Драги пријатели, вежбачки и вежбачи По повод Новогодишните празници и како мал скромен придонес за зајакната самодоверба, здрав живот, фитнес и самозаштита во конфликтни ситуации (кои за жал се почесто се случуваат во урбаните средини) првите пет феминки (важи и за машкиот дел на форумот) кои ќе ми испратат пп и имаат желба да научат ефикасни техники за одбрана од физички напад како и вежби за зајакнување на телото ќе добијат бесплатен комбиниран тренинг по Самоодбрана+фитнес до крајот на месецот. За сите останати информации ќе ви одговорам по пп . Благодарност до Фемина за можноста да се отвори темата и покана за сите што имаат сугестии, прашања или дилеми поврзани со техники и стратегии на самоодбрана или развој на телото со вежбање да земат учество во дискусијата . Деновиве ќе спремам краток текст за употреба на пепер спрејот во самоодбрана, каде е ефикасен да се користи, како да се користи, кога не треба да се користи и дали е доволен за ефикасно да спречи напад.
Се надевам нема да сум оф-топик, да не се отвора нова тема мислам дека мислењето ми припаѓа овде. Една вештина која нуди самоодбрана и квалитетен тренинг во исто време е Крав Мага. За оние кои ќе се најдат во можност да посетат таков курс, топло препорачувам. Крав Мага е еден вид боречка вештина која вклучува боксување, борење, џиу-џицу и повеќе видови техники за самоодбрана во секојдневни ситуации. Всушност фокусот на Крав Мага е спонтаната самоодбрана, додека пазарувате, се враќате сами по улица итн. и како најбргу да излезете од оваа ситуација. Одлично е за подобрување на рефлексите и зголемување самодоверба особено кај женскиот пол. Крав Мага ја користат дури и воени единици. Примери на youtube има милион, ѕирнете http://www.youtube.com/watch?v=B_z5MlYnlwI