Првиот е . Со кафе и мајонез. Кафето и не е така страшно. Ама мајонезот се исчисти лесно и брзо се суши. Само крпа и вода. Не многу мокра. Тек ќе го мацкаме, па ќе кажам накнадно како ќе се покаже.
Здраво, Побарав во дискусијава ама не најдов никаде, дали има некој искуство со салоните за мебел во Арачиново? Конкретно за гарнитури ме интересира, сооднос цена наспрема квалитет? Имам прошетано по салоните таму и цените за аголна гарнитура се движат од 600-800 евра но сепак не сум сигурен за квалитетот. Фала
Здраво! Дали можеби некој знае во кој салон за мебел би можела да најдам вакви или слични столици како на линков? Благодарам однапред.
Да прашам и тука, што е подобро, плакар со лизгачи или обични врати? И од каде ми препорачувате? И јумис луксор мислам беа, како се со квалитет и цена????
Ако бараш француски лежај со каса одоздола (како на втората слика, на првата мислам дека е со обичен душек), ѕирни во Шипад. Впрочем француски лежаи имам гледано по сите салони за мебел, Бк мебел, Дома мебел...
Да споделам едно искуство со фирмата "Home concept" од Гостивар.Отидовме во во салонот средина-крај на Јули.Фино бевме пречакани си одбрав по каталог спална,си оставивме капар,и дека спалната беше по каталог од Турција најкасно 15-20 Август рече со сигурност е кај вас. Госпоѓата се однесуваше супер што ни влеа доверба до максимум. Плус огромна фирма ...На 20ти се јавив рекоа 25ти. На 25 Август се јавија зглавјето на спалната(она позади шо е потпирачот) бил заборавен во Турција вети за 10 до 12 дена макскмум ќе се донесе....Си поминаа уште 20 дена ништо од спалната и пишувам на вибер почна да ме врти да овде е стасена е ќе се донесе деновиве...Ја и викам нема каде да спиеме ја испразнивме собата чекајќи спална...Еее лесно било за спиење душек сме имале(Пошо без душек ја нарачавме спалната пошо имавме купено душек веќе) врз душекот да сме спиеле ќе сме се снашле...Па ми вели како биле порано луѓето на земја спиеле...од тогаш уште 10 дена повторно никаде ја нема спалната и пишувам на вибер па почна и да не ни враќа.....На крај почнавме секојден да вртиме од друг број пошо почнаа и да не креваат...Потоа се јави друг човек на телефон по долго звонење па почна филмови да ни праи не било до него имало проблеми од Турција незнам што( а претходно госпоѓава рече донесена е спалната стасена е ) али како и да е вети за среда(26.09) со сигурност е кај вас, камионот е на царина.... Помина и среда...камионот уште бил на царина понеделник т.е денес или најкасно утре ќе се донесела...И така после чекање 2ипол месеци спална и лажи со пашки ако имам среќа ќе имам спална.Ќе споделам што ќе биде до вторник...