Мене ме интересира истото прашање само за спални...Дали некој купил и колку е задоволен од квалитетот...Ви благодарам
Dali nekoj ima kupeno od mebel videnov? Cesto mi iskaca vo feeds imaat interesni raboti, pristojni ceni od bugarija se. nekoj iskustvo?
Сме нарачувале мебел од повеќе салони, не сме задоволни од Дивано и Кристина Дамил, а презадоволни од Мебел Ви и Зинес. Пред една година оваа гарнитура ја нарачавме од Зинес, предобра е (имаат голем избор, но малку се скапи), а од Мебел Ви ми е комплет спалната, и по 7 години нема никаде попуштено.
Јас кај моите имам соба таму имам земено спална од мебел Ви. Даските што ги пратија за дното, не одговараа, а замена требаше 3 месеци да чекаме, па мајстор ни ги скрати. За некое време некако пропадна од едната страна на која никој не лежи Не знам, не би купила повторно од кај нив. Барем не вакви поголеми работи. Кај мене дома имам плакарче од кај нив, тоа па е ок, но многу ретко се користи, имам ставено јакни, капути и кондури.
Ако не е најдено досега - слични масички, но со заоблени краеви имаше во Мебел Ви. Види на нивна страна.
А цените за по дома ли си ги чуваат? Да не треба да им пишеш, да ги молиш цена на секој производ да ти кажат? Или јас не гледам?
Супер се Фејдом, имаме од модуларните гарнитури и си ја менуваме од време на време кога сакаме да ја освежиме дневната соба. Ти сам си ги бираш елементите, според просторот што го имаш. Би препорачала во салон консултација со персоналот, ептен се искусни и ќе ти направат комбинација според тоа што го бараш. Пред да купиме гледавме на вебсајт и ни се допаѓаше еден модел, а кога отидовме во салон скроз друг модел избравме и во различна комбинација и сме презадоволни како излезе на крај.