Јумис и фејдом искрено ни беа прескапи. Ние си купивме од Кристина Дамил ептен убава гарнитура и многу ни се погоди.
Ги гледам веќе подолго време,преубави се, преубаво им е се. Знаеш кај се произведуваат? Колку време ја имате гарнитурата? Цените не се баш ефтини
Ух искрено да ти кажам воопшто не се сеќавам од каде им е производството, соработуваат со повеќе брендови ама не се сеќавам воопшто дека ние во септември уште нарачавме. Гарнитурата ја имаме веќе скоро 3 месеци, презадоволни сме од истата. Исто така и трпезариската маса и столчињата се преквалитетни и преубави, нема да згрешиш ако земете од таму. Многу беа коректни во поглед на испорака, цена итн. Ние гарнитурата ја земавме 58 илјади, ни дадоа попуст од околу 10 илјади скоро, така што најдобро може и таму да отидете да ѕирнете.
Dali nekoj ja imaa ovaa garnitura pa da kaze iskustvo? Od mebel vi e. https://mebel-vi.com/ag-rio-m-leva-svetlo-siva-0.html
Некој искуство со гарнитура од јумис ? Се мислам за milano , најмногу ми се свиѓа, и бора бора … ги немам видено и живо, па ако ги има некој да сподели искуства какви се дали се удобни и дали вредат за парите
Zdravo. Dali znaete nekoj salon sto raboti sto naracki po merka za spalna soba, so dizajn kako sto sakam jas? Itno mi e
Не можам да кажам за гарнитура, ама спална земавме сосе душек од таму и еве веќе недела дена спиеме на него топ е. Француски лежај е уствари, се крева нагоре душекот и има простор за складирање. Изгледа солидно и цврсто, ќе видиме со тек на време како ќе се покаже.
Земал некој трпезарија од Форма Нова? Или препорачајте ми кружни трпезариски маси што се продолжуваат од кај да земам. Со асални цени, нормално
Да провериш во Кристина Дамил, ко да гледав кога ние ја купувавме нашата. И океј се со цени не се вонземски.
Јас сега скоро земав од Форма Нова, 12800 денари на попуст, кружна е и се продолжува. Еве слика од масата
Предлог салони за мебел од кои што сте задоволни? Конкретно ми требаат две комоди, две наткасни и кревет. Не знам дали да барам столар за да ми ги направи или да си купам готови зошто не се многу работи, а и со време сум кнап.. ако може и ваше искуство. За кревет не сум сигурна дали да купам цел со душек, посебно тоа и тоа или пак столар да ми направи па душек да докупам. Исто за тоа ако имате мислење и некој салон за кревет што би препорачале? Планирам да поминам и до саемов ама немам баш искуство со салоните. Фала.
За наткасни и комоди може и столар да ви ги направи. Е сега дали е поефитно него да се купат готови од салон, зависи. Можеби столарот ќе треба да купи цели табли иверица, а нема да ги искористи целите зошто се мали елементите, а ќе ви ги наплати и ќе дојдат поскапи од тие во салон. Ако ги користи цели (или има остатоци од претходно ако е некоја фирма за столарија) тогаш може и да е поефтино од тие во салон. Цената ќе зависи и од тоа што сакате. На пр. елементи со фиоки истотака имаат повеќе делови и може да се поскапи од елементи со вратички и полици. Иверките се прво со различна цена, механизмите за отварање можат да бидат од пазарски до поскапи брендови од обични до меко затварање. Кривини се поскапи од прави линии и сл. Рачките исто се различни во цена, зависно од тоа каде ќе ги купи. Направете скица со точни димензии и побарајте понуда од некој столар па ќе знаете на што сте. Кревети прават и столари, ама мислам дека тоа е најдобро да се купи од некој салон. И заради квалитетот и заради цената. Кревет изработен по нарачка со штоф и сл. може да чини и поскапо од салон. Душекот може потоа да си го купите по избор.
Да, за креветот гледам има доста избор и мислам е поедноставно да си купиме готов, а за другото баш ќе се распрашам за понуда да ми дадат па да споредам. Фала ти премногу!
Од мое искуство, земавме од Кристина Дамил трпезариска маса, столчиња и гарнитура. Од југоекспорт клуб масичка за во дневна и задоволни сме и од Југоекспорт и Кристина Дамил. Ние од Кристина Дамил гарнитурата ја чекавме скоро два ипол месеца, трпезариската исто. Видовме имаше и наткасни и комоди сѐ па разгледај, исто знам многу што земале од Велеа Хоум и се доста задоволни.