Самодовербата кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од marchi-cool, 14 септември 2019.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    Би сакала да подискутираме околу самодовербата кај децата. Кога таа се стекнува на кој начин се зголемува, колку е важна самодовербата кај децата, и како ние можеме да придонесеме за нејзино подигање.
     
    На gjoker4e, cresa-jagoda и Fallen.Angel им се допаѓа ова.
  2. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    Ќе споделам нешто кое ми го зборуваше психолог бидејќи јас имам намалена самодоверба уште од детството.
    Докторката рече дека за пример ќе се земе нешто кое детето научило или не научило да го прави на одредена возраст. Таа го искористи примерот кога мало дете научило или не научило да си ги врзува врвките од чевлите.
    Кога едно дете ќе научи да ги врзува врвките доколку од дома родителите му велат браво сине најјак си,најпаметен алал да ти е најдобар си од сите, на тоа дете веројатно сите “достигнувања” му се ценат на тој начин и ете со тие зборови. Така детето ќе има огромна самодоверба, но тоа не е добро бидејќи може да премине во нарцисоидност.
    Другиот пример или другото дете бев јас. Јас не научив да врзувам врвки и мајка ми веднаш почна да ми зборува дека сум смотана, како Марија,Петко,Трајко и сите други знаеле а јас не сум можела.. Тоа придонесува веќе до голем пад на самодовербата..
    На оние деца на кои родителите им купуваат патики со лепенки бидејќи не можат да научат да врзат врвки не им прават услуга воопшто. Тие деца секогаш ќе бараат алтернатива или полесен начин за нешто, нема ни да се обидат да променат нешто..
    Децата кои поминале подолго време со родителите учејќи како да врзат врвки или во друг случај нешто друго, доколку им се објаснило на мирен начин, им било покажано макар и 100 пати, и не било детето споредено со други, или откако ќе успее не треба да следат пофалби и ракоплескања. Тие деца пореално гледаат на нештата во животот. И откако ќе научат да прават било што доволно е едно “Браво”.Бидејќи најважен е пристапот кон нив да биде смирен и да се одвои доволно време, дури и 2-3 саати ако треба но поентата е детето да сфати и разбере како се прават нештата а не да се чувствува неспособно при споредба со други деца или пак да се прецени за одредено нешто кое секако мора да го знае.
     
    На 24.07, mamaJana, nadenadia и 11 други им се допаѓа ова.
  3. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    јас мислам дека несекогаш е така. Мајка ми цел ама баш цел божји живот ми збореше како сум неспособна неписмена смотана.... И уште многу други погрдни и омаловажувачки зборови. Едно време бев повлечена и срамежлива ама потоа како за инат бев спротивно од она што ме правеше. Секогаш кога ќе речеше нешто со кое би можело да ми ја наруши самодовербата всушност ме тераше да успевам да се трудам.... И се издигнав сама на свои нозе. И ден денес знае да подрече нешто но добива одговор дека далеку е подолу од мене и во образование и во поведение. Со тек на време сама си ја доисчеличив самодовербата нели цел живот се градиме како личности.
    Но... Јас можам јас како личност да се изградам, се плашам дали можам да влијаам врз моето дете. Дали правилно или негативно ќе издејствувам? За децата најмногу е битна самодовербата во раната возраст.
     
    На SkarletOHara, gjoker4e, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.984
    Пол:
    Женски
    Еве @marchi-cool тебе и сигурно на многу други, обесхрабрувањето од родителите уствари ве направило посилни и посамоуверени. Други, не.
    Зависи и карактер и околина. Доколку некое дете се чувствува помалку вредно во однос на некој свој врсник или брат/сестра, родителот треба да разговара и да посочи дека не сме сите исти и дека не треба да се споредуваме за лошо.

    Не може да се потпре родителот на претерано фалење ( како што кажа @Fallen.Angel може да премине во нарцисоидност ) ниту пак на критики. Се треба да е умерено и со разговор.
     
    На gjoker4e, cresa-jagoda, Fallen.Angel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    Во очите на мајка ми бев неспособна,ми велеше никогаш нема да научам некои работи. Но имав поддршка од татко ми и успеав некои стравови да ги победам.. Но се уште е присутна некоја несигурност кај мене.. Имам страв од неуспех( а сите доживуваме неуспеси) имам страв да не се преценам себе и своите можности и способности.. 2 години е почината, 2 години никој не ме омаловажува но сепак тоа се белези..
    Брат ми е друга приказна.. Секогаш го сметаше него за најдобар и еве денес си имаме проблеми со него.Возрасен е но не прифаќа туѓо мислење, не слуша никого освен себе, нарцисоиден е претерано и на моменти станува агресивен (како мајка ми) и успева да влијае врз некои луѓе.. Мислев порано дека е поубаво да сум како него, но тој никогаш во животот не се измачи да стигне и достигне нешто, се му е сервирано. Сега сфаќам дека тој е неспособниот и тој ќе се соочи со проблеми понатаму.
    Иако за мои 20 години имам постигнато многу работи секогаш се запрашувам дали вреди тоа, да не случајно се преценувам.. Свесна сум дека сум способна за многу работи, но не можам да објаснам какво е чувството постојано да ме јаде страв и несигурност.
     
    На SkarletOHara и gjoker4e им се допаѓа ова.
  6. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.885
    Ќе влијаеш со секоја постапка и секој кажан збор. Децата така се програмираат уште од мали, процесот на социјализација почнува дома. Јас кога бев споредувана со други деца кои биле поуспешни и попаметни од мене чувствував вина,почнував да не се дружам со тие деца..
    Мајка ми беше погрешно насочена кон мене. Секако добронамерно било, но психологот ми кажа декс многу тешко се бришат тие програми во нашиот мозок кои се создале во рано детство и продолжиле до одредена возраст( кај мене до 17 год)
    Интересно нешто што ми го спомена беше едно истражување поврзано со програмирање на детскиот мозок.. Ако мало дете грицка нокти или става играчки во уста родителот не треба дс го удира по рацете.. Јас грицкав нокти и моите знаеја да ме плеснат по рачето.. По извесно време од страв да не те плесне некој по рачето прекинуваш да ставаш било што во уста.. Ова е програма која лесно се брише, кога детето ќе порасне, потсвесно знае дека може било што да прави и стави во уста и да не биде удрено. Овие деца според некое истражување стануваат пушачи.
    Поентата ми е дека со секое направено или изговорено нешто се влијае врз дете и нема потреба многу да читаме психологија и друга стручна литература, едноставно како се однесуваме такви ги правиме децата, логично е.. Секако влијание има и карактерот на детето, но верувајте не постои нешто што не може да се реши преку отворен и смирен разговор. Тоа го имав со татко ми, а тој никакво познавање нема од психологија.
     
    На 24.07, mamaJana, SkarletOHara и 2 други им се допаѓа ова.
  7. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    37.495
    Пол:
    Женски
    Само што тргнав да отворам ваква тема. :D
    Навистина многу важна тема за дискусија, но за жал ниту една страна не е испишана.
    Наместо да ја трошиме енегијата ви Свекрвите и снаите попаметно е тука. (y)

    Мене ме интересира како вие работите на самодовербата на вашето дете?

    Едно од најважните нешта е да се оди детето на спорт, танц, карате и слично. Ќе пробаме на танц и карате најпрво па ќе видиме што ќе го привлече со текот на времето. Која ја прашав рече сака да танцува и бокс како татко и што гледал па ќе видиме.

    Се трудам да е дотерана, бањата, коса чешлана, по некоја детска фризура, заби миење и конец и се омилени и и кажувам колку убави и бели заби има и дека треба да продолжиме така и на забар одиме на 6 месеци, и купувам ташни, венчиња и слично. Последно бевме да си избере парфем. Не сакам шмизла да ја направам туку работам на самодовербата на повеќе начини бидејќи знаеме колку е тоа битно во животот.

    Купиваме боенки, боици и обавезно и кажувам колку убаво обоила, како секој пат е се подобро.

    Ја прашувам што сака да биде кога ќе порасне, вика полицаец и овие со брза помош што идат како се викаат со едно име нз, итен доктор ли.

    Приметувам дека секогаш е со зголемена самодоверба.

    Пред други никогаш не ја прекорувам. На пример ако фрли камен во кола пред било кој јас ништо не и викам туку чекам сами да сме и да и кажам дека тоа не е добро.

    И кажувам дека никој не смее да ја гурне или и да и забрани да игра со нешто. Кога некој ќе рече нешто лошо или направи дека вината е во него, а не во неа.

    Ќе допишам кога ќе можам ако ми дотекне нешто ама навистина би сакала да слушнам други мислења за да споредам, да знам што друго би можела да применам, додадам, одземам.
    Навистина ми е многу важна оваа тема.
     
    На Skorpija25, WomanInLove, marchi-cool и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    @gjoker4e за самодоверба на мало дете градење само начинот на кој се даваат пофалбите е битен. Танц, карате и слично е за поголеми деца. До поаѓање на училиште неструктурирана и полуструктуриран игра се најбитни за развојов на детето од секој аспект (емоционален, социјален, когнитивен). Структурирани активност се моќ на маркетинг во потрошувачко општество за жал и форсирање на детето (освен ако некој стручен примети дека детето е ептен талентирано за нешто па е мнооогу битно тоа да се развива). Самодоверба кај мало дете се гради кога ќе научи само да се храни, да вози точак, да врзува врвки, да се облекува и слично. кај тие пред школо е учење да препознаваат бројки, букви, правилно држење молив и слично. Кај деца на предучилишна возраст е битно да истражуваат, да копаат по земја и песок, да трчаат, да се качуваат на дрва и слични работи. Дома е битно да играат со пластелин, кинетички песок, пена за бричење, тесто коцки и слично за да искреираат нешто ново и свое. Исто така помагање во домашни работи гради самодоверба и одговорност: Готвење заедно, помагање во собирање играчки, грижа за одреден предмет кога се патува или изглеува од дома. Тоа им гради самодоверба повеќе од прва и втора балетска позиција.
    За мало дете најбитно е да се пушти само да истражува со поддршка. Да му се нидат дома активности (и во градинка нели или некој едукативен центар). Родителот треба баш да следи што го интересира детето и да го стимулрија тој развој и ако види дека детето е речиси подготвено да нпарави нешто да му помогне соодветно. Исто така битно е како се фали детето. Фалбие треба да одат во насока на: Браво што се потруди, кога се трудиш добиваш резултат, зашто така освен самодоверба се гради и упорност. Да не бидат само браво успеан, многу си умен/умна. И исто така да не се критикува за физички изглед и да не се споредува со други деца експлицитно (од типот само ти не можеш тоа да го направиш сите други можат).

    А ако фрли камен пред други, одма критикуваш. Зашто кај децата вниманието е многу кратко. Тоа што ќе и кажеш после пола саат ништо нема да и значи (не може да ја врзе критиката со стореното дело). Само начинот на критикување е исто битен. Прекинуваш одма активност, без викање и тепање секако и почнувам разговор како и зошто е стореното лошо и како таа би се чувстувала ако некој друг го стори истото кон неа.
     
    Последна измена: 8 март 2021
    На elenaklasik, Sexybaby86, 24.07 и 13 други им се допаѓа ова.
  9. eli.karameli

    eli.karameli Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2012
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    5.543
    Преубаво тема. Еве јас имам потешкотија со девојчето 3,5 год. Максимално посветени на неа, со пофалби, убави зборови како е добра, трпелива, добра другарка што дава играчки итн, но детето е многу срамежливо. Со други деца и треба многу време додека се опушти, па јас треба од страна да и велам прашај ова, прашај она, сама не започнува конверзација. Кога збори со други дете ги витка нозете од срам. На лулашки ако се повеќе деца растрчани дури и се плаши од нив. Не дај боже да и се залепи некое. Не знам како да постапуваме, со фактот дека не оди во градинка, со короната и социјализација е сведена на нула. Девојчето нема никаква самодоверба, препишувам и на тоа дека говорот уште не и е чист, па и не се разбира некогаш што збори. Ама стварно не знам како да постапуваме со неа.
     
    На WomanInLove и gjoker4e им се допаѓа ова.
  10. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Многу убаво објасни! Јас би го потврдила она за начинот на пофалба, апсолутно само "браво" може повеќе штета да направи, како и она "најдобар и најубав на свет". Првото носи последици на одобрување, па детето својата вредност да ја изедначи со одобрувањето од околината. Наспроти ова, самодовербата кај децата значи дека и да не се пофалени чувствуваат сатисфакција за вложениот труд, за креативноста и истрајноста во она што го прават. Да не го намалуваат чувството на вредност кога нема да успеат или погрешат.
    Второто носи ризик од нарцисоидно себевоздигање, тотално контрапродуктивно во развојот и градење слика за себе.
    Среќа на оние кои се растени во семејства со поддршка од родители, познавам такви многу среќни луѓе, задоволни од себе и она каде се, а тоа не значи продавач, претприемач, претседател, исто е.
    Познавам и такви, меѓу кои и јас, кои вредноста си ја градеа сами, си даваа кредит и за малите победи во животот, тоа проследено сепак со некоја траума од детство, која помалку или повеќе ја надминале, а како најважно, се трудат да не ја пренесат на потомството, да го прекинат синџирот на психолошко насилство. Свесност и гледање на големата слика во секојдневното воспитување на деца, аплауз за таквите.
     
    На elenaklasik, marchi-cool, Sexybaby86 и 5 други им се допаѓа ова.
  11. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    37.495
    Пол:
    Женски
    Ова да не е срамежливост. Мислам не знам колку блиску поими се, но сепак станува збор за срамежливо дете.
    Немој ништо со сила да правиш. Не и викај цело време направи ова, направи она.
    Ако сака нека си игра сама.
    Треба да почнеш од едно другарче. Со едно да се најдобри и да се дружат константно па со другарчето ќе се здружат со трето или група од две три деца.
    Мислам зборењето прашај ова, прашај она, има контра ефект. Не може да праша нешто ако не сака, ако не ни добило таква идеја во својот ум да праша.
    Постепено работете на срамежливоста.
     
    На marchi-cool, WomanInLove и eli.karameli им се допаѓа ова.
  12. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    37.495
    Пол:
    Женски
    @JoyJoy од колку години детето се запишува на спорт?
     
  13. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.887
    Се повеќе сретнувам деца со намалена самодоверба, запрепастена сум кога ќе слушнам некои изјави од деца, овие се на возраст на ќерката, околу 6 години, - види какво ми е лицето никој нема да сака да се дружи со мене, кога наставничката побарува да напишат писмо на едно другарче од класот слушам од едно дете мене никој не ме сака за најдобар другар, никој нема да ми даде писмо - детево добива 3, носат цртеж за некој конкурс дете не го дал на наставничката зошто некој му дал лош коментар... Мислам дека кога се многу фалени дома дека се најдобри во се, најубави, најпаметни, доаѓа проблем кога ќе се соочат со реалноста на улица, во училиште или во некој спорт, кога ќе видат дека има подобри од нив во нешто многу тешко тоа го доживуваат.
    Мене секогаш ме споредувале со други деца , сите беа подобри од нас. Тогаш не мислев дека ми значат тие зборови, но сега се уште ме болат.
    Не знам дали јас сега со ќерката постапува правилно, ја охрабрувам секогаш кога мислам дека треба, да црта и не мора да има најубав цртеж само да ужива во цртањето, да вежба и секогаш да се труди да направи повеќе од вчера за тоа што може, но не мора да биде подобра од сите други деца. Прават некои гимнастички вежби во паркот и е секогаш меѓу првите што ќе научи и меѓу подобрите, но почетокот и е секогаш тежок, пробува еднаш тешко и е, и се повлекува. Ја убедувам да вежба затоа што може и на крај увидува дека навистина може. На улица често се тркаат со велосипеди или со трчење, и зборам да трча до крај дури и кога губи, зошто кога ќе се труди повеќе ќе дојде моментот и кога ќе победи. На почетокот ако види дека некој е пред неа застанува. Сега увиде дека може да го победи тој пред неа само ако продолжи да вози или трча.
    За облекување ја охрабрувам да го носи тоа во што таа ужива, значи не мора да е најдотерана според другите туку да го носи тоа во што таа се чувствува убаво. Така сега си прави некои необични комбинации и и дозволувам така да излезе на улица.
    Знае некогаш да се повлече но зборуваме многу, имаше едно видео едно детенце сака да прескокне стол но паѓа многу пати на крај успеа. Го гледавме заедно и ми кажуваше после тоа во некоја игра - не можев ама и јас пробав неколку пати како тоа дете и сега можам, претходно ако нешто мислеше дека нема да може да направи не се ни обидуваше.
     
    Последна измена: 8 март 2021
    На marchi-cool, Sexybaby86, 24.07 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    28.548
    Според мене, најважно е децата да не се караат и критикуваат кога ќе згрешат нешто. Ако е намерно, да се објасни зошто тоа што го направило не е добро, а ако е ненамерно, да му се укаже дека не е ништо страшно и дека на секој понекогаш му се случуваат непријатни работи, па дури и на возрасните.

    Кога детето сака да (на)прави нешто, да се поддржи во тоа, а кога нешто не сака, да не се форсира. Да се следат интересите на децата и да се негуваат, колку и да се тие променливи или пак да не се совпаѓаат со нашите интереси или мислењата од околината. Нормално, сѐ додека тоа не ги загрозува безбедноста и здравјето на детето.

    Прекорувањето за сѐ нешто, како и форсирањето, најчесто даваат ист ефект, ниска самодоверба. Ова во превод значи непочитување на личноста на детето. Ако детето е третирано и почитувано како посебна индивидуа уште од најмала возраст, многу веројатно дека и самото ќе се цени себеси понатаму во животот.
     
    На elenaklasik, Sexybaby86, M.B. и 5 други им се допаѓа ова.
  15. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    Кога ќе појде во школо, како антитеза на тоа што во школо ќе биде повеќе седнато отколку растрчано. Ова повеќе за правилен физички развој. Во градинка додека се секако повеќе трчаат отколку што седат. Ама јас лично би чекала барем прво полугодие да помине од прво одделение за да се навикне детето на школо па потоа спорт.
     
    На WomanInLove и gjoker4e им се допаѓа ова.
  16. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    Може да е детето срамежливо. На 3,5 години е сеуште мала. Рачунај дека зедничкаа игра кај деца се равива некаде околу 3 години. Ако кај твоето говорот сеуште е малку нејасен може и тоа ја спречува да се опушти. Немој да форсираш ништо. Факт е и дека КОВИД-ов малку негативно влијае на социкализација на децата. На 3 години сакаат да играат заедно ама многу поопуштени се ако секој ден гледаат едно исто другарче (што на лулашки не е баш секогаш можно).
    Види ако можете да најдете термин на лулушки кога има повеќе деца од нејзина возраст и излегувајте тогаш за да си создаде „круг на пријатели“ односно ден по ден со нив повеќе да се опушта. КОнстанстонста на пријателите е битна во оваа фаза на развој. Кај срамежливите деца ова малку поспоро оди. И не значи ништо. Може да се опушти без гајле. Мојот беше таков, тешко се опушташе. Годинава некако се смени. Сега нема проблем со запознавање со други деца. Иако сепак преферира да си игра и да се дружи со тие шти ги зне што е нормално. Се што треба е време и трпение.
     
    На Sexybaby86, WomanInLove, gjoker4e и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Autumn_

    Autumn_ Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    2.504
    Пол:
    Женски
    Не знам во која градинка децата се во голем период растрчани, мој впечаток е дека во најгочем дел од времето се на столче со активности, кои се одлични но не се физички активни, затоа сум за спорт од најмала возраст, ете пливање кај нас е од 4 годишна возраст, некаде е од пред годинка. Спорт би сакала да се сфати како забава и рекреација а помалку и воопшто да нема натпреварувачки сегмент
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    37.495
    Пол:
    Женски
    Ама ниедно дете не би требало да може да седи подолго на стол од половина час. По половина час нели појадок, ручек, ужина, кога мора да седат ама онака ниедно дете не би требало гз да го држи на стол. Освен ако не им пуштат телевизор кој се уште не можам да поверувам дека стварно го има во некоја градинка.
     
  19. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.473
    Допаѓања:
    22.799
    Пол:
    Женски
    Не знам дали е срам, или немање самодоверба.
    Со деца е горе доле ок, меѓутоа со возрасни е како дете кое не збори и како да не перцепира што ја прашуваат, ќе се сврти накај мене и ќе ми каже мама ти кажи.
    А само секунда пред тоа, бамборела 100 на саат, скокала трчала, нормално детско однесување.
    И секогаш и велам, мама зошто се срамиш, секогаш треба да кажаш што сакаш.
    Во градинка велат е ок, гледам и на слики насмеана е и вклучена во се.
    Многу знае, а освен ние дома, никој друг не го гледа тоа, молк.
    Не сакам да ја форсирам, но ми е мака и не знам како да постапам веќе.
    Само барам ете кога ќе и каже некој здраво, да возврати, не мора да прави на долго и широко муабети.
    Ја учам, зборам, ама се е џабе.
    Еднаш ми кажа дека не била убава, јас и реков не мама, сите деца се убави не вели така.
    Не ја форсирам на ништо што не сака како облека, фризура итн...
    Но од друга страна мислам е мала, 3ипол е...
    Се надевам и со градинкава ќе се оправи иако еве и за тоа вика дека не сака да оди.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  20. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.375
    Допаѓања:
    37.495
    Пол:
    Женски
    Не сфатив што е проблемот?
    Не мора да кажува здраво, посебно не на возрасни, не мора да разговара и да одговора на прашања.
    Можеби е интровертна личност, но тоа не значи дека нема самодоверба. Не се сите деца зборлести и комуникативни со сите.
    Доволно е што вие знаете колку знае, за другите сеедно е дали знаат или не и што мислат.
    За во градинка нормално е така да вика па со тек на време ќе сака да оди.
    Некои возрасни па колку зборат мислат детето дека е должно да им одговори. На децата им требаат деца, песок, ливади, а не возрасни што чекаат одговор кого сакала повеќе мама или тато.
     
    На kalinaka и Autumn_ им се допаѓа ова.