1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самостојност кај децата

Дискусија во 'Дете' започната од marchi-cool, 11 септември 2019.

  1. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    14.321
    Пол:
    Женски
    Барав ваква тема или нешто слично ама не најдов.
    Темата ми е кога вашите дечиња станале самостојни. Кога за прв пат сам направил или веќе сам извршува одредени работи.
    На пр кога за прв пат сте го пуштиле или веќе сам си оди во продавница. Или кога сам почнал да оди на училиште....
     
  2. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.856
    Допаѓања:
    122.893
    Многу е широка темата ,не е конкретна баш.
    Може да гласи како да бидат посамостојни дечињата пример.
    Од мал учејќи го за некои работи, ќе му покажеме и ќе му речеме ајде сега САМ.
    И многу сериозно си го сфати тоа. За се е сам. Знаел,незнаел.
    Не дава раче кога шетаме, сам вика. Сам облекува јакна, сам облекува чизми, соблекува, буквално за се Вика -Нееее, сам. Мал е , нема уште две и пол години и незнае многу работи, ама сака да е самостоен уште сега :whew:
     
    На snegulkata, tina-63, Coco31 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.978
    Допаѓања:
    21.500
    Пол:
    Женски
    Од тоа сама што сака си имам мака...
    2год, 3 месеци е и мисли дека се може сама.
    Ако ја облечеш, таа ќе се соблече само за сама да се облече..
    Е ако запне ептен, бара помош.
    Надвор ми дава рака само на улица, на тротоар немало коли.
    А мало е бре за до толку да сака се сама.
    Ќе видиме може ќе се смени...
    Во тинексов кај нас има две скалички и она седнува таму, мене ме праќа да сум пазарела сама ќе седела..
    Среќа па сите ја знаат и многу е мал тинексот па ја чуваат, односно од каса одма се гледа, до нив е...
    Ама дома не ме пушта ич, не седи ич сама.
    Се надевам нема да ми бара многу рано да оди сама во школо на пример.
    Многу ме плаши тоа што се сака сама.
     
    На Coco31, duffi и eli25 им се допаѓа ова.
  4. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    14.321
    Пол:
    Женски
    Ние као демек поголеми ама од самостојност многу ми е страв да го пуштам сам до продавница. А продавница имаме 3 куќи после нашата и нема преминување преку улица. Ама не знам зошто (а знам дека е моја грешка која "скапо" ќе го кошта) сеуште не го пуштам да прави сам некои работи кои знам дека е сепак способен да ги прави.
     
  5. Цвет88

    Цвет88 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 март 2017
    Пораки:
    3.978
    Допаѓања:
    21.500
    Пол:
    Женски
    Колку има? Јас некаде од кај 7 години сум одела сама во продавница и тоа преку булевар...
    Ама во тоа време немало толку коли и имало каква таква сообраќајна култура.
    Предходно ме пуштале да фрлам ѓубре, тоа е позади зграда и воопшто не се излага на улица.
    Инаку и јас сум сакала од мала да правам се сама.
     
  6. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.663
    Допаѓања:
    322.511
    Пол:
    Женски
    малата од лани(4год имаше) ја пуштам сама со големата до книжара,маркет.Не е баш блиску има и прометна улица.Ги оставам и сами дома по саат саат и пол.И мене ми е страв ама морам доверба некако да стекнувам во нив.Досега се било ок
    Иначе малата од две и пол години сама јаде.Надоле сама се облекува соблекува.Вода сама си полнеше качена на столче (facepalm)

    Остави ја не ја ограничувај.Штом она осеќа дека може значи стварно може.Ти само суптилно околу неа внимавај но покажи дека имаш доверба во нејзините способности.
     
    На snegulkata, marchi-cool, Lolipop23 и 4 други им се допаѓа ова.
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    14.321
    Пол:
    Женски
    за 2 месеци ќе прави 7. Јас уште од 5 години сум одела. Ама што знам,не е исто тогашното време и ова сега. Дури и на школо од крајот на 1во одд сум одела сама а за син ми мислам дека пар до 4то ќе го носам и земам.
    Сосем си во право. Мислам дека навистина претерувам ама проблемот ми е што не можам да се опуштам и да се потпрам на сигурноста во неговите способности.