Колку се чека за испорака? Плаќаш унапред? Го виде у живо? Ми фати око и мене не е скап само да е висок
Имаше и на лагер ама нас не ни се брза за покасно ни требаше,да го има изложено во салонот, не е баш висок во споредба со другите модели ама оди види си друго е на слика друго е во живо
Акција24 има пофалба од мене за непрофесионализам, нарачка од 28 Ноември (платена на фактура) ја чекавме месец дена, не ја добивме, ги исконтактиравме и ми рекоја дека пратката била предадена на некое си карго не знам име не е битно, и доставувачот не барал и ни ѕвонел на телефон 10 пати но ние не сме кренале и пратката била сметана како одбиена... никој ни заѕвонал ниту се појавил пред куќа а сме достапни на телефон 24/7 и секогаш има некој дома, тоа помина ајде и ни кажа една од вработените дека кога ќе им биде вратена пратката дека пак ќе ни ја препратат, поминаа неколку недели, пратка јок, ние пак ги контактиравме (денес) да прашаме до каде е пратката, жената ни кажува дека пратката пак била препратена, но никој не кренал на телефон и пак се сметала како одбиена..? Не знам кој го лажат и од каде му дошла идеа да лажат ама ајде. Вработената ни се извини и ни кажа дека ќе ни ги врати парите и ќе треба 2-3 дена за да се рефундира, па да видиме дали стварно ќе ни ги вратат парите иначе пратката е полица за цвеќе висока 1м, тоа не е воошто голема пратка за олку многу малтретирање и лажење..
Ме интересира дали некој има земено кујна од Мебел Ви?Ограничена сум ради димензиите 240 см,единствено таму и онлајн што најдов.Гледам немат монтажа,а и наидов на лоши критики плус.До сега скоро се има имаме купувано од Форма Нова(плакар,комода,спална соба,гарнитура) и се било топ,но ги немат димензиите што ги барам.Лани за моите земав аголна гарнитура од Вардар Мебел и НИКОГАШ повеке,наместо со жичано јадро добивме со сунгер и не беше во Србија произведено,туку во Мк.Се не излажаа,пропадна сунгерот по 6 месеци,никаков квалитет. Дали има некој земено кујна од салон Вицко 96 и плакар за ходник или плакар од Ројал онлине?Гледам ок се цените само незнам дали се квалитетни.