1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сами на летување

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од rossonerka, 2 август 2011.

  1. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.062
    Пол:
    Женски
    Ја пола свет го прошетав сама. Уживав. Се снајдов и тамн ми беше.
     
    На Tanjamm, gjoker4e, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Во последно време ме фаќа мисла да си уплатам некаде да одам сама на одмор...но страв ме фаќа и од самата помисла..ајде преку ден е лесно, но навечер сама во соба во непознато место, странци....

    Незнам навистина ама чувствувам потреба са самотија и за нови познанства, нова средина, друга култура, друг начин на живот...имам потреба ама дали ке имам храброст?
     
    На La.loca, Iva9612 и WildMk им се допаѓа ова.
  3. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Имам еден пријател што сам оди по одмори и патувања.
    Некако чудно ми е.
    Како прво голем трошок е кога си сам. Се е дупли трошок.
    Како второ, досадно е, освен во дискотеките (освен ако си повлечен човек).
    Добро е за да шириш познанства, ама треба да внимаваш и на кој ќе налеташ, посебно за женските.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Не е дупли трошок. Од кај ти е тој заклучок?
    За досадно, не може да е досадно, не е само дискотеки... Зависи кај одиш: Музеи, плажи, настани, концерти, паркови... секаде има нешто за занимација... дури и во 'најдосадното' место.

    Имам и јас пријатели (и мажи и жени), кои сами одат на патувања... Не ми се чудни, им се воодушевувам...
     
    На Tanjamm и Feminka22 им се допаѓа ова.
  5. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.557
    Допаѓања:
    171.454
    Пол:
    Женски
    Мнозинството од хотели наплаќаат исто како за двајца или 70% од цената за вториот.
    Е сега има и смештај за самци, така јас сама шетам ...
    Досега не сум утнала одмор, убаво сум си поминувала иако сама сум одела
     
    На Feminka22, Tanjamm и WildMk им се допаѓа ова.
  6. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Патните трошоци се дупло повисоки, исто така и тие за сместување, кое е најбитно нешто кога патуваш.
     
  7. MidnightGirl

    MidnightGirl Активен член

    Се зачлени на:
    12 април 2019
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Не сум нешто плашлива и знам дека и овде може да налетате на секакви луѓе. Супер што има луѓе кои одењето не им зависи од некого. Ајде може ќе се решам некогаш на ова. :)
     
  8. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.576
    Никогаш шетањето не треба да ви зависи од други. Јас сама си патувам и можам и во последен момент да си сменам мислење или да си останам подолго или да си заминам порано и да си појдам на друго место. Секогаш кога сум била со друштво (освен со другар ми) полошо сум поминувала, зашто скоро никогаш не биле сложни.
     
    На Tanjamm и Dust им се допаѓа ова.
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.557
    Допаѓања:
    171.454
    Пол:
    Женски
    Зошто да се повисоки патните трошоци?
    И онака веќе ретко кој оди со кола, има ефтини авионски карти.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Каде ќе одиш сама со авион?
    Тајланд?
    Египет?
    Исланд?
    Аргентина?

    Збориме за со кола и автобус, за Балканот и за државите што се блиску до Балканот, како Унгарија, Австрија, Турција и тн.

    А ако одиш на подалечните дестинации со авион, тогаш обратно е, авионската карта е поефтина, но сите други трошоци се поскапи.
     
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.557
    Допаѓања:
    171.454
    Пол:
    Женски
    A кој ги спомна баш државите од Балканот?
    Со автобус како тоа дупли се трошоците? Еве јас цела Европа ја свртев со авион и дефинитивно е поефтино сама..
    Што ќе ти е кола за Барселона, Истанбул, Берлин..
    Изгледа не знаеш само паркингот колку кошта:rofl:
    Кај што живеев во Њујорк месечно паркинг беше 500 долари, дневно 30и тоа пред 8год.. а сега е поскапо..
     
    На Tanjamm, g8lQQk, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Ма.нев

    Ма.нев Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2019
    Пораки:
    780
    Допаѓања:
    1.224
    Пол:
    Машки
    Храна не делиш со никого. Други основни работи што можеш да ги поделиш трошоците на двајца, ти ги плаќаш сама. Паркинг во Њујорк месечно е од 60$ до 700$. Ако збориме за долг период, не ти се исплати па ич да одиш.

    Паркинг за навечер во Њујорк е од 15-40$, денски е 25-50$. Имам и јас некој таму, ги знам цените како се движат.
    А може да се најде и бесплатен паркинг во некои улички.
    Е сега ако паркираш на Петта Авенија каде што е 1.200$ месечно е друга работа.

    Сакаш веруј ми, сакаш не, но многу е поскапо доколку патуваш сама.
     
  13. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.557
    Допаѓања:
    171.454
    Пол:
    Женски
    Јас живеев на 51th street west side година и нешто ситно, така да убаво ти кажувам какви се цените. Таму во радиус од неколку милји нема бесплатен паркинг, не знам кој те лаже. Тие што ти ги викаш улички, имаат паркометри и казните се страшно високи ако не платиш паркинг.
    Искрено те предизвикувам да ми најдеш бесплатен месечен паркинг или пак за $60:D
    Overnight parking е уште потешко да најдеш..
    Во Париз е 20+ евра за 24 саати, во еден обичен Солун е скоро исто толку, во близина на центарот е 5 евра за 2 саати.. Таканда ако одиш со кола како што ти милуваш, ќе се изнадаваш пари за паркинг.
    А нема логика да одиш во некој голем град и да се сместиш во село на 50км од центарот за да не платиш паркинг..


    Еве вака дада просто да ти каже..
    Храна секако не делам. Зошто да делам, јадеме во ресторани кога шетаме. Нели за тоа и шетаме? За да меѓудругото ја испробаме локалната храна. Нема да одам во Барселона и да варам грав за ручек|(
    Во ресторан цената за еден и за двајца и за 20 е иста по човек. Што ќе нарачаш, тоа ќе јадеш.
    Кои други основни трошоци? Од иста флаша вода ќе пиеме?
    Карти за знаменитости по пола ли ќе плаќаме? Карта за метро да не си ја делиме?
    Еве очигледно глупа сум, дај објасни ми кои се тие основни трошоци?

    Што е поскапо, освен ако не најдеш поволен смештај за самци, ако патуваш сам?
    Образложи те молам, затоа што си се напнал со тоа поскапо дека е а ништо за пример не даваш.. битно поскапо е.
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Добро секој ќе се организира според џебот, и тоа што се спомнува за соба дека мораш да доплатиш ако си сама, еве јас при едно мое патување на Балканот си најдов супер соба, еднокреветна, за поволна цена. Значи како ќе ви се посреќи.
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.109
    Допаѓања:
    164.717
    Да одиш бабе, ич да не му ја мислиш. Шо дека сама во соба, непознато место. Толку си атрактивна баба :o, некој синкир ќе те граби? А странци, нестранци, јас понебезбедно сум се чувствувала во Скопје по бел ден отколку на пример во Барцелона ноќе. Бирај прометни улици, безбедни дестинации и гајле немај. И немораш баш во диор облечена да бидеш, да не привлекуваш внимание на ситни крадци. И то. Убав помин:)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    13.706
    Допаѓања:
    42.925
    Пол:
    Женски
    Би одела.Одамна ми се врти тоа во глава.
    Моите нема шанса сама да ме пуштат, така да ваљда ќе се оствари ова кога ќе почнам да заработувам.
    Страв од непознато и ново немам.
    Ќе си земам книги, ќе си читам, ќе се сончам, ќе пуштам мозок на пасење.
    Не е лоша варијанта.Не зависиш од никој, си правиш што сакаш, кога сакаш колку сакаш.
    Би одела или во Грчка или Будва, Шпанија, Италија.
     
    На BlackNight, mileystar, baba Rada и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. whiskyginger

    whiskyginger Нов член

    Се зачлени на:
    20 април 2019
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Бев еднаш сама на патување 4 дена и си поминав прекрасно. Испадна сите да откажат ама сепак решив да одам и верувајте најисправно постапив. Сам си правиш агенда, сам одлучуваш што ќе правиш, каде ќе јадеш/пиеш. Целото патување ме кошташе околу 50 Евра повеќе отколку што би ме чинело доколку бевме повеќе луѓе, а тоа е поради смештајот кој посекако е поскап доколку е за 1 човек.
    Би одела повторно доколку во моментот нема со кого да одам. Не планирам да седам дома само затоа што некој нема пари, нема слободни денови итн.
     
    На poenta, Luminary, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. adolfhitler

    adolfhitler Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2019
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    11
    Пол:
    Женски
    И јас планирам да одам на одмор сама летово. Не знам, имам социјална анксиозност и страв ми е од реакцијата на луѓето на плажа.
     
  19. Svetlina

    Svetlina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    35
    еве јас да споделам свое искуство: прв пат во животот сум сама на одморна неколку дена. Прво ми беше чудно како ќе биде и дали ќе успеам да доседам, но можам да кажам дека сам на одмор е PRICELESS. Јас понесов книга и лаптоп о искрено не ги отворив. Чувството е преубаво, одиш кај ти ќе си испланираш и сакаш, правиш тоа што ти сакаш... се' за себе. Јас и во Скопје си пијам кафиња и си пдам на ручече сама, ама мислев дека на одмор ќе биде тешко. Искуството ми покажа дека не е и сега планирам каде и кога следно. Кој не видел не знае, искрено препорачувам
     
    На riba79, INNERBEAUTY, Purplelilac и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.004
    Допаѓања:
    11.124
    Toчно, има предности, не само мани патувањето сам. Една пријателка од злоба ми се изнасмеа еднаш како демек ете сама патуваш, сакаше да ме направи чудак демек до Берово сама сум отишла, голема работа, викам а кого да чекам за да тргнам на пат и да молам? Вика па никого. И точно е, сам поубаво. Колку имам толку ќе си ја пуштам чергата, до кога ми се спие до тогаш ќе спијам, колку кафиња и каде ми се пијат, ќе пијам како што јас сакам. А вака со неа кога одев еднаш, абе сто пати смени план дали ќе оди или не, па после седнавме еднаш на сладолед, она се туфкаше многу пари потрошила, па ми беше незгодно ја частев јас после, за јадење штеди една паштета купува, мене тоа ниту ми се јаде, нити ме најадува, ама ајде да не се двојам јадам и јас паштета, да не купувам нешто поскапо па да ја ставам во незгодно. Сега често одам сама, сакам да се одморам, а не да се уморам од натегање.
     
    На SnowWhite8, Svetlina, Aschenputtel и 1 друга личност им се допаѓа ова.