Jа би сакала да одам сама на одмор,но ми е страв. Ако одам на нешто организирано со група,но сепак да бидам сама без да водам некој со мене тогаш ок,но да тргнам да одам сама сама во друга држава или друг град во кој не сум била претходно ми е страв. Од кај знам кај ќе најдам сместување,кога некој ќе те види сама шеташ полесно може и да ти пријде,да те замара,женско си сепак. Или па ако имаш вила некаде и си ги знаеш комшиите го знаеш местото,зошто да не идеш сам да одмориш една недела. Зависи ситуацијата сепак
Абе порано сметав дека е тоа за никаде сам да одиш негде, ама како иде времево, сите заглавени со работа, па работа - дома, и останува годишен одмор и ако во тој термин не се ускладите ос некого за да отпатувате, јас и сама би отпатувала. Па зар во тие денови додека сум на одмор да не излезам некаде да уживам малку.
Можеби, ќе си најдеш ново друштво, ќе запознаеш нови луѓе. Нема со кој да се расправаш. Само на одолги релации би ми било страв сама,а на пократки ќе ми биде незгодно да резервирам место и кога ќе ме прашаат за ноќевање колку души? сама , ќе се чудат.
Многу големо да. Сега сум со родителите но се сретнуваме само за спиење и не ми прават проблеми иако не го знам местото. Обожавам да истражувам нови места бе некој да ми галами ајде ваму да одиме ајде онаму
Еднаш некоја од автобусот била сама отидена на одмор, ама таа кај сама па не се ни здружила со никој, и кога дојде време за поаѓање накај дома таа на плажа беше зашто немала од кај да дознае дека треба да си оди. Значи, многу е глупо и според мене не безбедно да се оди било каде сам. А ако се оди сам и таму се најде друштво е ок, ама кога веќе тргнуваш си свесен дека може и да не се најде друштво. Така да големо не од мене. Сама со уште некој најблизок или партнерот, зарем и он ќе те замара и од него ако сакаш да се одмориш тогаш не ќе да е вистинскиот
Јас би отишла сама ама не на овие години. Можеби за 5-10 години од сега и само ако е организирано од агенција. А сама да барам сместување и такви ствари, не Ќе се изгубам сама со мојата параноја. Секој втор човек ќе ми личи на сериски убиец
Самма баш и не е убаво, можеби со уште една другарка или некоја што ја познаваш колку да ти се најде ако недај боже затреба. Со дечко тешко дека ќе си поминеш убаво, посебно ако е љубоморен, а кое машко не е? Па види како те гледа, па зошто вака седиш, па каде гледаш...... И само нервози и едвај чекаш да поминат тие 7 дена, за да се вратиш и да им правиш филм на другарките колку убаво си поминала. Мене нај интересни ми се оние кои одат без денар, и дремат од плажа во соба и обратно и кога ќе се вратат правење филмови што да ти кажам.
Па не би одела сама баш 10 дена на одмор али ден-два дефинитивно. Да си запалам кола да си возам сама да си пеам, да си се сунчам, да се бањам во море да се изнауживам и одморам, а 10 дена нема шанси. За подугачок одмор дефинитивно со дечко ми и уште некој така...
Јас тоа сакам ама нема Да ти се изладе главата,да го пуштиш мозокот на пасење.Макар и да не запознаеш никој.Битно ќе се одмориш
Скроз ДА. Ја неам никаков проблем да заминам негдека сама. Дури и за одморов годинава сама си одлучив, ама ете сплет на околности се пријави уште некој во меѓувреме. Буквално не си лишен од ништо, ги праиш истите работи као и кога си со некој друг/други. Единствено ради безбедност, организираноста мораш да ја сведеш на повисоко ниво. Тоа е тоа.
И тоа како би заминала сама на одмор, само нека се најде некој паметен да ми го плати и ич не му ја мислам, земам парталите и бегам Со кого може да ми биде поубаво одколку сама со себе
Ме насмеа со ова дека ќе одиш сама, само да се најде некој да го плати. На сите би ни годело вакво нешто.
Јас сум одела сама, а бидејќи сум манијак за патувања зар да чекам друштвото/дечкото да се накани дали да оди или не ! Така ќе ми отиде возот
Сподели искуство. Каде си одела сама? Во земјава или надвор? Како го исполнуваш времето за да не ти биде досадно?Јас сакам да отидам некаде сама, ама немам храброст. Некако чудно ми е. А вака чекам , да се договорам, молам едни , други. На крај сите извисуваат од различни причини “еее немам пари, ај следниот месец“, “Ми се скрши телефонот, нов треба да купам сега, ај понатаму сега времето не е убаво итн.