1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самоглас - платформа за аудио книги на македонски јазик

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од ♡BuBaLe♡, 18 февруари 2020.

  1. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    „Самоглас“ е првата платформа за пласирање на аудио книги на македонски јазик. Платформата претставува веб апликација за пристап до аудиотеката (аудио библиотека) која е нов модел за претставување на литературни содржини на македонски јазик.

    „Поттикнати од постојаниот пад на просечните оценки на учениците сакавме да донесеме услуга која постои веќе некое време на глобално ниво. Овозможувајќи и олеснувајќи пристап кон литературна содржина за сите. Не само за оние кои сакаат да слушаат аудио книги, туку и за оние на кои им е нужно потребно како лицата со инвалидност, слепите и слабовидни лица, како и лицата со дисклексија,“ вели Христијан Поп-Симонов од „Самоглас“ .

    Покрај Христијан зад идејата на „Самоглас“ се и Ангела Стојановска и Васко Костовски од Здружението за афирмација на уметноста „Флуктус“ чиј проект е поддржан од Министерството за култура. Сите тројца се млади актери, дипломирани на Факултетот за драмски уметности – Скопје, и покрај реализацијата на самата платформа, тие и ги позајмуваат гласовите за читање на книгите, пишува Радио МОФ.

    Моментално, „Самоглас“ е достапен само преку својата веб верзија, но од тимот велат дека напорно се залагаат за изработка на апликација за мобилни уреди.

    „Самоглас“, може да се следат и на нивните официјални профили на социјалните мрежи Facebook и Инстаграм.

    Извор - точка.мк

    За мене ова е проект за почит. Кога пешачам сама слушам книга, а последниве вечери им пуштам на децата за заспивање.

    Сеуште не сте регистрирани?
    https://www.samoglas.mk

     
    На mKdevojce, glosipgirl, emiliana и 2 други им се допаѓа ова.
  2. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.796
    Супер идеја, се создаваат и повеќе работни места за македонистите, или барем би сакала да верувам дека тие ќе бидат тие кои ќе ги читаат книгите на правилен македонски јазик, без скопски нагласок, што воедно би влијаело на подобрување на нашиот изговор во формална комуникација :).
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.416
    Пол:
    Женски
    Пред некој ден прочитав и одма се регистрирав. Немам навика да слушам книги, но сакам да пробам
     
    На Bubce38 и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    3.837
    Допаѓања:
    21.520
    Ектремно добра идеја, конечно платформа за аудио книги на македонски. Нон-стоп мултитаскинг-увам со подкастови, така да, ова е одлично за мене! Одамна се регистрирав и ми се допаѓа како функционира. Гледам и доста брзо додаваат нови книги.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  5. martiiinna

    martiiinna Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2016
    Пораки:
    855
    Допаѓања:
    4.354
    Пол:
    Женски
    Одамна постои ова надвор од границите на Македонија и никогаш не ми се допаднало како идеја.
    Книгата треба да се фати во рака и самостојно да се прочита, да се развие способноста за развивање на имагинацијата, да се развие способноста за совршено изразување на замислените идеи и да се зголеми вокабуларот.
    Со платформава ништо од горенаведеното не се постигнува.
    Да сакам да слушам ќе пуштам филм, и така веќе поголемиот број четива се адаптирани во филм.
     
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    На страната на Националниот сојуз на слепи лица на Македонија има голем избор на аудио книги. Голем дел од нив се лектири за основно и средно, ама има и многу други.
    http://nssrm.org.mk/category/audio-knigi/
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    2.688
    Допаѓања:
    7.060
    Пол:
    Женски
    Ама не си само ти саде сама на светот :) Аудио книгите се посебно потребни за слабовидните и многу корисни за учење нов јазик (без разлика дали странци учат македонски јазик или ние учиме странски јазик). Особено од помош во усвојување на акцент и изговор. Јас на пример ретко гледам филмови, во новиов стан со месеци немав телевизор воопшто и аудио книгата е одлична кога сакаш нешто да прочиташ, а си отепан и очите ти течат од седење пред компјутер цел ден. Многу повеќе успевам да прочитам со помош на аудио книга. Камо среќа да знаев дека ги имало Стојан Тарапуза и Сказна за детето Вилен во аудио формат, ќе ги слушав 24 часа на ден.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.121
    Допаѓања:
    76.431
    Пол:
    Женски
    Се регистрирав. Колку ќе ја користам ќе видиме, има добри книги вака набрзина како разгледав ама сега приоритет ми се овие од саемов што ги зедов.
     
    На ♡BuBaLe♡ му/ѝ се допаѓа ова.
  9. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    6.290
    Допаѓања:
    34.223
    Пол:
    Женски
    Постои сеуште ова? Имаат апликација сега?
     
  10. GirlVolley

    GirlVolley Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2020
    Пораки:
    1.022
    Допаѓања:
    1.629
    Пол:
    Женски

    И јас би сакала да знам