И ја тоа ти кажувам, дека тоа беше негативен пример за мачеништво кој совршено се вклопува во оваа тема. Овде тоа не е негативен пример, туку совршен пример.
А зошто некои монаси го практикувале? Целиот тој очај и таа болка допираат до мене. За да се очистат?
Self-flagellation, од латинскиот flagellum што значи камшик. Значи, себе-камшикување, не самоказнување. Мачеништвото не спаѓа во self-flagellation. Кога ја отворив темата мислев дека се работи за самоповредување ( и.е. self-harm)
Имало и вакво нешто значи, а? А бе будалска работа. Одвратно и језиво. Што се нема да научи човек. Па згора и сеуште постои некаде како што прочитав? Не се жалам веќе што сум се родила баш тука, чунки од лошо имало и полошо
Страшно. Мене ми е жал за нив. Како да има малку страдање на овој свет, па уште и своеволно нанесување дополнителна болка. Нема смисла.
Не знам што им минува низ глава, но со себеказнувањето се казнуваат себеси од нечистите мисли кои всушност се најнормални па и не се толку нечисти, но ете, според нив, кои дале завет им претставуваат невидено мачење.
Па, можеби е она што го спомна Битер, во однос на телото и христијанството...како они гледаат кон телото - како склоно кон грев, земно, смртно, нечисто..., поврзано со разни „валкани“ потреби/гревови кои ја спречуваат душата (личноста) да се одржи чиста - да порасне над сето земно; да ги надмине земните задоволства/потреби/гревови. Ко форма на покајание им доаѓа. Ментално осолободување од чувството на вина и воедно и потсетник (болката и лузните), себе-дефокусирање од мислите. Од психолошки аспект, има чувство на вина пред да се стори дејството и чувство на вина откако ќе се стори дејството. Па, интересно е човек да види, дали има разлика во жестокоста на себеказнувањето пред и потоа. Можеш да читаш за self-punishment paranoia ...Фројд, Лакан итн. Од аспект на религија, очигледно е дека си нашле нешто за да го оправдаат овојначин на покајание или прочистување или што год. it takes one to know one. Природно е да избираме пријатели и групи според својот образ, потреби, цели...па,така и со овие.
Самоказнување ... навистина патетично Една од причините поради која сум атеист и мизантроп. Всушност, воопшто и не сум изненадена од тоа како може само човековиот ум и психа да се доведе да прави вакво нешто и секако немам ни малку сочувство и за оваа група на луѓе. Сите имаат свесен мозок и со тоа им е дозволено да прават што сакаат, па и да се самоубијат - not my problem, not my concern. "Only two things are infinite, the universe and human stupidity, and I'm not sure about the former" - Albert Einstein P.S.- Ова го пишувам во поглед на самоказнување поради религија, а не од психолошки аспект, што е различно...
Да беше само самоказнувачката религија и атеизмот и ја ќе бев атеист. Среќа постои и наука, астрономија, космологија која силно ме убедила дека Универзумот бил создаден од Создател.
Девојче сè е во ред, и јас не го одобрувам ова, ама не значи дека ако човек е религиозен дека се казнува себеси. Има и такви случаи за жал ама не се сите такви кои се религиозни. Ова ти го кажувам најдобронамерно, не ме сфаќај погрешно, само велам дека треба да си го преиспиташ малку ова размислување, не ти мислам лошо.
Self-harm e проблем при кој душевната болка личноста ја пренесува во физичка намерно повредувајќи се, и тоа е индивидуално и дел од психички болести и состојби. Додека самоказнувањето од религиски причини би било повторно „ослободување“ на најлош физички начин од внатрешни тешки превирања и вина за гревови, само што тука тоа се случува групно и масовно, под влијание на извитоперено сфаќање на религиски догми. Така да исто и второво може да се анализира од психолошки аспект кај оние што отпочнале и што следат вакви движења, и не треба да се поистоветува со религиозноста воопшто. Иначе многу језиво и жално е за тие луѓе, вакви практики и движења се за најстрого неодобрување.
Секое дејство кое човекот го прави има психолошки апсект, без разлика на неговата духовна не/определба - тоа е функцијата на нашиот свесен мозок. Ако зборуваме за self-harming, тоа човекот го прави само врз дејство на неговата психа, без религијата (која не е психологија, туку е верување и определба) да е фактор за таа одлука. Во мозокот не постои посебен дел кој ја определува нашата определува нашата духовна ориентација, туку тоа зависи од верувањето на самата личност, односно не постои т.н. 'God Spot'