Кога имате нарачано? Кај прочитав сега, зошто не видов порано ова за искуства . И ние нарачавме од кај нив, се надевам ќе бидат на време или мало задоцнување. За чекањето ај ама за квалитетот ми е најмногу.А ич не е ефтини.
Да не ја има некој спалнава? Или плакар или лежај порачано од Виденов, преефтини се ме интересира квалитетот, 5години да издржи доволно е
Феминки, да ве прашам како сте задоволни од HOME BY ALMAK, сакам да купам гарнитура и лежај со душек што идат дали сте задоволни?
Кај нас стигнаа точно на време. И тоа се јавивме да смениме боја после десетина дена од нарачката. Јас сум задоволна и од услуга и од квалитет. Ако ѕвониш, ѕвони им во Прилеп, директно во фабриката.
Имаат рок кај нас за испорака до 6 7 мај, ама се мислам после 1 мај да почнам да им досаѓам. Фала ти се надевам дека барем на толку чекање ќе бидат добро изработени. Останува да видам што ќе испорачаат и кога.
Феминки,сакам да купам од HOME BY ALMAK душек и гарнитура дали сте задоволни од квалитетот и дали би ми препорачале?
Дали некој си имал работа со Чавле и доцнењето на мебелот? Еве ги контактирав ќе каснат 2 недели, се мислам дека не е точно и само ме маткаат дека многу повеќе ќе биде каснењето. Го читав договорот никаде не пишува што во случај на доцнење, кои правни работи можам да ги превземам јас во овој случај?
Јас имав ист проблем, по 1 месец доцнење ги добив, но масата не беше добро направена и не дојде никој да ја поправи