Правам нарачка на Велеа и додадов уште некој работи за бесплатна достава ( во спротивно е 650ден) и кога одам за оставање податоци повторно ми пресметува испорака. Што да направам некој има искуство?
Каде може да се порачаат ниски детски кревети? И тапети анимал принт? Нуди некој нешто вака или слично..?
Дали имате искуство и препорака од некој салон за мебел/продавница каде се продаваат трпезариски маси со помали димензии? Пример кружни со фи80, фи90 или правоаголна со должина до 100цм бидејќи се работи за ограничен мал простор во кујна, со максимум 4 столчиња за седење.
Дали може некој да ми даде контакт од мајстор или студио за изработка на плочест мебел со кои сте имале позитивно искуство за опремање на стан по мерка изработено? Особено ме интересира за кујна, плакари, ТВ комода, гардеробер и слично, бидејќи тие најчесто треба да се прават по мерка. Ве молам ако имате проверен мајстор или студио, споделете ми го контактот. Ви благодарам однапред!
Imate vo Sipad se naracuva po dimenzija https://www.facebook.com/sipadmebel https://www.instagram.com/sipad_mebel/
Некој искуство со складиште? Онлајн портал за мебел ама никакви податови и имфорѓации не гледам на сајтот
Читав многу коментари и сите ги фалат дека се модуларни и презгодни за седење, и плус дека се вадат навлаките за полесно да переш. Затоа прашав од искуство
Бев до таму да ги видам, мене ми се премногу тврди, тоа што се модуларни им ја качува најврќе цената, јас се предомислив кога отидов, а бев решена од таму да земам, на крај Вардар мебел излезе, и тоа мн поефтина, ама на изглед и за седење одлична.
Сите што ги имаат како експонати ги пробав По слики ми се допаѓаше колекцијата Бон бон највеќе, ама ти викам прецените се гарнитуриве, и за мој вкус многу тврди за седење. Прескапи излегуваат, и до 90.000 ден. некои.
Баш ќе одиме да ѕирнеме, фала ти ептен! Мислам ние си имаме одвоено некој толкав буџет за гарнитура, затоа што сакаме да трае а и ни се свиѓаат што се модуларни, ама пак треба да се седне и види. Колешки ми кажуваа дека им се доста меки.