1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самовработување и работно осигурување

Дискусија во 'На работното место' започната од pictors, 22 декември 2020.

  1. pictors

    pictors Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2020
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    6
    Здраво,

    Земајќи ја во предвид ситуацијава со вирусот, се повеќе компании дозволуваат вработените да работат од дома, а за нас, се отворија шансите да се работи и за странски компании, за повисоки плати.

    Јас сум во таква ситуација, но би сакала да сум и осигурена.
    Знам дека во МК треба да имаш регистрирано фирма, за да се осигураш и платиш придонеси. Би сакала да знам ако некој направил ваков чекор, да ми објасне поубаво за процедурата и искуството со нашата администрација. Дали вреди да се земе ваков чекор?

    Благодарам однапред!
     
    Последна измена: 22 декември 2020
    На Lemon му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Vittoria

    Vittoria Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Ете јас почнав со самовработување, а сега имам и вработени. Слободно прашај конкретно ќе ти кажам.
     
    На Lemon му/ѝ се допаѓа ова.
  3. pictors

    pictors Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2020
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    6
    Халелуја конечно! :D
    Фала ти, ќе се потрудам што пократко и појасно да се објаснам.

    Услугата што би ја нудела јас е дизајнирање и развивање на веб страни, и на почетокот би била само јас вработена. Планирам да изнајмам и мал простор.
    Месечно ќе имам само една фактура, барем на почетокот, за услуги извршени за странски клиент.

    Би сакала да знам генерално за процедурата, какви чекори треба да превземам, за легалните обврски, месечните трошоци.
    Колку потроши за отварање вкупно, и колку и на што трошиш месечно за потребите на фирмата?
     
  4. Vittoria

    Vittoria Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Еве и јас ќе се потрудам колку можам и знам да ти напишам за постапката...
    Значи прво ќе одбереш сметководител кој има лиценца за отварање фирма, кој е зависно колку ќе ти наплати, цената тука стварно варира, колку што знам од 6000 до 12000 ден. Не сум од Скопје така да за тоа таму ќе се информираш.
    Во врска со изнајмување простор тоа ќе треба да се регулира дали е од приватно лице за кое ќе плаќаш данок на имот, или само на фирмата.
    Ќе ти треба и паричен или основачки влог во вредност/износ од 5000€.
    За оваа постапка (ако одиш со основачки) ќе ангаржираш судско лице проценител кој ќе те кошта некои 6000ден.
    Што е ново сега за овој влог, можеш да го одложиш само до една година.
    Документи ќе ти требаат:
    Лична карта, име на управител, шифра за таа дејност која ќе ја работиш - тоа ќе го најде сметководителот
    Откако ќе се регистрира фирмата ќе се регистрира и вработен, тоа можеш да го одложиш до некои 2 месеци без да пријавиш ама ќе следат контроли да знаеш исто.
    Оттука штом има вработено, нема назад, тие законски давачки обврски си течат во смисла на стаж осигурување, 6000 на 15000 плата.
    Плус книжењето на таа фактура, месечните трошоци, вода струја кај мене на пример е индустриска, приложените набавки кои ќе ги правиш...
    Лично колкави трошоци имам секако зависи од периодот, јас сум со повеќе вработени, плус не сум таа дејност, а за отварањето тоа е што ти нашишав погоре.
    Уште еден совет, ако нешто не ти оди како што треба (искрено ти посакувам успех) не почнувај постапка за затврање на фирма. Тоа оди преку суд, па адвокат со некои 60000денари. Стави ја во мирување, автоматски по 3 години ќе ја избришат заради не активност.
    Ќе плаќаш тогаш само фирмарина и завршна годишна сметка кај одбраниот аметководител.
     
    Последна измена: 18 јануари 2021
    На Lemon и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Vittoria

    Vittoria Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Уште нешто, откако ќе си добиеш решение за фирмата ќе си ангажираш и за изработка на печати кои исто варираат со цената,
    некои 700денари за двата (со се штембилот), 1200, 2000, има значи разни модели.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Колку што знам ако одиш кај сметководител за отворање на фирма, повеќето не ја наплаќаат таа услуга бидејќи секако ќе те задржат како клиент и ќе си плаќа месечно за сметководствени услуги, кои секако ќе ѝ бидат потребни во иднина.
    Инспектор за труд може да ти дојде само во дуќан, работно место обично што држат фискална, инаку фирми си функционираат без вработен нормално, особено ако се работи за услуги.
    @pictors има од скоро опција во Централен регистар за самостојно основање на објект, ќе те кошта само дигитален сертификат од 1500 ден. Доколку одложуваш упис на основна главнина-капитал, имаш рок од 1 година да ја запишеш, меѓутоа тоа мора преку адвокат и ќе те чини додатни 200-250 евра, така да подобро е на почеток само за проценка да си платиш, отколку покасно и плус адвокат.

    За да користиш ослободување од персонален данок заради самовработување, треба да одиш прво во АВРМ-биро за вработување, од таму ќе те воведат што понатака, т.е регистрација итн. Можно е да има и поволни мерки во моментот и да те следуваат, како неповратни средства за отварање на фирма и сл.
     
    Последна измена: 18 јануари 2021
    На Lemon и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  7. Vittoria

    Vittoria Активен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2020
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Убаво што се вклучи, секако ќе и биде од корист, јас сметководител ангажирав откако ја регистрирав фирмата не знаев тогаш па многу разлка платив.
    Инспекција кај мене редовно доаѓа, и напишав јас, угостителска дејност сум така да нејзиниот случај е далеку поразличен.
    Како и да е, и одговорив како што праша преку личен пример.
     
    На Lemon и Mikha4 им се допаѓа ова.
  8. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.261
    Да, кај угостителите се редовни инспекторите, што повикани од конкуренцијата, што за гратиси, за жал.

    Во секој случај, ви посакувам многу успеси во иднина, и на двете..
     
    На Vittoria му/ѝ се допаѓа ова.
  9. pictors

    pictors Активен член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2020
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    6
    Vittoria Mikha4 Ви благодарам што посветивте време да одговорите, многу ми бевте од помош!
    Ги процесирам податоците сега :smirk: