До пред извесно време воопшто не помислував на ова. Манијаците низ град беа како јавна тајна, сите ги знаевме, знаевме на кое место се движат и колку можат да наштетат, иако никој не преземаше ништо околу тоа. Не знам дали луѓето се спобудалија поради пандемијата, ама чудо е, веќе на секој чекор има демначи. Една случка ме натера да размислувам како би се одбранила и искрено и јас не знам што би носела, засега не носам ништо.
Клучевите ги носам како 'оружје'. Ги држам во тупаница и еден клуч со врвот издаден го ставам меѓу прсти. Иако тоа воопшто не е гаранција дека ќе помогне, бидејќи никој не знае како би реагирал во опасна ситуација. Може само да се 'здрвиш' и ни да замавнеш, ни ништо.