Јас сум презадоволна од Дома Мебел, се што земавме нема мрднато. Спалната ни е од таму, комоди, мало масиче, трпезариска маса и столици. Топло ги препорачувам
Јас имам порачано и се сосем коректни. Достава порано од договореното, контакт на телефон за се што ви треба, квалитетот е ок за парите. Ако при транспорт има нешто оштетено, прават замена без никаков проблем. Се на се, јас сум задоволна.
Искуството со Јумис претпоставувам е добро. Што имаш земено од таму? Цените од прилика како им се движат и дали се чек многу за порачан мебел?
Повеќе од добро топла препорака. Зедовме аголна гарнитура клуб маса трпезариска маса и столици. Се чека максимум 2 месеци и си стојат до рокот. Сами се јавија пред краен рок да ни кажат дека е готово се. Цени многу може да варираат имаш штоф микрофибер поевтин и поскап, имаш кожа, има иверка масивно дрво итн. Нашата аголна ја плативме околу 1000 евра. Ама има и поевтини опции. Маси имаш од 18-30+ илјади. Столиците беа од 4-5000 до кај 7000 зависи од што ке избереш. Се бираш боја материјал големина кај некои модели.
Пријателки, кај може да најдам тросед со едноставен изглед, но... да може да се пушта (нели, за гости). И генерално, дали некој има искуство со Пункт мебел..дали сте задоволни? Убав ден ♡
Zdravo na site, dali imate info kade vo mk moze da se kupi ili naraca trodelen trosed, ako znaete onie sto koga kje se pustat se kako spalna za spienje?
Јас имам гарнитура од пункт и не сум задоволна воопшто. Исто барав едноставен мебел и тука беше поефтино а едноставно и убаво на изглед ама не се квалитетни, барем мојата не е.
Кристина Дамил - гарнитура Брисел. Ја имаш во разновидни форми, димензии, штофови... Ние скоро година ја имаме, нема мрднато И сите гости кои имаат спиено на механизмот за спиење ја фалат https://www.dodic.co.rs/proizvodi/ugaona-brisel.html Можеш во пдф да си симнеш какви се варијации има
Скоро сите салони имаат, симпо југоекспорт стил техно мебеч јумис итн. Има насајтовите кои модели може да се изработат со механизам.
Феминки дали да не брзам со купување на мебел бидејќи во март ке има саем дали има некои информации за саем и за попусти обично во март е .
За сите кои сте во план да купувате мебел - гарнитуар за дома и се мислите каде имаат најдобар квалитет - цена. После десетина дена шетање низ салони нашиот избор падна на Зинес (Дома24 на фб), за 30 дена од направена порачка ни ја испорачаа гарнитурата како што бевме договорени. Се на се задоволни, ви ги препорачувам
Испочитувањето на испораката и договорот за кој сте платиле коллу што побарале, ама ич никаков доказ не е за квалитет. Се препорачува салон откако си имал парче мебел од нив на подолго време.
Еве јас имам од Зинес аголна софа веќе 5та година. Супер е. Јас од Канапе ја зедов, ама Зинес ја произведуваат. Они ми ја донесоа.
Ние не сме имале мебел од Зинес во право си, секако е добро квалитетот да го процениш по одреден период. Испуштив да пишам дека ни го препорачаа салонот пријатели кои се задоволни и имаат нивна гарнитура подолго време. Да не ни ја препорачаа можеби и немаше да дознаам за салонот, секако некогаш квалитетот и се приметува уште на прв поглед. @Noemi како и да е јас да си се пофалам дека сум се подновила по дома, па ако не успеав тебе да ти помогнам - можеби некој ќе го види коментарот како корисен.
Сега го имам истиот проблем со Чавле, читам и не ми се верува истото ми го зборат стигнавме до штофот дека го нема го чекат од Германија неможемњ да се вцелиме ужас услуга
Здраво Имате ли имформација каде можам да извршам корекција на аголна гарнитура? Сакаме да ја отстраниме едната страница..