Дали некој има искуство со овој салон за мебел ? Ми се допаѓа една гарнитура ама прв пат го гледам салонов
Дали некој има искуство со овој салон за мебел Dimi mebel trejd од Струмица? На порака ми вратија дека за изработка и достава се чека мах.10 ден, дали го почитуваат тоа?
Овие не се оние преварантиве шо веа со друго име Мебло нешто така беше Де прочачкај и низ фб и низ форумов имаше за нив под друго име беа
Многу лоши рецензии имаат, внимавај. Го менуваат името на неколку месеци и испраќаат некомплетни работи. Јас не би порачала. За овие пари можеш да најдеш гарнитура од веќе докажани салони за мебел (Велеа Хоум на пример).
Тие што имате нарачувано од Југоекспорт, како ви се покажале во врска со доставата? Се слушнав завчера со една нивна вработена, и ми вели “колегите бараат камион“, не разбирам што точно тоа им значи, знам дека ги увезуваат од Полска и океј тоа сфаќам, но како тоа бараат камион? Ми вели чим најдат камион, ќе се изврши доставата во рок од 2-3 дена се тука... Пингам @Mishela има искуство.
ПРИМА МЕБЕЛ , никогаш повеќе. Волку нервози одамна сум немала. Доцнат со месеци, носат оштетен мебел. Катастрофа. Ако сакате да си ги зачувате нервите, здравјето и парите подалеку од нив. Искрен совет.
Леле јас дури сега ја отворам темава, го немав видено тагот, извини многу. Се надевам завршивте океј со нарачката? Еве чисто да напишам искуство, па нека и' се најде и на некоја друга девојка. Немавме ние никаков застој, немав таква ситуација. Само ме нервираше тоа што еден ден им е доставата и доаѓа еден тим за да го растовари и да го качи мебелот до дома, а следниот ден (така ни беа закажани) доаѓа друг тим за монтажа. Малку им е тепачка за термини, или можеби ние сме фатиле таков frenzy период, не знам. Ете тоа ми беше малку мачно, бидејќи кутиите требаше да ми стојат така по дома и да се шуткаме со нив. Можеби има опција да бидат во ист ден доставата и монтажата, ама за нас не се погоди така.
Знам дека за гарнитура не се нешто најдобри, бар сум ги читала.. ама искуство со плакар од Мебел Ви? Од сите што ги разгледав до сега, само таму ми одговора распоред внатрешен и димензија.. баш тоа што барам имаат. Или пак некој што изработува да предложите, ама да не чекам со месеци.
Имам јас плакар вака ок е за тие пари У новата куќа ми е па незнам колку е квалитетен Гарнитуриѕе мондиви им се квалитетни
Па така и си мислев, плакар ко плакар, ваљда неможе нешто ептен да киксне.. Мајка ми зема од Са-фа плакар, ист таков и во Канапе гледавме и искрено за парите, одличен е. А сите фирми имаат нешто што е супер, нешто ок, нешто што не се погодило...Тие што ги гледам се 22.000-35.000, би требало да се океј. Сакам утре да отидам и во живо да ги видам...
Монтажа се плаќа да знаеш, или ако не ти ќе треба да го монтираш. Блиски имаат од таму до сега 7год во ред е, нема мрднато
Се одлучивте за некоја ?? Јас ги меркам јумис и фејдом, и баш се мислам .. за јумис имам слушнато и лоши коментари, а фејдом колешка 2 по ред купува, сега и керка и после толку бирање пак земале фејдом