Здраво сакам да прашам дали има опција да се оди сама на одмор, преку агенција, со превоз вклучен? Дали се плаќа мин како за двајца? Би сакала сама да отидам не сум била никогаш, па да прашам некој инфо ако има да сподели.
И јас сакам сама,испага поскапо,се наплака како за двајца приближно ,превоз има од агенција,им користиш сместај и затоа е поскапо.
Леле од лани ми е желба, ама да мн скапо фаќа. Еве гледам, да најдам за 130€ пример last minute, пак 260€ си е малце повеќе…
Епа затоа делат трошоци,има српска група кај што бараат за поскапи летувања,јас би до Грција негде блиску.
Прашај по агенцииве. Мислам дека се плаќа 50% за "вториот" човек. На крај на Септември имаш поефтини понуди па можеш да си дозволиш одмор со пристојна цена сама.
Здраво. Што мислите за патување на еден или повеќе денови сама? Моментално немам партнер, а другарките се зафатени со работа, дечко и сл. Па почнав да размислувам за ваква опција. Сум слушнала дека многу луѓе одат сами, но не познавам лично никој да сподели искуство.
За настрана некаде или за повеќе денови нели е поскапо за сам човек? Јас ко прашував сам да одиш испаѓаше скоро колку за двајца за платиш. Искрено во моментов размислувам да се прошетам на еден ден до Грција, ми излагаат понуда преку агенција со автубус. А понатаму можеби и до некое поблиску градче, некој манастир и сл, на еден ден мислам, А можеби и во автобусот ќе запознаам некое девојче или жена па нема да сум сама.
Ако си резервираш сам, не мора да значи дека ќе ти излезе поскапи него ли со агенција ... Ќе си избереш хотел/апартман/хостел според своите можности, ретко кои хотели имаат сингл соби ама почнаа де почесто да има.. Јас пола Европа ја прошетав сама, дури и на такви места што се сметаат за летувалишта е не големи европски градови и никогаш не ме фатило поскапо него ли со партнер .. пред се затоа што избирам евтини сместувања.. за мене луксузи во соба не ми се потребни, тоа само ако фирма ми плаќа
Долго време размислувам да одам сама на одмор неколку дена, но никако да се наканам. Друштвото не ми е баш за патување, а јас сум доста авантуристичка личност и сакам да посетам нови места. До сега сум била сама настрана, но на организирани школи, семинари и слично. Сакам да одам некаде на викенд-патување низ Европа. Совети како да се наканам? Знам дека кога ќе пробам ќе уживам, но проблемот е што немам поддршка од никој за ова.
Резервираш non-refundable смештај на booking и ќе мораш да се наканиш да појдеш за да не ти пропаднат парите. Ако се плашиш од предрасуди, не мора да кажеш дека одиш сама, речи дека патуваш со другарка. Ако прашаат која другарка, кажи "Марија од факултет/работа не ја знаеш".
како може да се најдат tour guides ако на пример сакам да одам во Кина сам наместо преку агенција. Пример,си наоѓам сам смештај и билети ама водич ми треба кој ќе ми организира излетите од внатре зошто понекогаш има финти кои странци не ги знаат. Имам израчунато. Преку Џангл Травел ако сакам еве Јапонија на пример,они нудат Токио,Осака и Кјото (2.000 евра + 400 евра(излетите). За 11 дена. Ако одам сам, можам ем да останам подолго од 11 дена ем мое темпо ем поефтино,најмалку 300 евра заштеда што сепак пак е нешто. Ако идеш Индија уште поефтино ако идеш пакет само Golden Triangle во своја режија. Значи фаќаш лет од Скопје-Истанбул и фаќаш до Делхи или Токио со чекање нормално. Како за вас е искуство? Агенција или своја режија е поефтино
На get your guide можеш да си најдеш екскурзии со водич и да си тераш..секако дека преку своја режија е поевтино и повејќе можеш сам да си го организираш времето
Оди сама слободно! Многу убаво ќе си поминеш. Нашава држава е заостаната и ќе мислат дека си будала ако патуваш сам, јас лично сам патувам веќе 2 години. Ќе се запознаеш со луѓе од секаде а може и да си останете пријатели. Фебруари 2025 запознав еден другар од Канада кога бев во Италија.Останавме во контакт и се договоривме пак да се сретнеме во Турција, и ете овој месец се сретнавме после 8 месеци. Како поклон ми имаше донесено Maple Syrup (јаворов сируп). Tака да пробај и патувај сама, нема да зажалиш.
Just go for it! Не слушај никој друг освен себе, ете и сама викаш кога ќе пробаш знаеш дека ќе уживаш. Ако имаш можност, време и слобода за тоа да го направиш ич не се мисли. Никогаш не чекај некој друг да те турне за да направиш нешто што ти сакаш, направи си план, спакувај куферите и off you go!
Сама да ама ако има пари за дупло трошоци да дава за сместување и транспорт. Ако те чини патување од 1200 евра,рачунај само за сметување ќе доплати плус 350 евра зошто е еднокреветна). САМА АКО патуваш,исклучок е ако имаш пари или ако имаш каде пријатели да преноќиш и да оставиш работи. Јас бев два месеци во Индија,Пакистан,Бразил,Исланд,последниве две земји повеќе платив смештај сам отколку Пакистан и Индија јадење и смештај заедно. Сега се спремам за Африка да фатам Египет,Тунис,Мароко и Кенија. Тука некако се пројдува но пак се плаќа поскапо. Пак ќе повторам.Ако имате пари,немаш глабоболки да изнајмиш еднокреветна или кола.Да си групно патување,мислам пак е далеку поубаво од сам. Имаш кој да те сликне,имаш да ти даде идеја,социјализација итн. Само Бразил да појдеш сам во Рио или Сао Паоло е еднакво на нема шанси зошто војна е таму.Има голем потенцијал но еден лош поглед и куршум и поздрав до Господ. Спротивно Пакистан каде има терористи и имаше скоро војна но верувајте дека повеќе се чуствував безбеден од во Бразил. Никој не гледаше да ме измами за пари или измами со тури или да ми дрпне нешто,секој сакаш чај или идеш да видиш како пече чикен биријани ти вика ела бесплатно на мене е,домаќин части зошто муслимани се и грев е за нив ако ги одбиеш. Кој како толкувате.Сметан дека имам искуство. Сум бил Јужна Америка,Азија,Европа,сега здравје и Африка зошто загреан сум за Египет и фанатик сум за историја и македонската антика,одвај чекам дами и даменца