Колку само би сакала. Да се одморам од се, тотално од се. И од мене едно категорично да. Со задоволство би заминала некаде, што подалеку
Сама на летување без патнер не. Иако сум авантуристички дух, сепак не би отишла без партнерот сакам да сум со него и да уживаме заедно во убавините. Но доколку би била без партнер е тогаш никој не прашувам би се спакувала и би заминала. Значи сепак ми зависи од ситуацијата во која се наоѓам.
Би. Да,сега кога размислив подобро. Oд причина зошто да не,да видам како ќе се снајдам,и дали воопшто ќе се снајдам,и плус,што во последно време не можам да ги поднесам луѓето,така да,би отишла и во Вардар да пливам,само да сум настрана од луѓе. Кога би имала финансии,би отишла некаде,на некое островче. Ги гледав овоа лето,оние близу Австралија,Полинезија,која има мал милион острови,многу добро место,многу оддалечено од цивизацијата,супер. Би отишла зошто да не. Сама на плажа,сама на шанк,со друштво во кревет. Fuck yeah.
Не доаѓа во предвид! Мене не ми се оди сама на десетдневен одмор со дечко ми,без друштво не пак да заминам некаде тотолано сама и да ,,уживам,,! Ќе ме убие монотонијата бре, да нема со кој збор да одзборам а јас толку многу си љубам да си дрдорам , да нема кој да ме намачка со крема по телото, да ми фали човек до мене кој ќе ме фотографира , со кој би коментирала некој згоден фраер па и некоја секси газица на плажата , да нема некој кој ќе ме фали дека сум многу упорна во сончањето ...еее тоа нема шанси! Веднаш ќе ме фати носталгија за дома! И после се да нема со кој да се потсетувам за убавите моменти на плажата Јас си сакам друштво со мене,сакам да се осеќам опуштено но не да ме убива досада, сакам да си уживам но не да нема со кој да поразговарам... Едноставно јас не сум за ,,сама на одмор,, и знам дека никогаш во животот нема да имам таков доживЉај
Уфф не не сум тој тип на човек да ужива и да се релаксира...не можам да се излежавам на плажа и да читам книга...абре јас кога сум на одмор се фрламе во вода си играме ко дечиња, се бесиме , се маваме со песок...а после 11 кога ќе не фатат будалите па и на хорори се смееме....не можам јас би полудела и 3 дена да не си кажам збор со некој , а не па повеќе...
Прва прилика да ми се пружи одма би отишла, немам проблеми со тоа да бидам сама, уживам кога сум сама. Можеби 10 дена би ми биле премногу и би станало досадно после одредено време, ама 4-5 би ми дошле совршено. Не ми е страв од манијаци, само знаете тоа повеќе би дошло како замор постојано да објаснуваш да ти се тргне од пред очи некој ненаситен чичко, или дечко сеедно. Би отишла на село, на планина кај што нема толку мн луѓе.
На летување сепак би отишла со некого, би ми било досадно сама, сигурна сум, а на некој град би сакала сама, да можам како што сакам сама да го истражувам градот, да се шетам каде сакам, ако сум со некого сигурна сум дека ќе ми оди по нерви.
ДА...Можеби не десет дена но 5-6 доволно би ми било, само јас и мапата Има да се одморам (во права смисла на зборот) Таму ќе си најдам друштво, тоа е најмал проблем, па и да не си најдам сама ќе си испаѓам, одам кај сакам, прибирам кога сакам, без никој да му попуе над глава Баш вака би сакала
Би отишла само на еден викенд сама, ништо повеќе. 3-4 дена би ми биле сосема доволни, знам дека после тоа ќе почнам да се чувствувам осамена и ќе сакам друштво. Ќе сакам да правам муабет со некого, не сум навикната да молчам долго време. Кога сум на одмор сакам да сум со добро друштво, без разлика дали одам со другарки или со дечко. Сакам да има некој со кого би ги споделувала моментите, а потоа заедно да се присетуваме на одморот со насмевка.
Сама? ЈАС?!?! Ако сакам да се збрлавам, да, би отишла. Не ти сум јас човек кој сам би одел некаде. Неколку ЧАСА сама ми се сосем доволни. Настрана тоа што има секакви по светов, уште сама некој да ме начека, па да ме продадат таму бело робје, оу НОУ! А со мапа не знам како би се снашла. Гарант однопаку ќе ја свртам
Можам да кажам дека би одела, но кога ќе размислам подобро го менувам мислењето. Потребен ми е можеби само еден ден да останам сама дома за да се одморам, но околу мене се' тивко, а јас како што сум 200 на саат, не успевам ни 5 часа сама да седам. Потребна ми е само една личност за да си поминам прекрасно.
ДА...немора да се 10 дена, 5(најмногу)...Тотална релаксација, книгите, коктелчина, песочни плажи... Но може и тоа да е во некој град, на шеткање ....Ќе гледам да си ја испоолнам желбата
Хмм а кој ќе ми ги спакува пак куферите, кој ќе ми прави друштво за сладолед, кој ќе ми кажува кое ми стои добро кое не, кој ќе ме буди на време, кој ќе ме постесува на се што јас ќе заборавам?? Не знам, можеби би отишла, ама на викенд. Со авион, па макар и летот да траел половина час .А на одмор од неколку дена засега за сега не би, ама онаму после 30тата година, кога стварно би ми бил потребен мир би отишла. А сега сама би отишла само на шопинг и тоа некој да ме однесе до трговски и после да ме земе сосе кесите од таму.
Сама? Уште веднаш, уште сега!!! 10-тина дена сепак не, многу ќе ми дојдат, ама 5-7 денови и тоа како би отишла сама некаде. Само да си имам парички. А и планирам такви патувања сама со себе, здравје кога ќе си имам доволно голема платичка, како би тркнала до Барселона или Ница сама. Би истражувала, би шетала, уживам сама да пијам кафе, да ручам, да разгледувам, без некој да гледа попреку - кај оди бре оваа лудача сама (нашиот менталитет е таков, за жал. седнете напијте се кафе сами, ќе ве направат или ненормална или асоцијална). Не сум од тие што се плашат и по 100 пати ги анализираат работите што и како. Пасош, пари и да ме нема.
Нее никако сама не тргнувам до најблиското село од мојот град а не пак на некоја по далечна дестинација И би се размислила дали би отишла само со 1 другарка.Јас сум од оние кои сакаат големо друшто и за обично излечување се збираме по 10 души а за на одмор не знам колку би ми биле потребни Значи за мене одморот не е лежање во соба и да се досадувам по цел ден, туку сакам секој момент да го поминам со луда екипа и откачување до даска
Истооо....сакам огромна екипа и да се забавуваме , а не единствените зборови што ќе ги кажам да ми бидат со некој келнер и со тие од хотелот
Епа супер ајде мое друштво 15 души, од тебе 15 и спремни за одмор А што велиш Спојлер и уште 15 што ќе запознаеме имам другарка која може цел град да го собере за 5мин
Нема шанси некогаш да заминам сама на одмор. Зависна сум од луѓе и друштво. Е сега на одмор пак не би одела со големо друштво доволно е само уште еден со мене да иде, ама сама НЕ.
Би отишла сама , кај сакам ќе одам кога сакам . И така јас уживам во друштво со самата себеси па зошто да не отидам на одмор сама
Колку копнеам по ваков одмор. Седум дена доста ми се. Да ги манам сите, никој да не ми се качува на глава и цело време да правам што сакам и како сакам јас. Ќе се изнауживам максимално. Не ми пречи одмор со друштво, дечко, родители па ич. Ама верувам дека на секој му е потребено нешто вакво. Не мора да се мисли на море и некоја атрактивна дестинација. Планина, езеро, што и да е иако јас радо би море кога би имала опција да бирам за вакво нешто.