Дали некој има нарачувано од КистМебел доста поволни цени а квалитетот каков е? И да ми предложите од кај е најповолно да се купи мебел за нов простор.
Доста ги фалат Ајде дома, за гаенитури по мерка. Јас немам искуство со нив засега. Ние се одлучивме за гарнитура од Југоекспорт и засега сум задоволна па ќе видиме како ќе се покаже на долг рок.
Ние имаме од Ајде дома веќе една година. По мерка ја прават и се што сакаш како сакаш. Ја користиме и за секојдневно спиење навечер. До сега е ОК
Луѓе од кај да купам мебел ? Од кај сте задоволни ? Ми треба аголна гарнитура , кревет за спална , плакар , маса и столчиња ? Ова што гледам на интернет страните на салониве се е огин скапо , а рецензиите на интернет за сите салони се катастрофални ! Просто се чудам до толку се е ,неквалитет а цени плафон? И на некој места не е вклучена монтажа , на некој е вклучена и сл превари и доплати за истата..???
Аголни квалитет ок во Алмак и Мебел 21 Лежај Алмак имат квалитетни лежаи со ок цени Маса и столици Махагони Куманово Плакар или по мерка или готови од салоните Јас последно земав плакар наткасни и комода Кашмир од Мебел Ви Монтажи и достави веќе нема никаде Т .е достава до прва врата
Кревет за спална најдобри во Шипад, кревети и душеци, имаат и добри гарнитури и маси и столици, а прават и мебел по мерка. Плакари и кујни
Flying Tiger naskoro vo Skopje https://balfin.al/balfin-group-brings-flying-tiger-copenhagen-to-the-western-balkans/
Поздрав Мака ме снајде па да си прашам Вреди ли за парите https://almak.mk/product/bokspring-lord/ или https://almak.mk/product/bokspring-luka/ или да барам нешто друго (и искуства ако има некој со Алмак добри ли се или не). Благодарам
Ние втора година ја имаме бокспринг досс презадоволни и плус собира работи во фиоките од страна и има место за складирање под лежајот, исто и гарнитура имаме од кај нив не е мрдната а се седи на нејзе доста.
Фала ти на брзиот одговор И уште едно прашање ако може,како сте задоволни со душекот?Не се вдлабнува или чуда? Благодарам
https://almak.mk/product/bokspring-smart/ Овој го нарачав се надевам не се зезнав(повеќе ми се свиѓа само што е со фиоки и што може човек под него да забрише).Фала ти на одговорот
Здраво дечки, дали може да ми препорачате некои салони за мебел со коишто веќе имате искуство, сакаме гарнитура за во дневна да видиме од таму, ги гледав елитте софа и малку ни се надвор од буџетот иако имаат баш тоа што бараме ама по 78 илјади-80.000 илјади им се гарнитурите