1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сами на летување

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од rossonerka, 2 август 2011.

  1. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Даа. Би отишна на некое убаво, мирно место :) :*
     
  2. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Јас не би одела сама ниту на викенд, а не на летување :) . Јас не би можела сама. Така неможам да функционирам. Сама можам само дома на мојот познат терен, а поинаку не. Да имам барем една личност со мене дали е тоа роднина, партнерот, другарка независно, битно да не бидам сама. Сама не би одела :tmi:
     
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Не дека не би можела да се снајдам, ама нема да ми биде интересно.
    Првите неколку дена ќе се одморам од цел свет, едноставно ќе уживам самата со себе. Ама потоа ќе почне да ми недостасува социјалниот живот, затоа што не сум Робинзо Крусо :)
    Сепак поубаво се чувствувам кога уживањето во одморот ќе го споделам со некој близок.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. marija-88

    marija-88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    26
    ДААААА..... најголемо да за сама на одмор :D јас бев сама 8 дена MIAMI и 8 дена LOS ANGELES, па ете ме здрава, жива, цела се вратив во Македонија.....искрено јас мислам дека и подобро што бев сама си поминав ПРЕУБАВО... а за мањаци ова-она има сегде а ако си со такво мислење нема никаде да тргниш, едноставно не обраќај внимание на коментарите, не застанувај кога некој прашува нешто, не се врти кога довикуваат и безбеден си.... а и нема да бидиш сам, запознаваш премногу луѓе (од кои половината патуваат сами), плажи, журки, забави, и времето одма летнува.... така да НАЈГОЛЕМО ДАААА И ПОДДРШКА за оние кои патуваат и ќе патувват сами, само напред...најдобро искуство во животот :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На sindi87 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    119
    ехеееј колку пати сум одела така и тоа со мапа во рацете... :D едни од најубавите патувања ми се тие...
     
  6. EvaLeo

    EvaLeo Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    2
    Здраво до сите мои истомисленици, секогаш отворени за патување и посета на нови места, секаде во светот. Авантуристи. Последните 2 дена ми поминаа во спорење и убедување на луѓето околу мене, за тоа колку е интересно да се оди некаде каде не си бил, да се види нешто поинакво, менталитет, култура, архитектура, духот на народот...Но едноставоно некои луѓе се плашат да го напуштат роденото гнездо. Кој знае што ли ќе се случи...За дочек на Нова Година треба со посебни покани да се молиме и организираме каде да одиме. И на крај заврши на плоштад :?: Како и да ејас разгледував еден куп програми и понуди. И одбрав една за во Париз и најискрено ќе одам сама. Никој не сака да ме дружи. Па тоа било многу патување во автобус, па не знам што и како...Аман луѓе што се случува??? Страв :sweat: од запознавање нешто ново? Па тогаш најдобро да го преспиеме животот |-)
     
  7. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Бев сама во холандија и верувајте ми не е се розево. еве зошто:
    ОБАВЕЗНО МОРА ДА СЕ ИМА ДРУШТВО, без друштво тапа е сам да го шеташ градот местото или било што,нема интересни случки нема ништо(не бикам дека не си поминав убаво ама фали некоја другарка за да се посмееш со неа, за да размениш два-три збора). Убаво е да си оди сам да се доживее, па да збориме. За да одиш сам треба барем еден странски јазик да знаеш за да се снајдеш, после треба многу добро снаоѓање во просторот и добра меморија, мајке ми таму една улица да згрешиш јабана отиде! И нормално многу парички, ние со нашиот стандард таму питачи само можеме да бидеме. Таму сите се облечени од глава до пети во луи витно, гучи, диор и остали.
     
  8. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.358
    Да, јас радо би отишла некаде сама. Нема да мора да се прилагодувам кон некого. Што сакам ќе правам и кога сакам! Флерт до срж, пиење и седење до ниедно време, чат пат размена на нежности. А и, дружељубива сум нема шанси да не се спријателам со некого. И нема да сум сама.
     
  9. marija.hana.una

    marija.hana.una Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2010
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    35
    Сум била. Недела дена. Од хотел на плажа, од плажа у хотел, растојание 100м. Книга у рака, цел ден се печев на лежалка. Одмор и рекреација 8)

    П.С. Ако некоја се реши на овој чекор, бидете сигурни дека покрај уживанцијата и задоволството да бидеш сама со себе, треба да имаш муда и да се носиш со сите чудни реакции од околината, зашо лесно е да се каже "да, јас би одела или сл." а веќе сосем друга или трета приказна стварно да го доживееш тоа.
     
  10. Star19

    Star19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 декември 2011
    Пораки:
    148
    Допаѓања:
    70
    Не, не и не. Нема шанси!
    Знам дека не би се чувствувала пријатно. Цело време ќе си мислам како луѓето околу мене ќе викаат Па добро оваа нормална ли е, видија што прави, како збрлавена е сама како лудача се шета :D :D :D

    Оние кои биле сами некаде или би отишле алал нека им е :bow: Јас не би можела

    8)
     
  11. rozy

    rozy Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    121
    не никако барем не засега мислам дека е многу поубаво да одиш со најдобра другарка или дечко па да си поминеш супер тоа е мое мисленје некои сакаат да се одморат од светот но тоа не сум јас
     
  12. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Не би отишла. Убавината на патувањето е да ги споделиш импресиите со некој близок и заедно да уживаш. Никако сам
     
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Па јас да имам пари ќе си патувам сама зошто да не. Глупост е некој што има пари да седи дома бидејќи нема друштво. Ако јас имам пари за да одма на егзотична дестинација треба ли со години да чекам да најдам некој што ќе сака истото место да го посети?Ако ви се верува за до соседен град луѓето пари немаат. Колку пати сум била во таква ситуација, имам пари ми се оди негде, а нема со кого. Сите откажуваат бидејќи немаат пари, народов наш е сиромашен и секој си мсилси- па ајде ќе си купам фармерки, што ќе одам до некој рибник иако е блиску или на езеро, било каде.
     
  14. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Големо ДА! :)
    Не значи дека ако тргнам сама цел одмор ќе го поминам сама. Сигурно ќе запознаам други луѓе. Јас сум личност што обожава да запознава нови луѓе и мислам дека кога и се случило вакво нешто би си поминала фантастично, би било една неверојатна авантура и едно ново незаборавно искуство.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  15. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.709
    Пол:
    Женски
    И јас би отишла, дури и мислам дека би си поминала поубаво сама одколку со друштво. Тоа е одмор во права смисла на зборот. :)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. agirl17

    agirl17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Би отишла дефинитивно, ама понатаму, не во блиска иднина :)
     
  17. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    убаво е барем знаеш дека ке се одмориш,,,каде скаш ке одиш а не ти скааш низ центар,друга на пазарење,трета на плажа и ајде кафги....одмор е да се одмориш.....
     
  18. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    10 дена сама, много е бре куме :D . 10 дена ок во некоја си цивилизација голема како што е Барселона, Париз, Истамбул, Куба, Дубаи, Њујорк, Бразил (на пр. Копакабана :$ ) и слични ти ствари а овака 10 дена море и хотел не би :( . Не дека ќе ми здосади и фати монотонија ама несакам да бегам од реалноста, секојдневието и дека некој ме чека дома. Можеби вака размислувам дека сум семеен човек :!: иако понекогаш ми доаѓа да му ја здувам некаде далеку да се изгубам некој ден да си средам мисли :) .
    Имам еден пријател кој ја надмина таа фаза, претпоставувам дека е фаза. Човекот си е авантурист и некои си 5-6 летувања беше буквално сам на одмор. Не одеше по некои си монденски места туку баш напротив. Беше во Парагвај, Уругвај, Ерусалим, Израел...и некои си други земји од втор-трет свет. 5-6 дена во една држава па 5-6 дена во друга држава со еден ранец на грб.
     
  19. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Се слагам со Slavica ...Јас многу често патувам службено и не ми е проблем да бидам сама во Милано, Париз, Истанбул...Напротив, баш убаво си поминувам,ама тоа е нешто сосема друго.
    Ама, сама на одмор :o ???
    После еден ден ке паднам во депресија, па таман да сум и на Бахами.
    Веројатно тоа е и до карактерот. Некој може, некој не.
    Јас сакам луѓе околу мене, дури и кога одмарам, не сакам да бидам сама
     
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.090
    Допаѓања:
    11.257
    Една моја пријателка има книга за синг живот напишано и кажува во таа книга дека само одела на одмор. Таа беше убедена дека цел живот ке биде синг и затоа книгата е таква психолошка со совети. Ама на крај девојката си најде човек баш за неа погоден и сега живее и работи во Лондон. Супер и е. Делува многу лошо во очите на другите да оидш на одмор сама, ама па дома ли да седам ако немам дечко или друштво што во исто време сака на одмор да оди.