Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сами на летување

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од rossonerka, 2 август 2011.

  1. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.468
    Допаѓања:
    20.043
    Пол:
    Женски
    Па месец дена да седиш на едно место е досадно...ти си можела и работа да најдеш за тоа време.
     
    На joy1 и Miss.N им се допаѓа ова.
  2. Miss.N

    Miss.N Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.008
    Допаѓања:
    1.359
    Пол:
    Женски
    Да, ама со наши документи не можеш.. со бугарски пасош да а македончето нигде не го сакаат :)
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Секако! Имав моменти коа ме заебаваше психата дека сум сам, ама нема врска, си го извозев своето...затоа и го потенцирав како совет доколку сакате сами да идете, прво убаво да се организирате. :)
     
  4. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.779
    Пол:
    Машки
    Малку глупо изгледа вака напишано ама сконта веројатно што сакав да кажам.
    Како и да е .,. убаво е да се иде сам на одмор! :)
     
  5. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Не е секој за сам на одмор. :D

    Ако ви е чудно да седите во локал или да јадете некаде сами, да испаѓате сами да шетате, ако ве фаќа лесно страв и паника, ако секогаш мора да имате друштво за некаде, ако не сте научени сами да си ги бркате работите и ако немате барем минимално искуство во патувања, не сте за сами на одмор. Дури и би ги советувала сите тие што се ете, помалце снаодливи, да подразмислат многу добро пред да тргнат сами. Ако сакате да избегате оти сте се скарале со дечкото/женската а сте така, поемотивни, не сте за сами на одмор, ќе се изнаплачете сами, ќе се затворите во соба и нема да запознаете никој. Ако не сте спремни за запознавање нови луѓе, а тие нови луѓе може да бидат од секоја раса, религија, сексуална ориентација, итн итн, ако се мрштите на секое јадење во кое нема запршка или не е од мама, ако не сте флексибилни во поглед на тоа каде и што може да правите во слободното време....... Ни случајно не тргајте.

    Ова најдобронамерно го кажувам за да не се најде некој заглавен некаде во три лепе, охрабрен од искуствата тука и да фати да плаче за да си дојде дома или да го фане паника.:tmi:

    Кога се оди сам на одмор, дали е на море или во некој голем град, клучното е да бидете организирани и информирани. :)

    Какво е местото, кои се цените, каде има супермаркет, автобуска и болница. Кога треба таму да пристгнете, како ќе пристигнете, итн. Побарајте каде има места со безжичен интернет и места каде што можете да си го наполните телефонот. Во куфер обавезно со вас 3-4 кроасани и 1-2 сендвича без месо, некаде може да прават проблеми за да внесете месо во државата. Ако не знаете каде да јадете, јадете во Мекдоналдс, Сабвеј, Бургеркинг или некој друг таков ресторан од глобален синџир на ресторани, стандардите се секаде исти за хигиената во тие места и се посигурни отколку локални ресторанчиња. Внимавајте дали се пие водата каде што одите, ако не се пие, истражете каде се најевтините пакети, често е тоа во големи супермаркети, колку е поголем маркеот, толку е поевтино во него.

    Не можете да тргнете сами без претходна резервација за тоа каде ќе престојувате, ако ништо друго барем на една вечер додека се снајдете во простор. Затоа што ќе бидете уморни после патување и често може да одберете поскапа и понеубава опција во моментот, да се врзете на тоа место за време на целиот одмор/престој и после да ви биде криво. Исто како треба да стасате од автобуската/аеродромот до местото каде што ќе одите. Ако одите во големи градови, со вас обавезно испечатени мапи на метроа, трамваи, што и да се користи во градот. Обавезно информирајте се и за таксиња во конкретното место, која е нормалната цена на такси, ако одите од тоа до тоа место колку е просекот, итн.

    Ако примате каква било терапија, со вас обавезно напишани на лист имињата на лекови кои ги примате, пожелно латински имиња на лековите, ако сте алергични на нешто, на што и ако е огромна реакција исто запишано. Ни случајно да не тргнувате без патничко осигурување, распрашајте се за пакети, има еден куп поволни пакети, за 10-15 евра ќе бидете тип-топ здравствено осигурани. Еден несесер со општи лекови обавезно, аналгин, парацетамол, бруфен, против алергија, против пролив, против повраќање, итн, се знае што се носи.

    Таму ќе пазите со кого и како, треба да бидете и троа малце поистриени, да препознаете кога некој ви нуди само безопасна забава или сака да ве излаже со нешто. Пијачки од туѓинци - не фала! Ако мора да прифатите, прифатете пиво или нешто во лименка што ќе го отворат пред вас. Кога испаѓате во провод, кажете барем на уште 1-2 други што се таму, рецепционер некој или газда каде што престојувате, обавезно да им кажете каде сте и до кога најкасно би се вратиле. Особено за девојките важи ова, кога си сам секоја претпазливост е и повеќе од добредојдена.

    И да одите со агенција, и да ве остави автобусот од агенцијата до пред врата и да ве земе на враќање од пред врата, очи отворени каде одите и што правите. Копии од пасош и од сите други документи ОБАВЕЗНО, на сигурно место оставени. Една трансакциска ДЕВИЗНА исто обавезно. Парите и важните документи по можност носете ги во тие танки ташничиња под облека и секогаш пред излегување извадете си пари колку што ви требаат, немојте да брцате во јавност во цицките оти таму ви се скриени парите, :D не знаеш кој може да те гледа.

    Патувањето сам е еден од најзабавните начини да се самоосознаеш, да си поминеш многу убаво, релаксирано, без никаков притисок, да одиш каде сакаш и кога сакаш. Можеш да запознаеш пријатели за цел живот, може па и никој да не запознаеш, тоа е голема лотарија. Мене ме прават будала кога одам некаде сама (а одам да ви кажам право), ме прават и будала кога си печатам мапи од метроа во боја или кога си запишувам бројчиња од локални такси компании (ќе платиш повеќе ама таксито секогаш ќе те однесе каде што треба, проверена компанија нормално!), си печатам мапи од гугл со тоа каде ќе се симнам и каде треба да стасам, си правам принт скрин на телефонот од адреси (мада што секогаш може да снемате батерија, хартија си е хартија) ама од моето досегашно искуство, негативните ситуации ми се сведени на минимум, што ми овозможува да уживам и да сакам да одам пак и пак и пак.

    Кога еднаш ќе се навлечеш да патуваш, а посебно на тоа да патуваш сам, нема назад. :D
     
    На glosipgirl, ku4ence, realGirl и 12 други им се допаѓа ова.
  6. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    тaкa тaкa, битнo е штo ќе кaже кoмшијaтa :D

    Абре немa пoубaвo oд сaм. Кaкo сaкaш се организираш, кaде сaкaш oдиш, кoлку сaкaш седиш... сaм свoј гaздa. :party:

    Декa се нaoѓa некoј тaму, се нaoѓa 100% aмa и дa не се нaјде, не е фрка.

    Јaс сaмo еднaш испaднaлo дa имaм некoе сличнo искуствo. Требaше дa се нaјдaм сo другaркa нa неутрaлен терен, aмa рaди неусoглaсенoст нa летoви, јaс стигнaв пoрaнo некoлку денa и сaмa мaрширaв низ грaд и тoп ми беше.
    Дa имaм пaк приликa тaкa сaмa дa идaм, без мислење би јa згрaбилa.
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  7. bejli

    bejli Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2015
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    136
    Пол:
    Женски
    Јaс сaмa нa oдмoр НИКOГАШ.
    Не мoжaм луѓе тoa не е зa мене, не би знaелa сaмa дa уживaм. Oд сaмaтa пoмислa декa сите oкoлу мене се пoтпoлни стрaнци и aкo ми се случи нештo немaм некoј свoј дa ми пoмoгне. И дa се спријaтелaм сo некoгo oд кaј знaм кaкoв е, кaкви нaмери имa...светoт е сурoв. Немaм хрaбрoст зa тaкoв предизвик, пoвеќе сaкaм дa oдaм нa сигурнo тaквa сум си.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bubic.k

    bubic.k Популарен член

    Се зачлени на:
    10 март 2014
    Пораки:
    1.025
    Допаѓања:
    3.783
    Пол:
    Женски
    Јас лани бев сама на одмор .. Тоа го направив повеќе за да се изборам со мојата психичка состојба и да си покажам себеси дека можам ... Стварно беше забавно , организирани крстарења , запознаваш луѓе , излегуваш на зајдисонце на кафенце,испробуваш интересни десерти .. Што знам , мене ми беше убаво ,таква сум по природа се приврзувам за местото каде ќе се задржам повеќе време ,секако само ако се осеќам убаво .. Не е ништо страшно , баш напротив необично и интересно искуство :drunk:
     
    На adolfhitler, ku4ence, mime87 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.352
    Допаѓања:
    3.519
    Пол:
    Женски
    Да отидам сама на летување ми е една од првите работи на листата што сакам да ги направам.
    [​IMG]
     
    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  10. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Ни јас сама не би одела на одмор. Не можам голема паничарка сум, страв ми е.. хаха.:$
     
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.130
    Допаѓања:
    12.868
    Летово кој ќе оди на одмор сам? Јас нема да сум сама, ама собирам храброст и ако соберам ќе одам на викенд сама кога ќе се вратам од езеро.
     
  12. zgodendecko

    zgodendecko Активен член

    Се зачлени на:
    10 април 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    7
    Jа би сакал да одам сам
     
  13. Zocizoci

    Zocizoci Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Се мислам дали да одам сама на летување.
    Требаше да одам со другарка накај 10 август но од 1 август ми излезе да почнам со нова работа и сега овие 2 недели ми се слободни.
    Другите околу мене баш овој период се зафтени или сите се во парови јас пак сама останав.
    Ако некоја се наоѓа во иста ситуација и бара друштво за одмор нека ми пише лп. :)
     
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.130
    Допаѓања:
    12.868
    Јас ќе одам со другарка, ама сакам чисто да пробам сама да отидам некаде, ама немам храброст. Срам ми е сама да се јавам некаде и да резервирам сместување, да не мислат што и е на оваа, види ја сама дошла.
     
  15. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Зошто страмота да резервираш соба?плаќам за тоа и нив нема што да ги засега ништо,тоа е нормално сега и ништо посебно,сегде има понуди скоро за резервирање соба за една личност,но јас лично ако би отишла некаде тоа би го направила надвор од државата,и не на место само каде што има само плажи и кафичи туку каде што можам навистина да прошетам негде да истражам све да разгледам тотално времето да го искористам...
    Би отишла и тоа како да не сум во исчекување на една мн важна работа за мене,но таја авантура здравје ќе ја оставам за понатаму и тоа ми е желба која морам да си ја исполнам,а и мн ми е јако што никој незнај ни кај си ни со кој си а ти некаде далеку сама мозокот на пасење уживаш :)...
    Така да ако си во можност резервирај спремај се и тргнувај,сепак некои работи треба да ги доживејме додека сме млади...
     
    На ku4ence, Tanjamm, Annath и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.130
    Допаѓања:
    12.868
    Се сложувам. Несигурноста треба да се победи. Браво за тие што можат сами да отидат сами на одмор. Минатиот пат службено бев на пат и попат видов девојка со книга во раце, отиде во еден од туристичките центри кај нас. Назад после 3 дена попат се вративме заедно и на крај испадна дека е од мојот град, до крај на патувањето со ист автобус се возевме. Нјаверојатно сама била на викенд.
     
  17. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Не се предомислувај ако имаш можност да си направиш ваква авантура и ваков одмор заминвај,ова е нешто што никогаш во животот не се заборава,не мора да се оди на 10 дена можиш 1 недела или викенд ...
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.130
    Допаѓања:
    12.868
    На 2 дена ако отидам добро би било.
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.130
    Допаѓања:
    12.868
    Бев 2 дена и си поминав убаво. Не ми беше досадно. Кога си сам немаш главоболки за тоа да се прилагодуваш на друг, каде ќе одите, до кога ќе седите, кај ќе пиете кафе, што ќе јадете итн. Видов дека не е страшно и ова.
     
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.697
    Допаѓања:
    79.851
    Пол:
    Женски
    Зависи каде. Овде кај нас и во нашата околина ако те видат сам/а ќе те помислат за гревче. Таков им е менталитетот овде. Некаде подалеку не е проблем да се појде сам. Секако некој ќе ти пријде и ќе се запознаеш со некој.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.