Ние цел спрат си опремивме од Мебел Ви, ама не сум задоволна воопшто. Прво нема монтажа, т.е. треба да си доплатеш за монтажа, второ многу работи ни беа оштетени, аголната гарнитура малку ни беше изгребана, а ни дадоа гратис табуретка од нив, целата беше оштетена, еко кожа е мтеријалот мислам на неа и од сите страни беше излупена. За тоа во ходникот што ни е сандаче за кондури со огледало една цела даска беше скршена. Имаат убави работи и не значи дека кај сите така ќе биде, ете кај нас вака се погоди.
@Annath те читав во др. тема па чекав да пишеш И јас сум за менување гарнитура, после 2 години ми стана монотона, ама мм нејќе. Сепак јас решив старата да ја огласам Баш викендот зборевме со друштва кои беа на саем за мебел. Купиле убава гарнитура од Фејдом и многу практична ми се виде, има како куфер отпозади се отвора за алишта. Се пушта, ама ја земале 36.000 не е мн. голема , аголна. Претходно имаа од Мебел Ви и рекоа нема споредба. Други земале од Софа Студио, повеќе на лик отколку практична ама моделот и бојата вриштеше од што е убава (тиркиз). Нашата дома е од Алекс Дизајн, од Савело Струмица. Немам збор, за 500 евра супер е. Се спушта, голема колку спална , комотна, не крцка, и плус има дел за алишта кој се крева. Савело ти се квалитетни. Јумис , се наоѓаат кај Џевахир, имаат страшно добри и квалитетни. Штофена, голема аголна ја земавме за 45.ооо за кај свекор ми и свекрва ми. Квалитет предобар. И колешка моја купи, презадоволна. Мислам дека кочанска е фирмата. Прима би ти рекла не за гарнитури. Мајка ми има, перниците од одма се спуштаат, пропадна, крцка. Прима би земала за во детска соба.
За Прима мебел не сум слушнала убави работи, а бендисавме убава гарнитура...и бајаги скапа. А Мебел Ви така така, оваа сега што ја имаме е 8 години, се покажа гарнитурава, ама како да попушта (башка што ми здосади). Нивните модели се исто ок, цените зависи. Ќе ги проверам овие две што ги спомна, па ќе видиме. Мора да шетнеме, друго е онлајн, друго е на лице место, макар што и на лице место нема гаранција дека ќе ти се погоди,
Јас од Канапе купив пред месец, два. Многу е лична. Може погрешивме што не земав штоф... Од збор, со навремена испорака се на место.
За Јумис јас на саем се изненадив од цените. Ги мислев за којзнае колку скапи, па затоа и не сум влегла кај нив, меѓутоа цените им се сосема пристојни. Канапе исто како модели се ок, модерни и текстилот им е добар, меѓутоа мене некако изработката ми се виде климава Во моментов имам од Фејдом, текстилот им е супер, практични се и до пред година беше топ, меѓутоа одеднаш ми се слече сунѓерот, не знам зошто. Обично не се жалат од нив, јас изгледа таква среќа сум имала. Југоекспорт имаат ептен убави и квалитетни гарнитури. Не знам како се со роковите. Читам многу се жалат од нив. Симпо ми се убедливо најдобри. Ама и цените им се соленки. Јас си бендисав гарнитура од таму, ама изгледа само желба ќе ми остане 90 000 е цената за штоф, со самескиов попуст им беше 70 000 и нешто, ама и тоа ми е скапо, за жал. А љубов е
Јас имам купено аголна гарнитура материјал микрофибер од Флорида мебел Тетово прекрасна,дури дојдоа ни размерија по наша мерка каква сакаме да биде да се вклопи во просторот,ми дадоа гратис табуретка,превоз и монтажа бесплатна ни недела дена одма ја направија гарнитурата,мислев дека подолго ќе ја чекам.Алал да им се парите и навистина добар квалитет
Ние станот го опремивме со мебел од Natuzzi, Југоекспорт и Монтенегро. Одличен дизајн, најдовме се како што баравме, немавме проблеми со роковите за испорака и искрено се надевам дека квалитетот ќе ја оправда цената.
Масата откако ќе ти ја згрешат и по втори пат, се откажуваш од се друго Трпезариските маси од медијапан не им се многу издржливи. Клуб масичките им се солени за квалитетот.. Се друго така така.. Со еден збор јас би ги скокнала..
Фала Прашинке. Ќе се откажам изгледа, немаат само они клуб маси, а да соленки се. Ама па затоа мислев имат квалитет, ама изгледа не. Од клуб масичките кои ги гледавме секаде ми се чини дека сите се прениски и мали. Или само ми се чини и сега тоа е на мода.
Има клуб маси секаде, ама секаде се многу ниски и за мој вкус (или вкусот ми останал во 90тите хаха)..таква им е модата веројатно, во право си.. сепак, за таа цена верувај квалитетот им е низок..Уствари не знам каков квалитет треба да имаат за да ја оправдаат цената... Убаво вели наделинка, каква сакате за тие пари ќе ви направат..
Знаете ли фирма за мебел што изработуваат по нарачки маси и столоци барок стил и стрикно да бидата насочени кон тоа.Да им покажам слика што сакам и да ми изработат? Овие casamia едни столоци што имаа во очи ми остана на католог ги видов.Ги немало веќе ги прашав дали може да се изработат ми кажаа не... И сеа сакам да најдам некој што би можеле исти такви да ми изработат.Овие jumis luxury rabotaat li po naracka?
Дњфинитивно не би ги одбрала,никогаш повеќе,нарачав терпезариска маса,ми ја донесоа на 31 Декември,порачана претходно 40 дена,кај со ја донесоа за нова год па усте и скршена,па ајде назад и во април ми ја донесоа ....а во меѓувреме 1000000 телефонски муабети и лажење сушење ...ноќна мора
Искуство со БУрник Мебел? Имаат ефтини гарнитури сега, на попуст им се, се мислам да си земам ама прво сакам искуство да слушнам. Читав во коментари на страната Мебел Венеција многу се жалат па да не испадне дека и ваму ќе биде така