нема да се "зафркне" и да нарача од кај нив. Ти благодарам на одговорот
     
    На Lizi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.949
    Пол:
    Женски
    Немој да оставиш така, пријави ги. Ако не ти го испратиле она што си го нарачала, треба да ти ги вратат парите или да ти ги дадат производите што ги сакаш. А не така да оставиш. Ако оставиш така, ќе има и други измамени, им даваш сила. Пријави ги, имаш испратница, ги имаш пораките што сте се договориле, сето тоа се зема во предвид.
     
    На Lizi и Nikinena им се допаѓа ова.
  12. plava.90

    plava.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    552
    Пол:
    Женски
    Дали некој имал проблем со чкрипење на брачен кревет после медец и пол спиење на истиот?
    И како да го средиме?
     
    На Irenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. marta993

    marta993 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2017
    Пораки:
    1.558
    Допаѓања:
    29.043
    Пол:
    Женски
    Здраво,
    Дали некој има порачувано производи од Комоди Чевларник на Фејсбук? Како сте задоволни и кое е вашето искуство со нив? :)
     
  14. iva345

    iva345 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2015
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Здраво, дали може некој да сподели искуство со Jumis Luxury? :)
     
  15. MilaSs12

    MilaSs12 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.650
    Допаѓања:
    18.251
    Пол:
    Женски
    Само пофални зборови за однос и запазување рок за испорака. На око се е преубаво, изработка одлична, цените супер, квалитет ке видиме за 5 години.
     
  16. Tory

    Tory Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2019
    Пораки:
    49
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Pomos barski ubavi stolici kade da se najdat
     
  17. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.282
    Допаѓања:
    33.452
    Пол:
    Женски
    Ми излезе на фб Велигденска акција на барски столици во Џиви мебел-Гевгелија. Ѕирни ги, можеби ќе ти се допаднат.
     
  18. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Види на Инстагтам на Elitte Sofa има во Highligts преубави
     
  19. *Ива

    *Ива Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2018
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    380
    Пол:
    Женски
    Не е баш за тука прашањево ама некако ми е поврзано со темата.. Вие шѕо имате искуство со опремувањрќе на стан, колку пари од прилика фаќа целосно опремување на стан од 50 квадрати? Значи дневна, трпезарија, кујна, спална и тоалет само машина? Нормално без некои претерувања, нормално да биде уреден? Воопшто немам претстава.. вака други скоро што опремувале викаат 10.000 еур фаќа..
    Искуства?
     
  20. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.282
    Допаѓања:
    33.452
    Пол:
    Женски
    Ептен релативна и индивидуална работа е. Сѐ зависи од тоа што сакаш.
    Може кујната (во зависност од големина, материјали, желби) да те кошта 1000€, може само таа да те кошта 5000€. Апаратите за домаќинство ептен варираат во цените во зависност од марка, потрошувачка, опции, актуелни попусти.

    Ние скоро средувавме спрат од куќа (кујна со трпезарија, дневна и спална, во купатилото исто само машина за перење.
    Кујната не чинеше 1300€.
    Чешма и мијалник ~250€.
    Трпезариската маса со столиците 700€.
    Апаратите за домаќинство (фрижидер, вградени плотна, рерна, машина за садови, микробранова, аспирстор, машина за перење, тв и правосмукалка) 2500€, со тоа што сѐ зедовме горење, освен пералната и тв што се самсунг и правосмукалката.
    Гарнитурата (тросед и две фотељи) околу 75.000 ден.
    Клуб масичка и комода по нарачка 500€.
    Спална (лежај од салон за мебел+плакар, две наткасни и тоалет со огледало по нарачка) 24.000 ден+500€.
    Претсобје 400€.
    Три теписи 1.6мх2.3м 600€.
    Два лустери и две плафоњерки 150€.
    Завеси за кујна, дневна и спална, заедно со драпери за кујна и дневна 500€.

    Ова се крупните работи, со груби цени. Ситните (прибор за јадење, тави, тенџериња, украси, декорации, слики, огледала...) може да се поскапи.
    Пак ќе речам, сѐ зависи од желбата и џебот. На крај краева, секој си ги пушта нозете колку што му е долга чергата.
     
    На CareTee и *Ива им се допаѓа ова.