1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самоказнување

Дискусија во 'Религија' започната од blonde_supergirl, 16 јануари 2018.

  1. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Па тоа, да прифатиш дека не постои рационален начин да се одреди која деноминација е во право а која не :) и дека рисјанството е широк поим кој опфаќа свашта, од ликови кои одат во црква еднаш годишно со вапцани јајца до оние кои се камшикуваат низ улиците на Манила, значи погрешно е да се амнестира рисјанството од оваа појава за која станува збор на темава, пошто има рисјанства кои тоа го сметаат за права ствар.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Постои нешто што се вика „Библија“ и таму, поточно во Новиот завет од Библијата си е запишано изворното христијанско учење, она што го проповедале Исус и апостолите. Вистинските христијани си се држат до учењето на Исус и апостолите. Тоа е рационалниот начин да се провери која деноминација е доследна до Исусовото учење.

    1. Родителите на Исус, Марија и Јосиф, биле евреи и тие си го обрежале Исус најнормално на 8миот согласно еврејскиот закон. Тука нема ништо спорно.

    2. Исус не ја поштовал саботата како што ја поштовале јудејците. Читај ги евангелијата и ќе видиш дека најголемиот спор што го имале фарисеите и книжниците со Исус било тоа што он работи/лечи во Сабота. Еве што велеле јудејците за Исус:

    „Тогаш некои од фарисеите рекоа: „Овој Човек не е од Бога, не ја празнува саботата.” (ев. Јован 9:16, Библијата)

    „И затоа Јудејците Го гонеа Исуса, и сакаа да Го убијат, дека тоа го направи во сабота. А Исус им одговори: „Мојот Татко работи постојано, па и Јас работам.” Затоа Јудејците Го бараа уште повеќе да Го убијат, не само дека ја нарушуваше саботата, туку дека и Бога Го наречуваше Свој Татко, изедначувајќи се со Бога.“ (ев. Јован 5:16-18, Библијата)

    3. Додека евреите не јадат свинско и други ткн. „нечисти животни“ и ако некој каснел на пример свинско се сметал за нечист, опоганет, Исус вака поучувал:

    „Тој им рече: „Зарем и вие не разбирате? Не сфаќате ли дека ништо не може да го направи човекот нечист, што влегува однадвор во него, зашто не влегува во неговото срце, туку во стомакот и оди на одредено место?” Така ги прогласи сите јадења за чисти. Исто така им велеше: „Она што излегува од човекот, тоа го прави нечист, зашто од внатрешноста, од човечкото срце, излегуваат: лоши мисли, разни видови блуд, убиства, кражби, лакомства, лукавства, пакости, разузданост, око лукаво, богохулство, гордост, безумство. Сите тие зла излегуваат од внатре и го прават нечист човекот.”“
    (ев. Марко 7:18-23, Библијата)

    Исполнувањето на дел од свештенските (левитски) закони значи дека тие се исполнети и нема потреба пак да се прават. На пример Левитскиот закон подразбирал жртвување животни за гревови. Исус го исполнил совршено овој закон со тоа што го жртвувал Своето тело како жртва помирница за човековите гревови. Бидејќи оваа жртва била совршена жртва, нема потреба од нови жртви за гревови. Со тоа Исус го исполнил овој и многу други закони. Стихот си е на место, ама треба во малку поголем контекст да се разбере што значи тоа дека Исус го „исполнил Законот“.

    Е сега, очигледно дека си читнал некое исламско анти-христијанско брошурче, бидејќи они ја фураат оваа теза со некои смешни аргументи.
    И Јаков и Павле сите едномислено си го следеле Исусовото учење. Павле на едно место дури и кажува дека Петар, Јован и Јаков му ги дале десниците (поздрав со десната рака во смисла на одобрување) во знак на заедништво:

    „и кога ја познаа благодатта, што ми е дадена, Јаков, Петар и Јован, кои беа сметани за столбови, ни ги дадоа, мене (Павле) и на Варнава, десниците во знак на заедништвото; за да одиме ние до паганските народи, а тие до обрезаните;“ (Галатите 2:9, Библијата)

    А Петар кој бил многу близок со Јаков и Јован го нарекувал Павле свој брат:

    „А долготрпеливоста на нашиот Господ сметајте ја како спасение, како што и нашиот возљубен брат Павле ви напишал, според дадената му мудрост; како што и во сите свои писма зборува за ова; во нив има некои тешко разбирливи нешта, кои неучените и неутврдените ги изопачуваат, како и другите Писма, за своја погибел.“ (2 Послание на Петар 3:15-16, Библијата)

    Оттука гледаме дека:

    1. Петар го нарекува Павле свој возљубен брат и тоа зборува во множина „нашиот возљубен брат“, говорејќи во името на сите апостоли.
    2. Петар и другите ги познавале добро писмата на Павле и ги одобрувале.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Види, види... сега се обидуваш на секташ да му протнеш секташки финти, не е тоа убаво, непристојно е.

    Нема никакви исламизми, тоа е death cult некаков, нас не води само Носителот на светлината :)

    Небитно е што рекол Петар, правиме муабет за Јаков и Павле.
    Дали знаеш дека Павле никогаш не го видел и не го слушнал Џошуа?
    Заедницата на апостоли и остала пратња после смртта на Џош кој ја предводи? Брат му Јаков. Иако не бил апостол тој сепак го наследил брата си. Тој го знаел Исус и си продолжил по негови стапки додека Павле за тоа време масакрирал рисјани, пред да се покае за соодветна надокнада од Рим :devil:

    https://en.wikipedia.org/wiki/Council_of_Jerusalem

    Тоа е таа Ерусалемска заедница, најстарата рисјанска организација, најизворна, најоригинална, нема мрдање и претање тоа е, Павле доаѓа покасно.

    Нешто пропушти, демек случајно, но ете го остатокот :

    Зашто, вистина, ви велам дури постојат небото и земјата ниту една јота или црта од Законот нема да се измени, додека не се исполни се`.
    И така оној што ќе наруши една од тие најмали заповеди и така ги научи луѓето, најмал ќе се нарече во царството небесно,
    А оној што ќе ги исполни и поучи, тој голем ќе се нарече во царството небесно.

    Матеј 5/17-18-19

    Јасно си кажува Јешуа што и како, значи стариот закон останува се додека постои небо и земја. Откако тоа ќе се промени, тогаш саботата застарува. А пази теолошки рисјаните се прпелкаат многу време со тоа дали Џош ги исполнил законите но тоа би значело дека и Заповедите не важат бидејќи се исполнети, не може да важи заповедта не убивај а онаа за Саботата да не важи, не е убаво тоа.

    Ти Евангелосе утрово забележа небо над тебе? Ако е така, тогаш спремај се за сунет, фрлај свињетина од фрижидер и сабота одмарај :devil:

    А уште кажуваш дека :

    Е сеа кај Матеј го имаш ова :

    27.Сте чуле дека им било речено на старите: Не прави прељуба!
    28.А Јас ви велам дека секој, кој гледа на жена со желба, веќе извршил прељуба со неа во своето срце.
    29.Ако твоето десно око те соблазнува, извади го и фрли го од себе; зашто е подобро да ти пропадне еден од членовите, отколку целото твое тело да биде фрлено во пеколот.
    30.И ако твојата десна рака те соблазнува, отсечи ја и фрли ја од себе; зашто ти е подобро да пропадне еден од твоите членови, отколку целото твое тело да отиде во пеколот.

    Дали си копате очи со лажиче за кафе или си сечете раце со сатар?!
    Или не се замарате со "изворното" баш :)
    Тука нема можност за претање, нов завет е, јасно и недвосмислено, нема простор за ама вака се толкува, ако на чоек му се...активира хидрауликата на радном женска особа (а не му е сопруга) чарето е сечење на раката и копање на окото :devil:
    Инаку, следи пеколот.

    Јасно си пишува.
    Само еден пример од многу.
    Изворен :D

    А где је седми печат?
     
    Последна измена: 17 јануари 2018
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не, апостолите продолжиле да ги водат Христовите ученици и тие биле авторитет во првиот век, па потоа тие поставиле други епископи, старешини итн. Авторитетот на постолите го гледаме низ целиот Нов Завет. На пример види во 15-то поглавје кога Јудејските новообратеници во христијанството ги учеле останатите христијани дека треба да се обрезаат согласно Мојсеевиот Закон, Павле и Варнава мораа да одат да се посоветуваат со авторитетите - а тоа биле апостолите:

    „А кога Павле и Варнава се впуштија во не мала расправа со нив, определија Павле и Варнава и уште некои од нив, да се искачат во Ерусалим, при апостолите и старешините заради тоа прашање.“ (Дела 15:1-2, Библијата)

    Значи таму на овој собор биле сите апостоли и никој од нив не се побунил против Павле. Напротив, го одобриле и го пратиле со одлуката дека не треба да се образуваат и не треба да го следат Мојсеевиот Закон, освен да не блудствуваат, да не јадат удавено, крв и храна принесена пред идоли. Толку. Ни саботи, ни обрезание, ни принесување жртви ни ништо. Да потсетам, таму биле сите апостоли и старешини - авторитетот на тогашната црква. Толку од причата за Законот и Јудеизмот.

    Па каде виде ти христијаните да го менуваат Стариот завет? Ние го имаме истиот Стар завет како и евреите. Исус дел од тие заповеди и пророштва ги исполни, а дел од нив допрва треба да се исполнат. Законот се состои од морален закон, цивилен закон и свештенички закон. Цивилниот закон се однесувал на тогашниот теократски Израел и нема врска со денешниот демократски секуларен закон во нееврејската Македонија. Затоа и тој закон е исполнет и нема потреба христијаните сега да прават Израелска држава според старозаветниот терк и да се управуваат според Тората. Не гледаме дека апостолите го правеле тоа кога оделе во други држави, тие не правеле држави во држави како што е Косово во Србија или сл :)
    Свештенскиот закон е веќе исполнет од страна на Исус при Неговото жртвување на Голгота, а башка и Ерусалимскиот храм е срушен во 70та година, така што и да сака некој да принесува жртви таму, не може :) Сите свештенички закони се врзани со храмот и левитските свештеници еврејски кои сега на ни постојат.
    Така што останува моралниот закон и тој секако дека христијаните си се придржуваат.
     
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Црна Ружа

    Црна Ружа Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    1.000
    Допаѓања:
    3.684
    Пол:
    Машки
    Јешуа јасно и гласно, воден од промислата на Неговиот Татко си кажал што е и како е.
    Никаков римски граѓанин и своевремено убица на рисјани не може да се земе за поголем авторитет од Исус, мора тоа да го прифатиш. Небото и земјата сеуште постојат и затоа Саботата треба да се почитува.
    Ако Павле ти е поважен од Исус (а никогаш не го видел и чул Исуса) тогаш не знам што да кажам...

    Како Савле на патот за Дамаск, мораш и ти да се просветлиш и да се заштитиш од искушенијата на оној кој некогаш беше најсјаен на Небесата, оној кој падна :devil:

    Тоа си оди ден за ден, стануваш од спиење, гледаш дали има земја под твоите нозе и си тераш како што е кажано, значи свињетината од фрижидерот мора да оди во канта за ѓубре :party:
     
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Зошто би се имитирало такво нешто? Значи ли тоа дека тие сакаат да се изедначат или дури претстават себе си поголеми од Исус? Или можеби дури го оправдуваат тоа кое му било брутално сторено на Исус од тогашните власти и свештенство а кои не го препознале инкарнираниот Христос во него?!

    Исус од Назарет никогаш никаде не подучувал за потребата од таква практика. Христовиот Божји Дух никогаш не објавувал такво нешто, ниту пак објавува такво нешто денес преку божјите пророци.
    Секој човек има бесмртна душа. Таа управува со телото преку мозокот. Зошто тогаш да се казнува телото за грешноста на душата?! Конечно, каква корист од казнувањето поради страстите, ако тие страсти продолжат и понатака да тлеат па макар и во потсвеста?!

    Според божествените објави страстите треба да се спознаат, постепено да се обалгородуваат за потоа да можат еден ден да се надминат. Со самоповредување страстите и гревовите (она што е спротивно на Десетте заповеди и Исусовата проповед на Гората) не можат да се неутрализраат. Напротив се прави додатен нов грев, сквернавење на храмот на Светиот Дух, храмот Божји - човековото тело.
    Тоа всушност е исмевање на Бога но и на Христа.

    Коренот потекнува од паганските религии кои постоеле пред христијанството (да се сетиме само на атничкиот Рим и античка Грција) а чие мисловно добро влијаело врз создавањето на тнр. црковно христијанство кое нема никаква врска со изворното Христијанство. Повредувањето или некој друг вид на измачување на телото постоело и во другите религии. Во хиндуизмот тоа се нарекува тапасја (строгости) со кои требало да се привлече вниманието на боговите кои потоа требало да го обдарат вршителот на строгостите со натприродни моќи. Некои дервишки редови во исламот (повеќето исламски теолози нив не ги признаваат за правоверни муслимани) после долго ритмичко играње и пеење запаѓаат во транс и се бодат себе си со игли и ножеви, при што оние искусните не крварат и не чувствуваат болка, но како што праша во едно јутјуб видео еден босански проповедник муслиман: Каква корист од тоа, каква врска има тоа со Бога?

    Во една статија на тема сексуалните престапи на католичките свештеници кон машките деца членови на еден црковен хор во Германија, една жртва раскажува дека се сечела со нож по рацете во надеж дека крвната жртва ќе го одоброволи бога да стори нешто што поскоро да заврши тој пекол. Непотребно е да се каже дека тоа не помогнало, и дека тоа имало врска со сексуалното злоставување и тепањето на кое биле изложени децата во хорот. Психолозите знаат како тоа оди. Но од каде ја добил токму таквата формулација на идејата за самоповредување? Токму од митовите со кои католичката црква им ги полнела главите на дечињата со безрбојни генерации - а тоа дека Бог е некаков суров владетел кој барал жртва од луѓето (во стариот завет) и дури дозволил Неговиот син да биде камшикуван и брутално погубен на крстот. Но тоа со учењето на Исус Христос нема апсолутно никаква врска, туку со шепотењето од божјиот противник кој служејќи се со христијанска наметка сака да ги одврати луѓето од вистинскиот еден Бог, кој е Бог на љубовта и мирот.
     
    Последна измена: 19 јануари 2018
    На blonde_supergirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AnnabelLee

    AnnabelLee Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 декември 2018
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    362
    Пол:
    Женски
    Во “Името на Розата“ книгата од Еко и филмот исто има, како самоказна против грешност на телото. Исто и во “Богородичната Црква во Париз“. Некои се уште практикуваат, I feel too vague to make a judgement about it. Grey territory.
     
    На MarianaBT му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MarianaBT

    MarianaBT Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2013
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    955
    Пол:
    Женски
    sekako so dietite!