1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сама на факултет во друга држава

Дискусија во 'Образование' започната од easyyyyy, 22 јануари 2011.

  1. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    Три другарки сме, планираме да одиме во странство на fax, ама во последно не ни оди баш. Се караме мн често, нема врска како дојде до сето тоа... Но сигурна сум дека нема да можам да живеам во такви услови... Сепак, пред се треба добро да се сложуваш, не е само 1 недела за да истрпиш :lol:
    Е сега, наспроти сето ова јас сум одлучена дека сакам да одам да учам таму, само во последно време се двоумам дали да одам заедно со нив и во истиот град или да се разделам и да си најдам нови другарки(во друг град)..
    Се двоумам заради тоа што има неколку негативности...
    Како прво со нив ќе ми биде полесно, бидејки можно е да бидеме на ист факултет(ако не примат најпрво, а ако не, можно е и да не сме), се знаеме многу добро и за многу работи би си помагале(освен тоа што цело време ќе се караме, кое е и основа за да размислувам на оваа тема)
    И втора негативност е тоа што ако се разделам од нив планирам да учам во друг град, а со тоа се плашам да не ми се намали успехот во кариерата и во другите области, бидејки нема да сум во главниот град и секако, тоа што ќе бидам сама на факултетот и ќе немам многу познати личности на кои ке можам да се потпрам и кога ќе ми е тешко... Сепак се работи за друга држава. Најлошо е што не сум комуникативна личност и не знам дали ќе можам да се снајдам сама :worried:

    Се надевам дека ќе ми помогнете бидејќи се работи за еден од најважните моменти во животот кога треба да си одлучам каква ќе ми биде иднината... Се плашам да не се каам подоцна дека сум постапила погрешно :( позз :* :* :*
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Поуспешна кариера или посрекен живот??

    Јас на твое место ќе одев во главниот град, бидејќи можностите се поголеми, а плус, вакви или онакви ќе ти се најде да имаш познат со себе.Па на крајот на краиштата, не значи дека ако во почеток сте заедно дека ќе бидете и покасно.Нема логика да пропуштиш некаква можност заради нив.
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Springy

    Springy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    522
    Поуспешна кариера или посрекен живот??

    И јас се сложувам со мислењето на фемина90. Ти одиш таму да учиш, не на одмор. Сепак велиш дека не можеш да живееш ако се карате. Зависи од што и поради што произлегуваат тие караници меѓу вас. Секако ако не сте со другарките на ист факултет, ќе стекнеш и нови познатства од твојот факултет.

    Сепак мислам, доколку се големи кавгите меѓу вас (велиш под депресија си поради истите ), разрешете си го проблемот со другарките, зошто и поради што се карате, колку големи се тие кавги ... Седнете и разговарајте ;)

    Доколку не е ништо големо, јас би одела во главниот град. Прво поради поголемите можности како што кажа фемина, а и поради факултетот. Сите ја знаеме состојбата на факултетите каква е во главниот, а каква во другите градови. ;)
    Се надевам паметно ќе постапиш :)
     
  4. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    Поуспешна кариера или посрекен живот??


    Springy имам испробано и со разговор и со се ама не оди...ова се случва во последно,заради третата другарка.Иначе ние со таа другата порано си бевме најверни другарки,ама сега оваа третата и го мати мозокот и ја сврти против мене...И почна да се однесва арогантно,како да знај појке од мене и како да е безгрешна...а најлошо од се е дека јас се и имам искрено кажано,то шо ми смета во сегашната ситуација и нема никакви позитивни резултати.Така да, се откажам од решавање на проблемот со разговор..
    свесна сум дека ако одам со нив имам појке позитивности ,освен то шо не знам дали ке издржам вака,а знам дека нема да се реши,штом досега не се решил...
    а во мегувреме тие двете си се зближваат се појке,и јас се нервирам и искрено малце ме фака љубомора...па нели до вчера ние две бевме најверни другарки??не велам да нема пријатели...само чоек не треба да заборава и да не знај да процени кој колку го цени и го сака,а воедно и да врати со иста мера...и не треба да докажва дека има другарки само колку да ти дај до знаење дека не е зависна од тебе ... знам дека изгледам како да и сум љубоморна дека се дружи со други и како да ја сакам само за себе...ама најискрено не е така...ете барем вас немам потреба да ве лажам...
    се оправдува со изговор дека двете не цени исто,ама за жал видни се реалните промени шо се дешаваат во последно време,кои со текот на времето се појке се зголемваат :!:
    Искрено мене сето то ме нервира...и знам дека нема да издржам,само се надевам дека барем малку ке не зближи далечината ,а исто така се надевам дека ке пронајдам и нови другарки...истовремено се плашам и да не не се случи сето то,дека и не сум баш многу комуникативна личност :worried:
    незнам дали ке ме сфати некој/а,али без потреба не се осекам вака :yawn:
    сепак фала на советите и на двете :* :)
     
  5. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Нема некомуникативна личност, маката ќе си го направи своето. Кога ќе немаш со кој, некомуникативноста ќе исчезне. Зошто да одиш со нив, да губиш време, нерви, место да си се фокусираш на образованието? Сега ти е времето за авантури, за нови искуства, не дозволувај нешто да те спречи во ова. треба да одиш, да се надоградуваш себеси и од интелектуална и од социјална страна ;)
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Гледам дека немаш искуство многу, па затоа јас како студент во држава во странство ќе ти дадам еден најдобронамерен совет.

    Прво, студирањето во странство нема една допирна точка со она во Македонија(Не сум студирала во Македонија, ама дневно комуницирам со други кои се во Македонија на студии и можам да излечам една паралела).

    Првин да знаеш дека треба добро да стегнеш заби, доколку сакаш да опстанеш. Ти ќе имаш многу поголеми грижи отколку грижите за другарките. Прво јазикот. Не знам колку го познаваш новиот, но ќе ти треба време за да се навикнеш. И немој да мислиш дека ти кога ќе цапнеш во друга држава ќе имаш време да мислиш за другарки и слично. Мозокот ќе ти биде 100% во факултетот и обврските што си ги носи.

    Друго, факултетот е една од најважните работи во животот и кога се гледа за да се замине настрана, се гледа само за твоја лична и персонална корист, други фактори не треба и не смеат да постојат. Ти одлучуваш да се осамостоиш, да оставиш фамилија дома, а се грижиш за тоа дали да одиш каде што најмногу сакаш заради некоја трета личност. Е веќе кога правиш толкава жртва, извини ама не треба на ум да ставаш дали тоа ќе им се допадне на твоите другарки или не. Ќе си одиш тебе најмногу каде што ти чини.

    Трета работа, комуникативноста. Се е зависно од луѓето како ќе се погодат околу тебе. Може да се погодиш со луѓе кои тебе ти одговараат, можеби не. Тоа и Тунгузија да си и Македонија, и Америка, зависи од луѓето. За другарки, секако ќе си најдеш, самите интереси за копирање материјали, скрипти, вежби ќе си го направат своето, а ти нема ни да бидеш свесна за тоа.

    Кога одлучуваш ставај се ТИ во преден план, ТИ и никој друг. ТИ си таа што ќе треба да се снајдиш, ТИ си таа што ќе треба да учиш, ТИ си таа, а не твоите другарки.
     
    На FotoLina3, Extraordinary.girl, rossonerka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    RainBow значи ти ме советваш да се тргнам настрана од нив,и да си пронајдам нови пријателчиња,односно да си почнам нов живот без нервози :) и мене појке ми се допага та опција само незнам дали ке можам да опстанам на почетокот дури да се стекнат тие другарчињата :D и заради то се двоумам,имам уште многу малку време за размислување...се надевам ке ја одберам вистинската опција :wasntme: 8)
     
  8. rjgdm

    rjgdm Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    40
    Easy, човек прво се сака себе си па се останато. Aко не се сака себе не може ни друг дa сака. Приоритет си сама на себе и верувај да се другарките на твое место сигурно не би жртвувале едукација за тебе, што не треба ни ти да гo направиш .
    Дури и да живеете заедно природно ќе си дојде со тек на време да се запознаат нови луѓе и да се оддалечиш, ако не дефинитивно, барем на некој период од нив. Мој личе пример, имам другарка 16 години од коишто 6 години бев надвор од мк не се видовме, се слушавме на 6 месеци (друго време беше), па се уште сме БФФ. Денес имаш интернет, многу е полесно да комуницираш.

    Што сакам да ти кажам е следното .. Не е човек себичен ако мисли на себе, ако првенствено себе си удоволува, а вистински пријател нема да се лути на тоа.


    П.С. Со среќа.
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Мој совет за почеток иди со нив сепак нова држава, нови луѓе барем ќе си имаш познати а таму ќе си запознаеш многу пријатели така да и не ќе мораш многу да се замараш со нив
     
  10. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Јас мислам дека треба да одис со нив таму , па после терај си работа гледај да си најдес и другарцинја и сконцентрирај се само и единствено на факсот, а не на нив.
    И јас сум во друга дрзава и уЧам и работам овде ,и ке ти го казам следново . Сите се газолизаЧи. Затоа биди и ти малку таква , биди лукава.Немој да им ги показувас Чувствата твои. Биди добра со нив но врти го тоа во твоја корис така да тие не мозат ни да осетат. И биди сигурна дека ке успеес. А БФФ на денесно време и не постојат драга моја. Ке се уверис со тек на време . Не сакам да бидам сурова :!: , но тоа е моето искуство. Ти стискам палци ;)
     
  11. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    Easy мое мислење е дека, одиш таму да учиш, а не да се караш со другарките. Што се замараш воопшто со нив, дали се зближиле или не, дали едната се дружи повеќе со другата отколку со тебе? Ти донесуваш голема одлука да одиш во странство да студираш, оставаш фамилија тука, а ти е гајле за нив?
    Другарки и пријатели и да несакаш, и колку и да не си комуникативна ке најдеш и ке запознаеш, тоа сигурно. За тоа не треба воопшто да се плашиш.
    Фокусирај се на тоа за кое што си отидена таму. Најдобри другарки на денешно време нема, сфати го тоа дека е така. Нема зошто за другарките да менуваш насока во животот, не вреди. Да не мислиш дека ке ти рече некој фала???
    Едноставно оди си сама, дај Боже да те примат, а за другарки сигурно ке најдеш уште вториот ден.
    Размисли дека може ке запознаеш 100 пати подобри другарки од тие што ги имаш и ке си викаш што сум била будала, немаше да дојдам тука да студирам заради нив, а види сега ми е супер.
     
    На easyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Easy, можеби веке си се одлучила бидејки подоцна пишувам, но јас ке си го кажам моето мислење за твојот случај.
    Немам искуство со факултет, бидејки сеуште ми е рано, но имам други искуства..подолг период во странство бев, со,без другарки, разни случувања и сл. и затоа ке ти кажам на кратко некои работи

    Најосновно, гледај се СЕБЕ, и само СЕБЕ. Верувај ми.
    Значи гледај кој факултет сакаш ТИ да го изучуваш, во кој град да го изучуваш, верувај, не значи дека мора да е во главниот град на државата, без разлика за која држава се зборува..тоа не е правило.
    Што би сакала понатаму да работиш? Дали таа работа вреди да се работи во државата каде што сакаш да студираш? Дали сакаш да се вработиш во истата држава/град или во друга?
    Значи пробај да ги одговориш овие прашања, и тие и се најбитните, друго нема што да те интересира.

    Не сакам да звучам сурово, но батали ги другарките. И најверни на свет да ти се, не се замарај многу со нив, бидејки се работи за факултет, не е мала работа..се работи за твојата иднина и тоа што ТИ сакаш да го правиш понатаму, нема тука компромис.. А и плус велиш и дека односот со нив не ти е нај нај...и пак се двоумиш?
    Ако сакаш да одиш со нив, можеш вака да постапиш, дечки, јас одлучив да одам на тој факултет во таа земја...ако планирате сите на истиот факултет да одите, па и во истата земја, одете..ако планираат на друг факултет, погледајте заедно дали во таа земја можат другарките да студираат, па да си бидете цимерки таму, а на различни факултети..ем друштво ке си бидете, и нема сами да бидете..
    Но ако они неможат, или несакаат и сл. нема што нив да ги гледаш, тогаш ништо, ке си најдеш цимерки таму.. За другарки срцка не се секирај, уште првиот ден ке најдеш :) јас бев во школо во странство подолг период, и ми беше многу страв како ке биде, дали ке се спријателам...исто на јадење кога идевме, повекето се знаеа мегу себе па си седат заедно на маса, јас таму изгубен германец незнаев никој.. и испадна супер, си седнав со едно дете од америка, си муабетевме, потоа се здружив со останатите, и се беше убаво :) ај да не забегувам оф.
    значи за другарки/другари сигурно ке си најдеш..ем пошто на исти факултет студирате, ем за учење, дружење, излегување, муабет... ке има сигурно..

    Да не должам, инаку ке се заборавам, да сумирам.
    Не ги гледај другаркиве воопшто, и не прави никакви жртви за нив. ако испадне да идете ко што реков погоре заедно, одите, не велам да ги отфрлаш или да не идеш со нив по секоја цена..туку гледај се себе, и твоите желби, а ако испадне со нив да идеш, ок... но никако не прави жртви, никако!!
    Ке се каеш верувај.. Од искуство зборувам.
    Ако имаш финансии, и сакаш да учиш таму каде што ке одбереш, тогаш ке успееш. Само учење и бркање работа и се ке оди супер.
    И јас сум во слична вода, најверојатно ке идам во странство на факултет ;)
    Ти посакувам многу срека!!
     
    На FotoLina3 и easyyyyy им се допаѓа ова.
  13. easyyyyy

    easyyyyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    175
    ^^
    name касно палам со читањето ,сори :)

    иначе да ти одговорам на прашањата..тогаш бев многу разочарана,не знаев ни самата што зборувам :D
    кога имам излив на емоции губам контрола во некои работи,и самата разочараност те пага во депресија и слични глупости...Ама....јас повторно си застанав на свои нозе ;) Си расчистив некои работи со самата себе....Сфатив дека е најдобро решение јас да си сум на прво место и така и се решив...Од тогаш се сменија многу работи,се сменив јас на подобро...Повеќе немаат некакво значење тие за мене,ниту ме интересира каде ке учат или пак дали ке бидам сама на факултет...Јас се решив и ќе одам таму,сега останува уште да ме примат :D Друго ништо не ми е важно повеќе,верувај :)
    И фала ти многу што се потруди да помогниш,да знаеш го ценам тоа :* :hug:
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Name

    Name Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    1.433
    Допаѓања:
    880
    Пол:
    Женски
    Срцка бе :)

    Ептен ме израдува со постов, убави работи прочитав.
    Драго ми е што си застанала на свои нозе и што си го направила правиот потег, иако касно ме прочита, сепак испаднало така како што јас реков. Гледај се себе, нормално, дружи си се пак ти, но никогаш не ги сфакај другарките сериозно како јас што згрешив.. џабе е, не вреди едноставно.. Ја направив јас таа грешка одамна, пред 3 години, ужасно болеше, мислев крај на светот е..многу лош период беше..
    но, what doesn't kill you, only makes you stronger. ;) незнам дали ме разбираш, но никогаш не се "давај" на некоја другарка целосно.. во доверба, во дружење, во ништо!
    Не е ни битно дали ке бидеш сама на факултет... бидејќи нема ни да бидеш сама :) Ти сакала нејкела ке си се спријателиш таму.. другарки да имаш таму од тука не е битно..
    Ке те примат, се ке биде во ред. :hug: :hug:
     
    На easyyyyy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.152
    ке го споделам моето лицно искуство со цел да ти ја олеснам одлуката. имам диплимирано во скопје а потоа поради сплет на околности заминав во странство каде сто запоцнав втори студии. Студиите во скопје беа прекрасни времиња со моето друство од средно, забава и друзба. мегутоа истворемено и без никаква независност засто кај нас студентот без своја вина е целосно зависен од родителите и нема никаква понуда да приработува несто. станува, јаде уци цел ден и вецер сета....и утре пак исто. второто е вецната фрустрација од неправди и искомплесирани професори...и трето, ке дипломирас и ??? ке се молис да отидес странство каде нема да ти биде призанена дипломата. Не знам тоцно во која земја ке бидес, мегутоа верувам дека секаде во еу е истиот принцип. постои баланс помегу теорија и практика,и баланс помегу студирање и студентска работа. ке се запознаес со толку многу колеги од цел свет, со нови култури, менталитети...никогас нема да бидес сама, биде сигурна во тоа. а секојдневната интернет комуникација и ефтини летови ке ти помогнат да ја надминес носталгијата....мој совет иЧ не ја мисли .оди види го светот
     
    На FotoLina3, Name и easyyyyy им се допаѓа ова.
  16. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Уф, камо да отидев на 18. Воопшто не ми се допадна студирањето во Македонија. Чуден некој народ, си гледа само да помине полесно и побрзо баш таму кај што треба да се вложи.