Истите ти се дам ком мебел.. Имаат квалитетни работи ние дома све опремивме само за кратко време двоседот ни се скрши И малце поскапички се
Кристина Дамил - многу избор и стварно квалитетни. Имаме спална од таму 5 години и многу сме задоволни!
Фала за feedback, имаат стварно добри цени, единствено не ми се допаѓаше високата цена за монтажа, ама можам и сам да ја склопам.
Do sega sme zemale plakari,komodi I mnogu sme zadovolni.Garnitura zemavme od Aleks Dizajn I sega za sega super e
А какви чуда би можеле да се очекуваат од мебел? Или е ок, квалитетен или не е... И јас сум заинтересирана за Велеа какви се па затоа реплицирав на коментаров..
Веќе имате искуство со Велеа мебел па ме интересора дали ги почитуваат роковите за испорака или си доцнат до заборав?
За сите оние кои сакаат ексцентричен дизајн Недела на Design Deal во КАРЕ во Сити Мол! Од денеска до 11.08, одредени кул продукти ќе бидат со -20% попуст!
Не може да е топ квалитет за тие цени. Затоа пишав да не се очекуваат чуда.. Гарнитура - ако е поефтина ќе ти пропадне за неколку години, ако е поскапа од оние премиум може за 10.. Ама ќе ти пропадне и од Алмак или Мебел ви и слични Скоро се што е од иверица е од најтенката 16мм, а не од стандардната 18мм. Ногарките на кујните се најефтините пластични од 13 денари, механизмите им е основна варијанта.. Креветите тапацирани мнозинството им се од иверица, ретко некој е појачан со дрво.. Тука не ги вклучувам бокспринг Колку пари, толку музика. Не е исто да платиш 3 метра кујна 2500 евра и 1000 евра.. Тапациран кревет 20.000 и 50.000... Ете тоа мислев кога реков да не се очекуваат чуда. Ама за парите се сосема ОК.
А споредбено со мебел Ви, кои се подобри? Гледам во Мебел Ви има поголем распон на цени, има и скапо и ефтино. Не ми е толку битно цената, колку квалитетот но сепак сакам да пројдам поевтино нели нормално е. Би ми препорачала ли некој салон за мебел? Опремувам стан, празен, значи се ми треба.
Поминав деновиве многу салони, планирам да поминам и уште неколку додека не најдам гарнитура каква што ми одговара. Според мене многу е битно тој што те услужува да е добро информиран, да знае да ти помогне да најдеш што ти треба. Некогаш одредени опции се причина зошто купуваш од нив а не од друго место. Ако не ти ги каже некој, нема да се решиш од нив да купиш. Влегов во ист салон двапати и вториот пат добив нови информации кои ми беа битни и заради кои би купила од таму, а кои не ми ги кажа првата продавачка. Алекс дизајн имаат избор но мислам дека квалитетот им е послаб, избор на материјали имаат помал и од пониска класа. Зона мебел имаат можеби најинтересни материјали во голем избор и со различни заштити и стварно убав уникатен избор на штоф што не го видов на други места. дизајнот им е исто убав и тој е италијански, ама кај нас се изведуваат и прават и ако загледаш детали ќе забележиш дека изведбата не е на ниво на материјалот и дизајнот. Прима мебел личат за нијанса подобро изведени ама се поскапи со тие што се на исто ниво, ама овие демек се од Војводина. Дизајнот, комбинацијата на материјали и димензии не им се менува од понуденото воопшто или се менува само ако си доплатиш. Тоа ги прави уште поскапи од конкуренцијата ама и самиот принцип ме одбива
Кристина дамил имаат многу избор и материјали, прават корекции во димензии и прилагодуваат дали сакаш складиштен простор, механизам за продолжување и сл..и се со подостапни цени дури и со вклучени измени и поскапи материјали. Вардар мебел се доста ефтини но со квалитетот личат послаби. Фејдом имаат ограничен број на модели а широка палета на материјали во различни бои. Цената според мене е коректна ама малку поскапа од другите со производи кои се слични по квалитет. Велеа хоум имаат многу голем избор на модели и се многу ефтини. Но голем проблем е што заради големиот број производи не можат сите да се видат во салонот и може да се видат само од каталог на нивниот веб-сајт. Онлајн нарачка за намештај ми е преголем ризик иако враќаат пари ако не си задоволен. Персоналот се труди да ти даде информации колку можат повеќе, ама за да добиеш впечаток за производот земаш пример од другите производи кои се изложени. Така седнав на една софа за да оценам удобност зошто имале ист состав со таа онлајн, на друга за да ја видам текстурата на материјалот, но немаа мустри за да ја видам бојата и ми покажаа некоја друга мостра на материјал кој е најприближен. Налет. Решив дека ако не можам да седнам на софата, не би ја купила без разлика колку е ефтина.
Здраво, може ли ( ако сте правеле скоро ) да споделите како се движат цените за кујни и плакари од иверка по мерка? Ќе почнам да контактирам салони за мебел и фирми што изработуваат мебел но немам ориентација како се движат цените за да споредам. Фала