Столичара Јастреб Сушица Јас нарачував шанкерски столици од друг салон за мебел и излезе дека они од овде го нарачале и провизија ми наплатија. Супер квалитетни се инаку.
Здраво девојки, Дали некој има порачано производ од Санлес Мебел? Разгледувам детски креветчиња, но прв пат ја најдов страната и моментално се потпирам само на нивните слики за изгледот. Ме интересира дали е океј квалитетот на изработка.
За во стан, дали би избрале гарнитура на високи ногарки заради полесно чистење под нив или гарнитура со простор за складирање? На интернет гледам слики од троседи со високи ногарки и плус склад, ама не знам дали кај нас може да се најде такво нешто, особено за аголна гарнитура..
Не видов дека не сум ти пишала од каде Ајде дома ја земавме, таму и димензии и агол и сандук за складирање, ногарки се може да си одбереш. Брзо го прават и доставуваат. Ние го имаме скоро година, поима немам како се викаше моделот ама ако одиш таму имаш избор. Е сега јас малце се сомневав во квалитетот искрено ама еце година дена го имаме и ок е. Ние го користиме и за секојдневно спиење
Задоволни од квалитетот и изгледот за тие пари. Пред нецела година се преселивме и ни требаше тросед и двосед, па случајно влеговме во Ајде дома во Ново Лисиче до ПСС, имаа некој попуст. Земавме тросед 2.30м и двосед 2м за 42 илјади денари. Живо џабе а супер квалитет И нив би ги препорачала, прават по мерка со штоф и ногарки по ваш избор
Здраво, дали има некој купено трпезариска маса од Алекс Дизајн или Махагони Куманово да сподели искуство?