Јас сум исто во странство. Многу, многу често сама седнувам на кафе или ручек и тоа е најнормално нешто на свет. Обично завршувам обврски на лаптоп, но некогаш ако се случи да се сите на работа зафатени, а времето преубаво, си седнувам со книга и цигара и тоа е тоа. Во Скопје исто мислам дека сум сама седнувала, во мојов град никогаш не би затоа што немам ни желба.
Непријатно ми е за жал... Не можам, не дека осудувам, не дека е чудно, скроз нормално е, баш сакам да сум ко вас што не ви е проблем и што можете, но лично се'уште не можам да се натерам Не е толку дека се плашам да не ме гледаат зачудено, колку што си е до мене, не знам да уживам сама со себе на затворено јавно место. Као непријатност од сама себе, нешто такво, па бегам да побрзам да си отидам, да се оддалечам, да ме снема.
Од практична природа често седнувам сам во кафуле, додека чекам да завршам некоја работа во институција. Тој gap е таман за кафе А и приватно понекогаш, едноставно имам потреба да сум сам. Да се средат мислите... Не гледам ништо необично или срамно да се биде сам во локал. Веројатно менталитетот на овие простори понекогаш си го прави своето. Иако, се менуваат тие предрасуди полека...
Порано не можев да замислам, сега ако имам чекање меѓу обврски или да чекам некого да дојди или да заврши нешто, би седнала. Сега баш пред некое време си седнав сама додека чекав другар да заврши обврски па да ми се придружи. Но така лежерно да излегувам и седнувам сама, не би. Попрво би си испила кафе на тераса дома на пример, отколку да се облекувам и да излегувам за на кафе сама специјално некаде.
Во помалите градови толку многу лугето се ограничени, тоа чудо е. И младо и старо.Ај за постарите не ме чуди, ама младите, кога се по Скопје тие 4,5 години студентски живот демек фураат модерен живот, се вратат во селото иста песна Јас не сум тип што сака кафичи ни во друштво ни сама. Заправо во мал град нема кафич каде ќе седнеш на раат да земеш книга да прочиташ, да се изрелаксираш. Во позадина само слушаш гласно зборување, урлање, смеење мислиш дома се. Никаква култура. Затоа избегнувам кафичи. А на јадење седнувам сама. На пример дете носам на активност и наместо да седнам да почекам во некој кафич, јас се враќам дома. Ама поарно дома отколку да излезам за саат време со тапан глава од кафичот. Помалите градови само од оваа причина не ги сакам. Во Скопје, во Охрид има кафичи каде ќе седнеш на раат сам со себе ќе си кулираш, ќе зјапаш во вода . Битола исто не ми се допага, напикано едно до друго, па гужва, галама, кафичи, бутици, но, но, премногу за мене ако сакам да седнам во мир.
Јас понекогаш имам пракса да си седнам сам во кафич или ресторан. Не е нешто срамота или глупо. Во Грција имам видено неколку пати како луѓе си седат сами.
Мене не ми е непријатно да седнам сама во кафиќ , слаткарница , ресторан . Јас просто од обврски немам време . Иако сум пораснала во село , каде веднаш си осуден како лудак ако сам пиеш кафе , сепак ниту осудувам , ниту ми е непријатно . Баш напротив , сметам дека тие 15 минути на сите ни се преку потребни .