Планирам од понеделник сама да одам на одмор. Сакам на мира да размислам за многу работи и да расчистам со минатото. Дестинацијата се уште не ја знам, но некако сигурна сум дека убаво ке си поминам
Супер тема. И мене ми се врти во глава ваква идеја, сакам да прочитам искуства, ако има. За безбедност мислам побезбедно би било доколку се оди организирано преку агенција отколку во своја режија и сама, ама како би било подобро од аспект да ти биде пријатно, ако нема други соло патници, па со нашиов менталитет да те гледаат чудно што си сам, не знам.
Ич да не ти е гајле кој како те гледа. Ако ти немаш проблем со тоа да бидеш сам шо ќе ти е гајле некој шо мисли за тебе? Ја лично би сакал барем еден другар да имам, ама еве пример сакам да одам тајланд и ретко кој има да си дозволи за тоа и дефинитивно би одел сам па што сака нека биде. Ќе си пазите некои хотели блиски до центар од стан у такси од такси у дискотека и назад исто за ваша сигурност. Има пријатни луѓе по хотелите не ретко може да се најде со некој да се запознаеш да се дружиш… а и преку агенција можеш ако не ти е згодно на пример да искористиш само смештај и превоз а прошетките да пробаш да си ги организираш сама. Предизвик е, ама може да излезе и добра авантура
Поубав одмор не сум имала искрено 5 дена бев, не бев ни многу далеку, ама сама, со кола, кај сакаш одиш, до кога сакаш спиеш, што сакаш јадеш, ама буквално се како што тебе ќе ти ќејфне Јас сум за! Милина
Зошто да не? А и ако сам појдеш, не значи дека сам ќе бидеш. Лани 3/4 дена со едно друштво 3/4 со друго, ресто сам. Пред Великден сам до Атина па на траект заедно со едни Срби на Егина. Супер. И пак ќе одам, кај ќе најдеш друштво за Манастир пример?
Никаков проблем! Сум го правел неколку пати, одлично сум поминувал. Сум запознал и луѓе попатно, или сум посетил луѓе со кои одамна не сум се видел. Убави спомени.
Немам баш храброст сама да отидам на летување. Секаде има групи луѓе, некако сама меѓу сите нив не ми е баш пријатно.
Muay Thai потекнува од тајланд, сакaм да прошетам да видам некои знаменитости поврзано со вештината. Иначе сум бил веќе со азијка и колку за инфо на нашите вода може да им носат така да адидас неќе да е до тоа
На темава, јас не би одела, затоа што поубаво ми е во друштво... Али има луѓе си одат сами, не им чуе. Свака част. Бев еднаш на еднодневен излет баш да се тестирам, не беше тоа , тоа. Едвај чекав дома да си дојдам.
Јас обожавам да одам некаде сама. Не знам зошто како што врви времето се подобро и подобро ми е.. И си правам што сакам и доста пати си имам отидено сама, слушајки ги другите со глупави муабети и кавги