1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самодовербата кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од marchi-cool, 14 септември 2019.

  1. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.466
    Допаѓања:
    22.784
    Пол:
    Женски
    Не е проблемот за возрасни други, некогаш ни на бабите не им кажува што сака, ми вика мене да им кажам.
    Ете за тоа ми е криво а не за рандом лик.
    Како да е повлечена со сите освен со мене и татко и.
    Не е во ред тоа. Јас бев таква утка, ќутев и ме малтретираа ради тоа.
    Сакам да знае да каже не сакам... А не да ќути
     
    На sunmoonstars, SkarletOHara, mal.ecka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.358
    Допаѓања:
    37.443
    Пол:
    Женски
    Па да не зборат премногу бабите. И мене некој да ме прашува нешто не би му одговорила, посебно ако е напорен, посебно ако двајца или повеќе ми викаат да одговорам.
    За почеток ти ќе одговораш додека да се опушти, не се знае колку долго ќе трае фаза, па некогаш ќе одговора сама.
    Јас и ден денес имам уплав од тетки и баби и држам огромна дистанца. Кога ми рекле сто души сто пати земи јади нешто од масата за цел живот ми се има одјадено. :lol:
    Не значи дека ќе биде како тебе.
    Друго, мислам дека ти погрешно гледаш на работите ете затоа што ти си била таква како се опишуваш. Не значи дека детето ќе е. Па тоа е само три и пол години со непостоечка минимална желба да збори со возрасни. А баба ко баба можам да претпоставам каков пристап има. Ако ја прашала повеќе од три пати дали сака смоки верувам дека детето нема да сака да одговори и ќе му се одјадат смоки.
    Во градинка гледам кога не сакаат да одговораат никому ништо, не ги прашуваат по втор пат, не ги напнуваат, едноставно ги оставаат да продолжат да бидат деца.
    Ако некој ќути не е негова вина, вината е на тие што малтретираат. Затоа треба да создадеш доверба и пријателски однос за ако некогаш дојде до такво нешто да ти каже.
     
    На elenaklasik, mal.ecka и Цвет88 им се допаѓа ова.
  3. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    4.466
    Допаѓања:
    22.784
    Пол:
    Женски
    Па едната да, напнуе малце повеќе, не само неа, општо сите ги напнуе...
    Јас секогаш одговарам место неа, но не со конкретен одговор, туку, велам не и се збори сега. И си поминувам пример.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. gjoker4e

    gjoker4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2016
    Пораки:
    7.358
    Допаѓања:
    37.443
    Пол:
    Женски
    Можам да замислам.
    Мојава кога не одговара ни јас не одговарам. Зошто некој очекува дека мора да добие одговор по секоја цена? Ако и се прави муабет нека си муабети со друга баба. Децата се деца.
     
    На mal.ecka и Цвет88 им се допаѓа ова.
  5. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.395
    Пол:
    Женски
    @Autumn_ син ми барем три пати неделно се враќа со пресоблечена долна и горна маичка зашто се испотил од трчање во градинка. Плус кога е убаво времето одат надвор во дров да играат. Јас па не знам како може дете од градинка да седи на столче и да црта 4 на пример. Невозможно е. Ако ги сотаваат да седат треаб да ги врзат за столица (па веројатно и тогаш ќе се гаѓаат едни со други со боци или слично). Во градинките има дел со масички и празен дел за играње. Околку пола саат најногу им трае една активност другото е слободна/полуслободна игра. Пример сега како поголеми играат: мачката и глучвчето, фати слободна столица (една фали) и некои други што и јас ги памтап од дете, а сега и моево дете ги кажува од градинка.
    А ако му треба трчање има цело попладне да трча по паркови, да се јази на дрва, да копа по земја, да се качувате по ридови, да вози тротинет, точак и слично. Сепак ако вие сте си решиле дека организирана активност е најдобро за вашето дете која сум јас да ве разубедувам.

    @Цвет88 сосема е нормално на 3 и пол однесувањето на детето. Ако не сака да се впушти во активност се држи до сигурна зона, а тоа си ти. Прво треба да стекне самодоверба во играње со врсници, а потоа да се пушти и со возрасни. Од твоиве постови ти имаш малку проблем со твојата самодоверба и вербата дека детето може да биде различно од тебе. Опушти се и уживај.
     
    Последна измена: 11 март 2021
    На Sexybaby86, SkarletOHara, Цвет88 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.014
    Допаѓања:
    14.500
    Пол:
    Женски
    мојов има ѝ години и домашна мече да чуе а не па да се потруди да напише. Еве ако е да не го форсирам кога ме сака да пишува што да правам? А не дека не сака да учи. Чита пишува знае има супер резултати на школо. Ама домашните се леле мајко. Или некогаш кога пишува почнува да се нервира зашто пр. Буквата Ц ракипи не ја пишува убаво и вришти дека не сака да пишува оти не знае и не може да ја напише.
     
  7. elenaklasik

    elenaklasik Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2010
    Пораки:
    4.907
    Допаѓања:
    12.060
    Пол:
    Женски
    Моето мислење е дека девојчето ти е мало за да може самостојно да каже или да се "спаси" од настојчиви прашања. Затоа те бара тебе.
    Според мене, најдобро да ги коригираш тие другите, бабите, зашто вистина ептен знаат да бидат напорни. Ние возрасниве сме зацртале кога разговараме со мало дете, тоа да биде како компјутер, аниматор, кловн, да нѐ засмејува итн. Зошто? Од каде таква створена потреба?
    Ние сме тие кои треба да го променат односот кон малите. Верувам дека пред другите не го коригираш девојчето, само кога сте сами, ама и тогаш не мора многу да ја учиш како да враќа, да кажува што сака што не. Одвреме-навреме можеш да си разговараш и за тоа, ама муабетот префрли го кај бабите.
    Сѐ уште е мала, а верувај кога ќе потпорасне, ќе добие сила и самодоверба, самата ќе кажува и возвраќа. Во ред, не се сите џамбаз деца, има и повлечени срамежливи, потивки, и со нив е сѐ во ред.

    Општо, ќе кажам дека треба да се работи на односот кај возрасните кон децата. На што личат само некои прашања?! "Кого повеќе го сакаш, мајка ти или татко ти, Ајде дојди со мене, остави ја мајка ти, Умна е мајка ти, те слуша или да ја тепаме, Се удира дете и плаче и го удираат предметот та та та неумна маса :^), Лелее на кој си олку срамежлив, Дојди да се гушниме, не бегај" и многу други.
    Срам да нѝ е, божем децата се на мајтап па сега ќе си ги играме како нѝ текне. :doh:
    И после зошто не одговарале, па на дебилни прашања не се одговара.
     
    На haruki, Annath и Цвет88 им се допаѓа ова.