Здраво друштво, Што мислите за искачање сами во кафич или ресторан? Дали ви е незгодно, дали би го правеле ова, или па можеби веќе го правите? Како гледате на сето ова, се надевам на убава дискусија.
Обожавам да пијам кафе сама, тоа ми е како време за себе. Порано ми беше незгодно, не викам не ама мислам дека кога човек еднаш ќе го скрши мразот секој нареден пат му е сѐ помалку гајле што ќе мислат другите. Искрено и сѐ повеќе гледам луѓе сами на кафе или на ручек во ресторан и мило ми е што веќе не е толку табу, колку толку се нормализира ова.
Како се преселив во странство, знам и сам да си излезам на кафе, да си каснам нешто. Едноставно да си одвојам време за себе. Ова не било случај дур живеев во Мк.
Порано почесто, сега ич, ретко одам по кафичи и ресторани. Избегнувам луѓе на кои овакви банални работи им се непријатни, можам да замислам колку се искомплексирани и колку осудуваат луѓе што го прават истово, со затворен мајндсет.
Јас сум седнувала сама кога сум одела на пат, па додека чекам сум седнувала на кафе и во помалите места, не ми било гајле дали некој ме гледа и како ме гледа. Ем ќе се освежам, ем ќе си минам време, а тогаш па не се зјаеше по телефони, уште беа старо модело. Одамна не сум седнала така, ама не гледам ни нешто спорно, што има лошо во тоа, ако немам друштво во моментот, помеѓу две работни обврски надвор од канцеларија, па и ако сакам а оладам глава од нечиј муабет, дрн, дрн. Поточно, кога беше помала ќерка ми, сум седнувала на кафе во склоп на игротека дури играла, ама тоа не го сметам за таков вид. Познавам луѓе што седнуваат сами на кафе на пауза, ниту се недружељубиви, не секогаш седат сами, ама па ако немаат со кој зошто да си се лишат од задоволство. Истото го мислам и за ресторан и за пијачка. Некогаш самиот на себе си најубавото друштво.
Не сум кафански тип, ама во кафуле обавезно едно кафе/сокче пијам сама, задолжително, не секој ден, ама секој втор ден, особено кога сум во Скопје. Работам од дома, коворкинг просторите ми се малку клаустрофобични, па обавезно си правам тура сабајлечки кога е убаво времето, до пазарче, до Дајмонд, до Гтц, низ продавнички/книжари, па седнувам малце да поработам и таман едно кафе и назад дома. Ем разбивам монотонија, ем завршувам триста работи, ем луфтирам мозок. Кога сум со моите, тешко сама, претежно се собиранки по дома или во викендичка на викенд, дека море
Едно време сакав да си се докажам на себе дека можам да ја победам срамежливоста и слично, па еден вид тест ми беше седнување сам во кафич или ресторан. Го имам правено многу пати, не е нешто интересно откако ќе го скршиш ледот со првите неколку пати. Сега кога сум дома си пијам кафе дома и јадам дома или во сендвичара зашто се троши помалку време, а кога сум на пат немам проблем да седнам сам на пијачка или лапачка.
Не ми се верува дека темава ја прочитав "саем на кафули или ресторан", и викам "што е ова", читам коментарите па се вратив да го препроверам насловот. На темава. Не ми е незгодно, ама досадно ми е сам. Два пати имам одено сам ама за да сработам нешто, дома не можев да се натерам да работам.
Мене секогаш ми било глупаво да седнам сама ама еднаш подолго време го чекав маж ми и реков дур те чекам ке седнам ке испијам едно кафе... прво глупо ми беше после едно убавоо раат никој не ми се обраќа со телефончето цигарчето дотерана
Никаков проблем да седам сам во кафуле или кафеана. Сакам да набљудувам луѓе или зборувам со келнерите. Секогаш имаат што да кажат. Одам и со лаптоп. Но, не се случувало често. Обично одам со некого. Не сум забележал осудувачки погледи, ниту пак би ми пречело да има.
Јас имав познаничка која одењето сама по улица го сметаше за пораз, ѕвонеше и тероризираше луѓе, да прави муабети на тел за да не делува ,,шлакнато", не па сама у кафич да седне. Е сеа, и мајндсетот ѝ беше таков, осудувачки, она прва ги исмеваше оние во кои не сакаше да се претвори. Инаку сметам дека во Скопје и поголемите градови, седењето сам/а во кафичи и ресторани е понормализирано отколку у помаливе, овде некои одењето у кафич го доживаваат како сцена за докажување статус, не им е до кафе муабет туку до впечатокот кој ќе го остават у локалот, мислам, греота стварно, душички. И сеа замисли овие сами да треба да седнат, а три саати се средувале за еКспресо.
Ми нема поубаво од седнување сама на кафе, си наоѓам секогаш местенца за седнување, дури сум си седела и на места за храна и сум си јадела. Со мене секогаш книгата и супер ми е, а ако на луѓе тоа им е смешно или потценувачки, многу кажува за нив.