1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Салони за мебел

Дискусија во 'Дом' започната од Zaljubena111, 7 септември 2010.

  1. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.577
    Допаѓања:
    40.005
    Пол:
    Женски
    Па, горе долу така е.
    Сега многу зависи како што ти пишаа погоре, на пример кујна иверица и медијапан имаат доста разлика во цена.
    Бела техника имаш ефтина, просечна и поскапа. Не е исто Candy, Beko или не знам..Bosch еве.
    Нас не кошташе повеќе од 10.000 и тоа само за груби работи, како кујна, гарнитура, апарати, маси, сточили, спална, предсобје...а ситниците си одземаат исто голем дел од буџет.
     
    На Zibiribi и *Ива им се допаѓа ова.
  2. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.090
    Допаѓања:
    7.031
    Ептен е релативно. Зависи од материјал, и од фирма која ќе ти прави.

    Ние сега моментално уредуваме, т.е скоро и завршивме. Околу 60м2 (детската празна ќе е, не ја сметам неа).

    Цените што ги пишувам се нормални во смисла да не е од поскапото, ама сепак да е квалитетно.
    Гарнитура/аголна, ако сакаш да е посалам, под 50000 не ја сметај. Спална - лежај околу 300-350 евра има океј (и нагоре со цени), и душек поубав околу 400 евра мин. Трпезариска маса со столици мин 650 евра. Кујната е стварно релативна. Нашата е мат медијапан фарбан, на цнц машина вдлабени рустични шари. За 5.5 м плус 1 м остров излезе 2750 евра. Да беше пластифициран медијапан, ќе беше за 10% некаде поефтина. А ако е права површина, без обработка на цнц машина е поефтино исто. Садопер гранитен ти е околу 9000-10000 и нагоре, во зависност од димензии. Другите се поефтини, иноксните. Во ефтинија импекс имаш малку поефтини цени за разлика на другите места.
    Тв комода и масичка се поефтини ако ги земеш од салон, отколку по мерка. Нас заедно со уште еден дел за книги ни излезе нешто повеќе од 800 евра (медијапански - мат фарбан и вдлабнат и дрво ногарки). Инаку, ако имаш можност за стандардни димензии, подобро ти е од салон. За околу 300-350 ќе најдеш добри. А од иверка се уште поефтини.
    За апарати, исто има разни цени, зависи од марка. Ние зедовме whirlpool плотна и фурна, беко фрижидер дупли со инвертер мотор и машина за алишта беко со инвертер мотор, се вкупно околу 90000 излезе. Имаш и поефтини фурни и плотни, и без инвертер мотор се поефтини апаратите.
    ТВ околу 30000-40000 за 55-60 инчи, и со подобар квалитет.
    Плакар исто поефтино е од салон, со фабрички димензии. По нарачка цената зависи и од механизмите. Механизми за лизгање има од 50 и од 350 евра, у плус материјал.

    Нас не кошташе се околу 11500 евра, без детали како лустери и теписи.

    Мој совет ти е да прашаш на повеќе места. Јас за ист цртеж за кујната и исти матријали добив понуда буквално од 2000 до скоро 20000 евра...
     
    Последна измена: 10 мај 2021
    На *Ива му/ѝ се допаѓа ова.
  3. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.090
    Допаѓања:
    7.031
    На Simooone и IRBBB им се допаѓа ова.
  4. LinaFina

    LinaFina Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2021
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    64
    Пол:
    Женски
    Здраво, од кои салони за мебел сте најзадоволни, конкретно за гарнитура?
    И дали некој од вас има купувано од експонатите во салоните дали е паметно, гледам дека нив ги дават на попуст
     
  5. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    3.434
    Пол:
    Женски
    Истото прашање како и Линафина го имам и јас, само што ме интересираат кујни. Попуст не гледам нигде. :(
     
    На LinaFina му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tripl6

    tripl6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2019
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    203
    Пол:
    Машки
    вардар мебел 2ипол месеци чекам плакар... не зимам више ништо од кај нив.

    @Miss666 сакаш готови или по нарачка
    во Алекс Дизајн има каталог со елементи можеш да бираш и да комбинираш.
     
    На Miss666 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. NPN

    NPN Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2015
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    478
    Пол:
    Женски
    Screenshot_20210521-110338_Facebook.jpg некој да не знае каде може да најдам вакви масички низ салониве?
     
  8. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    5.885
    На NPN му/ѝ се допаѓа ова.
  9. IChika

    IChika Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2017
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    432
    Пол:
    Женски
    Имаш вакви и во базаро и хомакс
     
    На NPN му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    3.434
    Пол:
    Женски
    Каков квалитет имаат мебел мебло плус струмица? За аголните гарнитури мислам.. доста лоши коментари прочитав..
     
  11. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    14.989
    Допаѓања:
    167.828
    никогаш немој да со земала од лај нив
    даваш пари и чекаш достава
    се развлекува до безкрај
    ако имаш среќа ке добиеш нешто сасвим трето после некочку месеци или година
     
    На Miss666 и duffi им се допаѓа ова.
  12. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Искуство со светли гарнитури, речиси бела боја... Кои материјал е најлесен за одржување? Навистина ли само со вода се чистат дамките?
    Препорачајте некој салон за мебел со поголем избор на аголни гарнитури :)
     
  13. LadyR

    LadyR Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    2.090
    Допаѓања:
    7.031
    Кристина Дамил.

    Инаку водоотпорен штоф :) Не пропушта пода и лесно се чисти ако се извалка. Мојата е многу светло сива, гајле нема
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  14. NPN

    NPN Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2015
    Пораки:
    440
    Допаѓања:
    478
    Пол:
    Женски
    Дома 24. Отвори на фб. Има голем избор на штоф и големина по нарачка.
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  15. IRBBB

    IRBBB Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 октомври 2019
    Пораки:
    8.282
    Допаѓања:
    33.452
    Пол:
    Женски
    Јас имам бела гарнитура и и покрај тоа што сака многу одржување, уште илјада пати би зела бела, оти преубаво се вклопува. Материјалот не знам како се вика, личи како гант, како отпревртена кожа, ама мноооогу нежен и мекан на допир. Се чисти се со сунѓерче и вода, ама и влакненце од трепка да има на нејзе се познава. Биди спремна да ја чистиш секој ден.
    Најголем избор има во југоекспорт и кристина дамил.
    Прекрасен италијански мебел има во технокооп, прекрасен турски мебел има во Венеција ексклузив во Прилеп.
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.520
    Допаѓања:
    5.885
    Салон за мебел со пристапна цена?
    Ни треба мебел за дневна,трпезарија,кујна и спална
     
  17. Компир Манџа

    Компир Манџа Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.835
    Допаѓања:
    4.298
    Пол:
    Машки
    Кристина Дамил
     
    На SunnyGirl2 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.072
    Допаѓања:
    8.012
    Има ли некој искуство со мебелот на Feydom, поточно модуларните гарнитури? Многу ми се допаѓаат, плус имаат 25% попуст и одлични услови за достава, ама нудат три различни варијанти на штоф, не знам кој би бил најдобар избор и колку се издржливи на подолг рок.
     
  19. попкек

    попкек Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2021
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    239
    Пол:
    Женски
    А која цена се дали знаеш? Мислам фејдом дека се едни од поквалитетните.
     
  20. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.072
    Допаѓања:
    8.012
    Зависи за која гарнитура, оваа е таа што ја сакам и различните цени се различен штоф всушност.
    Останатите можеш да ги провериш на линкот https://feydom.mk/akcija
    Screenshot_20210614_154120_com.android.chrome.jpg
     
    На попкек му/ѝ се допаѓа ова.