Здраво девојки, дали некоја од вас има искуство со спална соба од Прима мебел? Конкретно овој модел ми се допадна од веб страната ама не сум била во живо да ја проверам. Било какво искуство ќе ми користи. https://www.prima-mebel.mk/tapaciran-krevet-umberto.html
Југоекспорт немаат лош мебел на изглед и квалитет, но не монтираат баш. Може да си нарачате ако ви се допаѓа нешто и ви одговара цената, ама да имате дома некој татко/брат/сопруг што би го измонтирал тоа. Не е толку тешко, се е убаво нацртано. Две години имам клуб маса од кај нив и скроз нова е.
Нашиот од Техникоп го зедовме, пред година дена (скоро 2). Овој модел. Се подига и има огромен простор за складирање. Конструкцијата му е метална. Душек не спаѓа во цена. Имаат голем избор на штофови. Двајцата заедно тежиме околу 180 кг, и нема мрднато креветов.
Ваљда ќе добијам конкретен одговор овде. Што мислите за спалните комплети од Виденов? На фб во групата за измами барав, имаше скоро 95% позитивни коментари, као "што гледаш тоа добиваш" . Е сега имаат доста ефтини спални комплети, како шкаф, фиокар и кревет за околу 16/17000,што кога ќе купам душек би дошло и околу 30.000,во тој поглед не е преефтино, ама па во другиве салони од кај 22.000 почнуваат поефтините спални комплети. Што мислење имате? Не се многу пари, ама па да ги фрлам само така и да излезе нешто никакво, за склопување не е проблем, мм сам ќе ги склопи и ќе го појача креветот, ама некако ефтини ми гледаат, дали дека овде немаат можда салон, па не плаќаат вработени, кирии или што е работава незнам.
Videnov gi brise negativnite komentari. Jas nemam iskustvo no ne bi rizikuvala ako ne vidam so oko izrabotka, shtof, miris na lezajot, zatoa sto ne se mnogu poeftini od firmite so saloni koga imaat popust.Ako stavis montaza I kachuvanje na sprat...ne se eftini.
Па има шема за склопување, мм сам ќе ги склопи и ќе ги појача. И качувањето на спрат не ни е проблем, сами ќе ги качиме, едни скали се за качување, така да, пак ефтино ми излегува. Иначе не кај нив на фб, туку во групата "Ѕид на измами и прашања од онлајн продавници", вака нешто се вика. Таму од луѓе што имаат купено, итоа ги има доста, доста позитивни коментари има. Незнам вака и овде што читав, од сите што имаат купено, само една членка не е задоволна, биро некакво беше
Јас немам ама брат ми пред 3-4 години купи од таму баш трпезариска маса и 4 столици, за неполна година два стола се расклатија, масата исто за одприлика 2 години, а солидно ги плати, еден стол ако не грешам преку 6000 беше. Сега мора нови да купува. Јас од Форма Нова купив, за ич пари и трпезариска маса и столици и седмосед, еве ги 6 години по ред не се мрднати.
Јас имам само трпезариски столици, нови се па не знам како ќе се покажат. За изглед убави се, материјалот исто добро изработен, некако ногалките се залепени (не знам дали се поинаку прицврстени) па тоа не знам дали ќе биде проблем. Инаку ги доставија точно на датумот
Јас лично немам искуство, ама моја пријателка си купи по нешто од мебел од кај нив. Она е задоволна, цената што ја плати и тоа што го доби соодвествуваа. Знам дека за достава и се јавуваа неколку пати да се договорат кога може/кога е дома за да не и ја достават додека е на работа па да се чуди. И јас се загледав некои маса и столови трпезариски, доста поефтини им се од други салони, ама се уште се мислам дали да ги порачам.
Од мебел Венеција, сестра ми купуваа аголна гарнитура, кога им ја донесоа кога ќе ја спуштиш и треба да е споена, имаше простор, перниците сосем различни од тоа што избрале, па ја враќаа. Јас не би ги препорачала. Нашиот мебел дел е од Дома Мебел, дел од Кристина Дамил, а дел од локални мајстори од мојот град, од се сум задоволна. Сега треба да правиме детска соба и најверојатно ќе ја нарачам од мајсторпт што ми ја правеше кујната и закачалката во ходникот.
Има многу негативни коментари за нив, не се многу ефтини , и јас барам и чекам мислење за Интер Експорт од Струмица ги има во Алмак,Интер Мебел и уште неколку во Скопје.
Здраво, може некој да сподели искуство со Алмак, конкретно за аголните гарнитури ме интересира дали им се убави?