Има некој пуштано рекламација на Виденов? Пред 1г земавме спална комплет од кај нив и душек плус, спалната е одлична ама душекот скроз ни пропадна. Зборував со нив рекоа да им пратам маил со опис и слики па да проследат до одделот за рекламации. Се надевам ќе го го заменат со оглед на тоа дека има 2г гаранција. Чисто ме интересира како оди целава постапка..
Трпезариска маса имаме од Махагони,мене ми е преубава и ептен е квалитетна. Со цени се среден ранг, ни најевтини ни најскапи.
Само позитивни коментари. Гарнитурата ја купивме 2019 еве веќе 4та година ја користиме како нова е и ден денес. Ја плативме поскапо , не велам не , ама квалитетот и изгледот не се променети. Од мене имаш препорака најискрена.
Здраво, сакам да прашам. Дали некој од вас има купувано мебел од некој салон во Арачиново и какво искуство имате?
Конкретно сетот што им е 12.999ден ги има во повеќе салони за мебел и сите се исти, јас купив таков исти сет во градот каде што живеам но исто прво онлајн ги гледав на LHD decor и истите ги начекав, некој wow квалитет масата не е предност е што многу лесен и мек им е механизмот на пуштање буквално со два прста, деуго што краевите се заоблени ние дека со мало детенце да беа оштри до сега којзнае колку пати ќе беше удрен, внимавам многу веднаш ја пребришувам доколку има вода, столиците за седење се премногу удобни но на местата каде што најчесто се фаќаат за да седнеш, делот странично кај што се потпира грбот приметив дека веќе е излитен па купив навлаки. Се на се сетот е преефтин и врши работа, ги има во најразлични бои Спојлер: Маса
Здраво, утре нарачувам аголна гарнитура,но се мислам за материјалот кој е полесен за одржување, мене ми се допадна нијанси од штоф! Како е за одржување,мислења?