1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самоказнување

Дискусија во 'Религија' започната од blonde_supergirl, 16 јануари 2018.

  1. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Јас тоа не го реков, туку изјаснив дека одредени луѓе се подготвени да се самоказнуваат поради религијата, а не сите верници.
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  2. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Студирав на клиничка психологија, кој во моментов ми е на пауза, од икс причини. Во се има психологија. Само сакав да ти го посочам тоа.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Интересна тема, не мора да се разгледува од религиски агол. Претпоставувам дека кога те мачат сопствените грешки, полесно би ти било доколку се казниш и обележиш некако. Оттаму доаѓаат и овие методи. Во мојот клас во средно, имаше девојче кое си нанесуваше повреди на рацете со жилет и отворено признаваше. Тогаш не ја сметав за нормална и стабилна, ама сега е се во ред со неа, инаку.
     
    На Briar Rose и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  4. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Во ред, нема проблем. Сум сфатил значи погрешно. Ти се извинувам. :)
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Ама во поглед на духовноста, или на англиски како што сум го сретнала терминот 'God Spot' духовноста е комплексен феномен за кој се верува дека постојат повеќе области на мозокот кои се одговорни за многу аспекти од духовното искуство.
    Со ова сакам да кажам дека не постои 'God Spot' односно специфичен дел или област од мозокот која ја определува нашата духовна ориентација, туку тоа зависи од верувањето на самата личност.
    Има повеќе видови на духовни искуства кои Христијаните го нарекуваат Бог, а за атеистите тоа е чувството да се биде поврзано со Земјата :)

    Инаку, навистина ми е мило што си студирала област од психологијата бидејќи и јас изразувам голем интерес за неа, па дури и сум успеала одредени научно-психолошки трудови да објавам во научни списанија.

    Се надевам дека успешно ќе го завршиш студирањето ;)
     
  6. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Мило ми е за неа сјдго. Мојата најверна другарка има психичка болест, се молам за неа и се трудам да и помогнам како можам.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    14.127
    Допаѓања:
    43.696
    Пол:
    Женски
    Момент на нестабилност.Не гледам поврзаност со религијата туку со психата.
     
    На Lianna Anna и Briar Rose им се допаѓа ова.
  8. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Штом мотивите се “Прости ми Боже, грешам!/имам грешни мисли“ е поврзано со религијата.
     
  9. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    @blonde_supergirl

    Инаку сега ме потсети на нешто. Во времето на Отоманската Империја (значи во текот на 19 век) и кон крајот на 19 век, пред да го изгуби овој дел Отоманската Империја преку Балканските Војни, 80% од населението тука биле земјоделци. И не се бунтувале (со исклучок нели на тие интелектуалци кои биле школувани во школи контролирани од црквата во Бугарија) зошто сметале дека тие на Земјата го одат „трнливиот“ пат и сметале дека откако ќе го изодат тој „трнлив“ пат дека ќе стигнат после тоа во рајот. Народот тука исто така тоа го гледало од еден аспект како божја казна.

    Вакви работи во православната религија имало исто така и во Царска Русија.

    И ова може да се смета за еден вид на мачење според мене, така да не биле имуни и православните верници според мене кога станува збор за ова.
     
    На Someonespecial, Црна Ружа, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  10. blonde_supergirl

    blonde_supergirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2016
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.131
    Пол:
    Женски
    Многу јасно +++, фала што ми фрли светлина! Интересно е со што се се служат луѓето за да ги оправдаат своите мотиви.
     
    На +++ му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Да се убацам неповикана во ова што си го пишал :D мислам дека има некоја си разлика.

    Она за кое се пишуваше во предходните страни му доаѓа нешто како верски фанатизам, тоа искупување во очите на Бога преку самокамшикување и ред други ствари.
    Ова што си го пишал е резултат само на трагичната состојба во која се наоѓал најголемиот дел од народот на овие простори, толку векови без образование и наука, само црква и отоманска тиранија, па оттука ја гледам таа разлика што ова не е оној вид на верски фанатизам, туку е само, па... неукост.

    Ама, како и да е, целата таа смисла за „трнлив пат“ и сето тоа, дури и денес се провлекува на овие простори, како обид на обичниот смртник кој едвај крпи крај со крај на месец со мала потпросечна плата и субстандардни услови, обид да си даде малку кураж на себе дека сега трпи за на оној свет да му е убаво, што, пак, останато е од тоа османлиско време, а можеби и уште порано :|

    П.С.: на страна сево ова, сепак, без разлика на која гранка од христијанството, или и било која друга религија, секогаш има некои вакви фанатици кои одат во ужасни крајности.
     
    На baba Rada, Lianna Anna, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  12. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    @MagsDestiny

    Држи и тоа вода. Ама еве па на пример Русија не била поробена од Турците па пак имале такво општество кое имало такви размислувања и погледи кон светот.

    Со верски фанатизам секако дека нема допирна точка, не биле сепак секташи тука луѓето или пак во Русија. :)

    Поентата ми е: пак има некоја допирна точка реално гледано, ама до верски фанатизам не. Зошто и тоа било еден вид на мачење.
     
    Последна измена: 17 јануари 2018
    На Someonespecial, MagsDestiny и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  13. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Да да, за ова си апсолутно во право, не оспорувам јас ништо, само некако Русија не ми е репер за ништо зошто и ден денес имаат некои такви... размислувања боли глава, па фактот што и таму има вакви појави не е воопшто изненадувачки :|
     
    На Someonespecial, +++ и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Девојката не беше депресивна, ниту меланхолична, ниту повлечена, напротив, со насмевка на лицето ги покажуваше повредите. Тогаш не бев многу толерантна, имав 15 години и сметав дека сите со кои учам се лудаци. После некое време таа престана, па влеговме во исто друштво и увидов дека функционира без никакви проблеми. До ден денес е се ОК со неа.
    Јас сум сигурна дека самоповредувањето потекнува од чувство на вина, обезвреднување на самиот себе. Знаете, кога нешто ќе погрешиш, макар и одговор на школски тест, и после ти доаѓа да си врзеш шамар? Што останува за покрупни грешки кои влијаат врз животот. Мислам дека самоповредувањето ги растеретува психички, ете, згрешиле, ама си ја примиле казната. Како што самоубиството во Јапонија е начин да се обели образот, само, тоа е веќе друго ниво, од кое не може растеретено да се продолжи понатаму.
     
    Последна измена: 17 јануари 2018
    На Lianna Anna и blonde_supergirl им се допаѓа ова.
  15. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.458
    Допаѓања:
    19.574
    Пол:
    Женски
    Болест. Нема друга дефиниција. Ова е однесување со кое единката се обидува да се казни за да се ослободи од комплекс на инфериорност или вина. Човекот чувствува неуспех на сите полиња и си наметнува себе си еден вид морален камшик. И скроз е неважно дали е ова во рамките на религиски фанатизам, оти секогаш, секогаш има психолошка заднина. Јас би ја сметила темава во психологија. Не мора да е некој религиозен за да го прави ова. На ваква самотортура подлежат и многу атеисти. На сите им е заеднички проблемот, вина, која има психолошка природа. Несвесно или свесно се предизвикуваат болни ситуации, а самоказнувањето треба да биде ублажување на вината родена од задоволство, грев или спречување на остварување на желбата.

    Од религиски аспект, ваков деструктивен напад врз себе, веројатно се употребува како средство кое наводно може да помогне во искушенијата на телото. Или, да се почувствува човекот поблизу до Бога и да ги долови болката и страдањето кои ги минал Исус. Ваквата религиозна практика, наметнува доброволно страдање, веројатно со цел подобра вера. Овој концепт на страдање е стар колку и самата религија. Така наводно се докажува вербата во Бога. Ова е акт на покајание или превентивна казна за да се спречи идно несоодветно однесување. Или, нешто како прочистувачки ритуал. Порано ваквите ги палеле на клада, за време на инквизицијата. Денес барем имаат прилика да им се помогне.
     
    На Someonespecial, +++, Briar Rose и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. +++

    +++ Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2017
    Пораки:
    1.752
    Допаѓања:
    8.058
    Не ми е репер ниту на мене Русија. Јас сум ориентиран повеќе кон друга држава. :)
    In Soviet Russia space explores you :devil::

    [​IMG]

    Поентата ми беше дека вакви работи со измачувањето имало и кај нас.
     
    На Someonespecial, Црна Ружа, MagsDestiny и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Не разбираш, не постои рационален начин да се одреди која деноминација е во право а која не. Тоа е дилемата на верата и на организираната религија. Има разлика помеѓу секта и култ иако овдешниот јазик, скромен како што си е, не пренесува целосно значење.
    Не постои такво нешто како изворно учење кај рисјански цркви туку постојат догми и канони на разни рисјански деноминации. Муабети околу изворно учење прават атеисти и разни неверници :devil:

    А за Лутер не ми одговори, тоа е знак на некултура, dokogavaka? :devil:
    Јешуа си живеел по иврит, си бил обрежан, си ја поштовал саботата, си ја пеел Тората, не јадел гнасни животињи, си кажувал "Немојте случајно да мислите дека сум дошол да го поништам Законот или пророците, no way, не сум дошол да ги поништам туку да ги исполнам". Tоа си е Законот кој Бог му го пратил на Мозис, извесен египетски лик.

    Јаков не бил наклонет на Павлета, фактичкиот творец на рисјанството, си живеел по старо, дај да видиме каде тоа Јаков живеел според некакво изворно учење.
    Како што напоменав, муабети за изворни учења не треба да прават верниците пошто тоа е пат кон сомнеж, а оттаму до казаните и не е така долг пат...:party:
     
  18. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Абе другар, разбирам што пробуваш да докажеш, ете ти уфрлив баш затоа и пример што би било кога јас би решила да почнам нешто свое правилно :rofl: ама изгледа не сме на иста бранова должина на темава.
    А и онака кај баш мене ме најде на вакви побожни теми, ич не сум забавна за цитирање, не сум толку длабоко навлезена и внесена, само оставам кој до што сака да си се држи и да си верува, и така :D
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Ние секташите сме сериозни познавачи на религиите, тоа ни е работа:devil:, затоа треба да прифатиш една ваква поучна информација бидејќи доаѓа од познавање на тој феномен. :)
     
  20. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.306
    Допаѓања:
    18.127
    Пол:
    Женски
    Кој рече што и да е за прифаќање? :D Со твои зборови: не постои рационален начин да се одреди која деноминација е во право а која не, така што, што те тера да мислиш дека ти си во право? Ајде, agree to disagree, и да не одиме појќе off topic :)
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.