1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сами на летување

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од rossonerka, 2 август 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Немате партнер или истиот има работа, другарките ви откажаа, некој нема средства, некој нема денови за одмор и сите со различни проблеми а вие желни за плажа, палми, сонце, море, лежалка... и би отишле сами на одмор?
    Одите си уплаќате се пакувате куферот, ајподот, книгите и чао приетно си одите на уживање. Некои ја сакаат таа самотија, некои одат за забава авантура и ќе си запознаат ново друштво.
    Секоја година слушам некој дека оди сам на одмор и алал да му е, не може тоа секој.
    Вие?
    [​IMG]

    Па и немора да е летување. Ете може да е посета на некој европски град (да не е работно само, патување да е самофинансирано).
    Ама скрос сами, без никој таму да ве чека, само вие и мапата. М? :)
    [​IMG]
     
    На mileystar и glosipgirl им се допаѓа ова.
  2. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Да! Јас би одела вака сама на некоја егзотична локација,по масажи,на плажа да си се излежавам,да си уживам по цел ден сама со себе! :mm: :d: :nod:
    Понекогаш ми доаѓа одма да отидам,да избегам од се,да ја одморам главава.
    На пример сега,да сум сама далеку од сите. :smirk:
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Неее, јас не сум за тоа :D Па уште да отидам сама со мапата во рака :^) е дури тогаш побетер и од Мистер Бин ке сум.
     
    На Bitter-Sweet и tessie им се допаѓа ова.
  4. woow

    woow Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2011
    Пораки:
    187
    Допаѓања:
    88
    Дефинитивно би отишла, па сигурно таму нема сама да останеш, ќе си најдеш друштво. А и мирна глава ќе си имаш, не се замараш и не се караш со никого.
     
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    оооо ДА. Најголемо ДА! Кога би знаела дека светот е мирно и пристојно место, без проституција и бело робје и кога би имала повеќе пари, за подалечна дестинација. Но и без тоа би одела.
    Никој нема да умре ако сам пие кафе, ако седе сам на шанкот или на мала масичка во некое кафуле, или ако сам оди на шопинг. А ако му недостига муабет, секогаш може да најде некој. Од келнер до некој друг што патува сам.
    Ќе бидам нон-стоп дотерана, ќе одам по козметички салони, ќе пробувам нови коктели, ќе читам многу книги, ќе го дочекувам денот седната на плажата, ќе пишувам во некое кафуле, ќе бидам љубезна со сите, ќе си правам интересни фризури, ќе го трансформирам изгледот, ќе се распрашувам за културата на местото, итн.
    Тато две години одел сам на летување во Врнечка Бања, затоа што баба не сакала да го прати во војска, и за да ја избегне обврската... :D И ми кажа, да може, пак би го повторил тоа искуство.
     
    На adolfhitler, ku4ence, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    987
    Дааа дефинитивно. Само не би тргнала сама до местото, туку би го препуштила тоа на некоја агенција. Се оранизирано, јас само да се релаксирам максимално. Е баш како на првава слика. Си уживаш, кулираш, никој не те чепка, не те замара. Стануваш кога сакаш, легнуваш кога сакаш, одиш каде сакаш. Баш ми треба еден таков одмор!
     
  7. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.799
    Допаѓања:
    38.199
    Пол:
    Женски
    Цело време кога некој ме прашува за патување јас велам дека кога-тогаш ќе го прошетам светот, мислам на добриот дел од него и тоа сама.
    Не секам да се карам за одење ваму таму или да се расправаме за тоа шо тој сакал ова да први, оној друго, јас трето и така.Но тоа е различно тоа не би го сметала за летување или одмор туку пат, на кој ќе ги посетам, вкусам, истражувам другите култури, стрнските кујни и тамошниот народ.
    За летување не би отишла сама сакам друштво дали од партнер или другарки така би било позабавно.
     
  8. Marcey

    Marcey Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    944
    Дефинитивно Да. Ако имам во иднина доволно пари да си уплатам на некои убаво егзотично место, без мислење би отишла. :) Нема ништо да ми недостасува. Сите пари за мене ќе си ги трошам, шопинг, излегувања, лудувања. :angel: Ќе се дотерам убаво, ќе излезам. Ќе се прошетам, на плажа ќе си уживам. :D А за друшто таму, ќе се спријателам таму со некого... Абе се се може ако се сака. Добро би ми дошло еден таков одмор. 8)
     
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Хахахаахха ако одам сама некаде знам само дека многу добро ќе се одморам и би сакала да одам :)
     
  10. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Сама, најверојатно не. Многу сум изгубена во времето и просторот, незнам да се ориентирам па ако се работи за некое големо место може и да се изгубам. А од читање карти појма си немам.
    Од друга страна би сакала да одам да посетам некоја светска метропола сама, да се изнашетам без никој да ме замара, секој ден дотерана, да за запознавам нови фаци. А кога се работи за летување многу ми е досадно сама да пливам во море, а за сончање обожавам кога нема никој околу мене кого го знам, да се релаксирам со некоја книга, музика па и на шанк да седнам сама.
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    Леле уште од мала сум замислувала како ќе одам сама на некое егзотично место, со шешир на глава, книга и коктел на плажа и нема да ми биде за нииииишто гајле.Мобилниот исклучен, на никој ни каде сум ни како сум :D Навечер ќе си седнам сама во некој бар и ќе ловам жртви :lol:
    Дури сега ми падна на памет дека би било одлично и тоа да биде патување со кола, ќе си ја пуштам Puerto Rico на repeat и ќе уживам.
    Можеби некогаш 8)
    [​IMG]
     
  12. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.732
    Допаѓања:
    5.151
    Сама на одмор? Девојка? :?: Можеби да, да не постоеа болни суштества кои општеството ги нарекува манијаци.
     
    На glamour-lady и Hipica им се допаѓа ова.
  13. c00kie

    c00kie Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    манијаци...
    и со другарки да си, тука се и они
    големо категорично ДА.
    тоа ќе биде баш Одмор кој доколку ни здосади може да го надополниме со нови пријателства :rock:
     
  14. loly89

    loly89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    74
    Би одела !! секогаш кога си на одмор се запознаваат нови пријатели без разлика дали си сам или си со друштвото
    Тоа би било одмор за душата
     
    На Solunn му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Секако дека би отишла! И во други теми сум се изјаснила дека уживам кога сум сама и дека не ми претставува никаков проблем. Не би отишла на море сама :worried: . Море ми е за друштво, туку би отишла во некој од европските градови ( Лондон, Милано, Париз, Цела Шкотска би прошетала сосема сама ). Мислам дека најмногу би се снашла во овие градови.

    Но би бегала што подалеку од балканските држави! :!: Како луда сум кога ги изгубам моите кога шетаме во соседните држави ( а богами и градови во Македонија ).
    Не велам дека нема манијаци и такви ѓубриња во европските градови што ги спомнав погоре, ама пак.. друго е. Не сум компетентна да зборувам за тие градови, ама ако ме прашувате КАДЕ и ЗОШТО, вака би одлучила.
     
    На srcekrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.464
    Сама на летување :up: :up: :up:

    Ова ми е во план уште од поодамна и барем догодина здравје Боже ова ќе си го остварам :)
    Сама со мапа некаде далеку .... Хммм па не знам не баш . Тоа сепак ми е ту мач за мене.
    Ама во Македониајва или соседиве ухууу и тоа како . Мислам дека секој треба да проба . Па не може да биде лошо бе , ти палиш ти гасиш :rofl: си тераш свои кефови , одиш кај сакаш до кога сакаш . Трошиш до немајкаде , пеглаш картици ... И да направиш некоја глупост нема кој да каже нели ? ! :P ;)
    Таму ќе си запознаеш некој ако веќе сакаш :wasntme: .

    Се на се сум за ... Ако има некоја што била би било убаво да сподели искуство :rofl: и по некој совет :wasntme:
     
  17. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.556
    Никогаш! Оно група девојки сами па ќе се јават некои будали манијаци да ги замараат па камо ли девојка сама е тоа ќе е полн погодок.

    Кога си разлислуваш сама на одмор абе совршенство кога сакаш ќе одиш на плажа, ќе си читаш книга, ќе си пиеш коктел, никој нема да те вознемирува. Кога сакаш ќе спиеш, кога сакаш ќе шеташ и навистина ќе се одмориш. Ама :!: во реалноста не би било така.

    Нема ништо поубаво од одмор со избрано друштво на некоја подалечна дестинација. Не сум тој тип да одам на одмор како да запознаам нови пријатели, а во денешно време па и потешко е да се вклопиш во веќе посточеко друштво кои заедно отишле на одмор ти ќе бидеш буквално како подобранец :lol: Едино ако постои некоја тура за самци и никој со никој да не се замара цел одмор :lol: Премногу очајно!

    Сама може два - три дена на некое планинско место во некое одмаралиште изолирана од апсолутно се и тоагаш навистина ќе се одморам!
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Irreplaceable.xD

    Irreplaceable.xD Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2011
    Пораки:
    341
    Допаѓања:
    67
    Да одам со друштво на летување па ај некако, али сама па да запознавам тамо друштво не сум баш за. Можда збучи авантуристички али не ми е во план :)
     
  19. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.287
    Класично летување НЕ. Јас не ја сакам самотијата, никогаш не сум добила желба да избегам од се и потполно сама да отидам на 10 дена, па јас ќе пукнам така. Мене доволно ми е 1 час сама во соба. Да нема со кој да зборам, јас која што сум голема дрдорка? Мааа не. Никогаш нема да го одберам молчењето и самотијата, спрема бескрајните разговори, коктелите на плажа со другарките или мазењето со дечкото.
    Лани имаше потполно сама девојка на одмор во хотелот кај што бев. Уф алал и вера. Колку само и досаѓаа од дечковци до мужишта и дедовци, бљак, како мета им беше сама девојка во бикини се излежава на плажа и одма акција. На плажа, навечер и дофрлуваа, на ручек постојано некој сакаше да седи со неа, а беше просечна девојка, можам да замислам атрактивна сама девојка на одмор :tmi:

    А за во друг град е тука би отишла, иако првично би побарала друштво. Абе сакам друштво. Не ми пречи да пијам сама кафе во Париз или да јадам сама пица во Милано, ама помило ми е кога со мене е некој мој близок. А за снаоѓање јас и мапа? Тоа тата мата сум освен што мешам лево и десно :lol: имам неверојатна ориентација и секогаш јас сум водачот кога одиме некаде :)
    Имав планови порано на 1 месец сама во Лондон или во Италија да учам јазик, не испадна тоа од финансиски причини а инаку одма би отишла, али тоа е друго, учам, запознавам нови луѓе, на часови сум, друштва забави, одма би отишла и сега само дај ми мани. :D

    Секогаш предност давам на убаво женско друштво или на патување со љубовта :)
    [​IMG]
    [​IMG]

    A вака сама се кладам дека ќе се убијам од плачење
    [​IMG]
    Ќе мислам дека сум сама на светов, никој не ме сака, ќе умрам од досада, јас не знам да уживам во самотијата, таа ме депримира, а уште 10 дена така, едноставно не фала :)
     
    На tessie, seksi, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Мене дајте ми мапа и ставете ме било каде на светот и знам да се изгубам поштено. Ориентација нула. Турист и пол, со фустанче, патики, ранец и апарат, застанам на сред тротоар и ја вртам мапата, гледам околе, се чешам по глава и сама на себе си речам мислам наваму е, и некој секогаш се најде да ме праша каде сакам да стигнам за да ми каже дека тотално сум ја промашила насоката. Дел од авантурата. Тоа за шетање по градови супер ми е и кога сум сама и многу ми е интересно, ама за плажи или слични одмори сакам да си имам некој со мене.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.