Никој ништо не кажа. Кажаа дека многумина, посебно странци доаѓаат сами. Запознав неколку интересни луѓе. Ако чекав да се договорам со некого, немаше да испадне ништо и ќе седев дома. Сепак годишниот одмор треба да се искористи максимално.
Е најубаво. Летово си бев и летување си истерав и град си посетив. Две во едно. Планирам за некој месец пак да одам. Страв? Не. Знам дека има секакви луѓе на светов ама тоа никако нема да ме спречи да одам. А има и можеш да запознаеш и фини луѓе, и да си имаш пријатели од секаде за цел живот. Еве годинава се спријателив со супер луѓенца со кои си имам контакт и ако патот ме однесе до нив со задоволство ќе имаат време да ме прошетаат и да пиеме кафе. Секако истото важи и ако дојдат они во Скопје. На страна можностите за стекнување пријателства и познанства повеќе, обожавам кога не сум ограничена од никој и сама си правам план. Сега ми се пие кафе, ќе си седнам ќе уживам, ми се шета, ќе шетам, ми се оди на плажа, ваму таму. Не поднесувам кога зависам од некој и треба да правам компромиси. Затоа летувањата сама и посетување градови ми се поим за рај и идила. А и веќе не сакам да слушам, не сакам таму, не ми се допаѓа, па тоа не е мој стил, па зошто не одиме на друго место. Не, фала, ќе си одам сама најдобро.
Јас мислев дека е баук, ама за 2 дена не осетив досада и се шетав цело време и запознав неколку луѓе, па со нив бевме на кафе, па на културни настани. Се на се не беше лошо. И немав некоја реакција “леле зошто сама“. Ако чекав да се договориме немаше да отидам. мНогу планови пропаднаа од тоа ајде кога сите во друштво ќе имаме пари, ајде плата кога ќе се земе, ај за Нова година. А кај беше?Дестинација може да ни откриеш дџа видиме кај си шетала?
Девојки планирам да одам на одмор сама во јуни,па ми требаат предлози.... Сакам да патувам сама, до сега сум била само еднаш и имам супер искуство. Ми се допаѓа тоа што е авантуристички, поаѓаш сам ама ако си отворен за нови познаства многу полесно е да запознаеш луѓе отколку кога си во друштво. Сега сакам да одам на одмор сама од причина што никој од тие што би сакала да одам заедно на одмор се слободни тој период, а овој пат особено стварно ми треба одмор, сакам да се исклучам и да се посветам на самата себе, да правам работи што ми одговараат без да правам компромиси со некој друг.
Убава и интеересна тема. Да, и јас сакам да отидам сама на летување, во краен случај на зимување. Но како за прв пат не знам каде би била таа дестинација и што како ќе се случи.
Каде предлагате да се патува сам? Би заминале ли сами на некоја далечна дестинација? Пример прекуокеанска земја. Јас најверојатно летово ќе бидам во ваква ситуација и не би сакала одморот да го поминам дома. Некои немаат можности а некои од друштвото имаат обврски. Од една страна сама може да е интересно искуство но од друга се двоумам. Еве ако има некоја тука некоја девојка во слична ситуација или ако познавате како јас може да се здружиме. Секако прво да се запознаеме
Од кога патувањето сама е проблем? Би заминала, се' што ми треба е ранец на грб и интернет. Во денешно време тоа би требало да е доволно на секој. Да не патуваш поради друштво е апсурдно.
Сум била сама на одмор во Бодрум Турција. Еден од поубавите одмори . Околу 30 год имав тогаш . Запознав две три друштва таму , Срби и Руси едни . Па имавме убави дружби . Воглавно на плажа сама си одев . Се утепав книги читајќи . Сама си одев на сафари , во аква парк ... Убавини Искрено , повторно би одела така на некој ден . Буквален одмор од све . Па уште и ол инклузив ако е ,топ
А има нешто познато во место каде одиш прв пат? Па и да не ти е прв пат, сигурно не си видел се'. Во принцип, се' мислиш дека може да ти се случи таму, може да ти се случи било каде, дури и во местото каде живееш.