Ова според христијанството т.е. според учењето на Светото Писмо е неприфатливо. Тие (најчесто монаси) што го правеле ова сакале со тоа да се искупат за своите гревови, но тоа не е начинот на кој се спасуваат христијаните. Христијаните се искупуваат од своите гревови исклучиво и единствено преку вера во Исус и Неговата искупителна жртва на Голготскиот крст. А што е со православното житие на монахот што се пикнал во сув бунар и таму наводно седел 10 години и спиел врз, извини на речник, ама врз својот измет? Зарем не е тоа своеволно самоизмачување? Да, тоа измачување е уште поголемо од овие што се камшикуваат и бодат со игли. А што е со православното житие на монахот што се качил на столб и таму седел со години? Зарем не е тоа своеволно самоизмачување? Фала на прашањето. Би изјавил три работи: 1. Не треба така. 2. Мартин Лутер го правел ова кога бил Римокатолички свештеник т.е. пред да биде просветлен од Бог преку Светото Писмо, поточно преку посланието до Римјаните, а клучниот стих што го просветлил дека не се искупуваме од гревовите преку самоправеднички дела или преку измачување од нив, туку преку вера во Исус Христос, бил стихот: „Зашто во него (Исус) се открива Божјата правда, од вера во вера, како што е напишано: „Праведникот ќе живее од верата.”“ (Римјаните 1:17, Библијата) Потоа Мартин Лутер дијаметрално се променува, ја прифаќа Божјата бесплатна благодат и љубов преку Исус и храбро ја започнува реформацијата во Римокатоличката црква. 3. Протестантите веруваат дека само Исус бил безгрешен и дека сите други луѓе се грешници кои биле, се и ќе бидат оправдани и осветени исклучиво и единствено преку благодатта на Исус Христос. Така што ни Мартин Лутер не бил безгрешен, ниту во делата, ниту во зборовите, ниту во она што го пишувал. Keep this in mind
Сеуште го има на Филипини, секоја година, масовно цело село се распнува и самобичува. Порано тоа била секта наречена Флагеланти кои се движеле низ Европа и се обидувале да ги преземат на себе гревовите на рајата. Посебно изразено за време на големи веселби како епидемии, Црната Смрт кога се упокоиле 1/4 од рајата во светот. Присутно и во романите на Ден Браун. Лутер потпаднал под искушението на Рогатиот кој му ги ветил небесата со цел да ја подели и ослабне светата Столица, да ја падне единствената Соборна црква на колена, да внесе немир и сомнеж во кротките срца на верните, да наведе милиони луѓе да прават гревови. Кој е коефициент дека Мартин Лутер сега е кај огнените езера?!
За Филипиниве знаев дека има вакви распнувања на крстови ама дека и ова со камшикувањево е исто така активно појма немав. Инаку искрено језиво, особено вака кога гледаш на снимки. А па овие туристиве што гледаат од страна ми се уште почудни, ко да гледаат Мапет Шоу.
Па не е секојдневна можноста да гледаш во живо како на луѓе им забиваат огромни шајки во нозе и раце и како се бичуваат до крв тетеравејќи се по улица и мумлајќи нешто...кој би знаел како да реагира, како да се постави на една таква дешавка
Ако гледаме вака, и постот е измачување на некој начин. Во темава се збори за нешто друго. Мачеништво и себеказнување не е исто, затоа има две теми за овие работи. Себеказнување не е дозволено според Библијата, додека за мачеништво имаме таму пример, нели?
Мачеништво е кога некој друг те мачи тебе, а не кога ти си маваш шамари самиот на себе или самиот своеволно влетуваш во сув бунар и таму седиш 10 години и спиеш врз својот измет. Тоа не е мачеништво. Тоа е баш тоа - самоказнување. Постот е заповедана работа во Библијата. Пикањето во бунари и качувањето на столбови не.
А зошто да се согласиме сите дека ова е забегано кога може да се препуцаваме? Не, сериозно. Баталете вечито ривалство меѓу ваша вера и убедување барем на момент, нема гром во коприви да акне баш тогаш, зошто темава не е за тоа. Околу самава тема: има голем број примери и во текстови и во филмови (еве еден таков) каде свештеници кои се најчесто самоиницијативно одделени од црквата (поради нешто кое тие го сметаат за свој грев), прават грозоморни чинови како себекамшикување со бодликави камшици, сечење на дланките и ред други работи, сè со цел преку физичката болка да се искупат во очите на Бога. Од моја гледна точка тотално погрешно и крајно налудничаво, исто толку колку што се морбидни и налудничави разно-разните церемонии и обреди на секакви секти низ вековите. И не, нема апсолутно никаква допирна точка со христијанството општо (без разлика на која гранка од истото).
Како тоа нема врска со христијанството? Христијанството не е една монолитна структура, има 30.000+ деноминации, цркви, правци, варијанти, секти, култови и сите се убедени дека баш нивната верзија е вистинската а сите други се грешни. Во отсуство на рационален тај-брејкер останува верата а верата на сите ним им кажува дека баш тие се во право. Овие погоре од Филипини се католици, припадници на најбројната деноминација Немам слушнато дека светиот отец Папата ги осудил таквите дешавки...
Гледаш, и ти со пишаното го потврди тоа што го реков - секти Христијанството земено во обликот на изворното учење на Исус и апостолите, потоа пренесено во Библијата, нема врска со ова, и не мора ни папата ни нашиов дедо Стефчо ни никој "големец" да го осудат за само тогаш да би било признаено како погрешно. Секако, не сум толку, како да се изразам... навлезена во религијата и учењата, како што можеш да видиш некои други членови тука, и за подетално можеш ним да им се обратиш, но до олку знам и сама да ти потврдам.
Изворното учење на Исус го продолжил брат му Јаков заедно со мала група луѓе кои си живееа по еврејски канони низ јудејските пустелии, подоцна тоа исчезна и беше заменето со државни религии. Она што е црква за едни е секта за други, МПЦ е секта во очите на вметни-буква-ПЦ, протестантите во однос на католиците иако пред законите сите регистрирани верски заедници се еднакви, сепак има и поеднакви од еднаквите. Значи нема универзално прифатени стандарди што е вистина а што не, што е правилно а што не е. Католиците како најбројни, најјаки и најинтересни христијани не го осудуваат тоа што се дешава на Филипини, што значи дека го одобруваат
Абе добро сега, ако за тебе не е изворно учење Библијата, тогаш не знам чуму друга дискусија. Мислам, и мене може да ми текне да се скренам и да поведам некоја си моја „христијанска деноминација“ за чие „членство“ ќе треба „верниците“ да ми принесуваат жртви, да шетаат голи по гробишта, да си сецкаат делови од телото чисто онака, и ред други грозоморни работи, you choose дури и без тоа ѓаволестото смајли. И што, ќе се најде некој да каже дека тоа не е секта туку е она правилно учење, а католиците дека се нели според тебе најинтересни нема да имаат flying fuck и значи тоа ќе биде со благослов одобрено? Фали логика тука, многу фали.
Од каде ти се овие информации? Имаш некои релевантни историски извори за ова гледиште? Јаков не живеел по еврејските канони, туку според учењето на Исус. Изворното учење на Исус го продолжија сите 12 апостоли и останати Исусови ученици, а не само Јаков. Изворното учење на Исус е запишано во Новиот Завет кој е лесно достапен денес на скоро сите светски јазици.
Омг до толку будали луѓе постоеле а јас мислев дека денешницава е отидена у п.м ... Ама порано биле бетер од нас фала богу што е 21 век П . С . И јас сум среќавала во филмови , ама не сум помислила дека навистина се случувало ова веројатно дека не им верувам многу на " вистинските стории "
@EvAngelos тука велиш дека мачеништво е друг да те мачи, така? Тогаш зошто го спомна таму во таа тема тој што се пикнал во бунар ако тоа не е мачеништво? Треба ли сега да ти ги пријавам мислењата таму за оф топик? Или мачеништво ти беше тоа додека не ја виде оваа тема?
Кога ја прочитав темава, одма ми дојде сцената на Кодот на Да Винчи. Таму прв пат видов нешто вакво Го начекав и ова http://www.dailymail.co.uk/debate/article-1230351/So-DID-Pope-John-Paul-whip-himself.html
Срцка, и таму го спомнав истиов пример во негативен контекст, како негативен пример за „мачеништво“, еве ти мои цитати од таа тема: Инаку у право си, овие два примери не се за таа тема „Мачеништво“, туку баш за оваа тема „Самоказнување“