1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Самоубиството од религиска гледна точка

Дискусија во 'Религија' започната од daylight, 24 март 2016.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Превземај малку од Библијата, остави ги премин портал. Они одамна расчистиле со Библијата.
    Во Библијата самоубиството никаде не е истакнато над некој друг грев, а камо ли па „најголем“ грев. Еве на пример самоубијците не се спомнати во оваа листа:

    „Или не знаете ли дека неправедниците нема да го наследат Божјото Царство? Не измамувајте се! Ни блудниците, ни идолопоклониците, ни прељубниците, ни мекушците, ни изопачените мажи (содомци),
    ни крадците, ни лакомците, ни пијаниците, ни клеветниците, ни разбојниците, нема да го наследат Божјото Царство.“ (1 Коринтјаните 6:9-10, Библијата)
     
    На Daern му/ѝ се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Во Светото Писмо (Библијата) има 6 примери на самоубиства:
    • Царот Саул (1 Самуел 31:2-5)
    • Авимелех (Судии 9:50-54)
    • Самсон (Судии 16:23-31)
    • Ахитофел (2 Самуел 17:23)
    • Зимриј (1 Царства 16:18 )
    • Јуда (Матеј 27:3-5)
    Иако за повеќето од нив негативно се зборува, сепак никаде експлицитно не е осуден нивниот самоубиствен чин.
    Да не бидам разбран погрешно дека го оправдувам самоубиството. Далеку од тоа. Само велам дека Бог во Светото Писмо никаде не го издвоил овој грев над другите гревови.
     
    На Daern му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Почитуавај правила, пишувај кирилица па после цитирај.
    Инаку кратко и јасно самоубиство и обид за самоубиство се смета за еден од најтешките гревови.
    За жал некои прерано го напуштаат овој свет, не по своја воља, а други сами си го одземаат. Тука влијаат различни фактори и нема логика да се суди. Ментално нарушувае на пр.
    Кај православните, за погреб не доаѓа свештеник за починато лице од извршено самоубиство и се погребува на сосема други места.
    За пример е Јуда, непокајан за гревот, т.е предавството решава да си го одземе животот со бесење.
    @EvAngelos како сакаш врти, не си во право.
     
    На Rama и душленце им се допаѓа ова.
  4. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Мое мислење е дека најхумано би било религиозна личност не само да не оправдува, туку и да се потруди да не осудува самоубиство. Што и гарантира на една индивидуа дека ако е во чевлите на тој што извршил самоубиство дека ќе го надмине неговото искушение и дека нема да посегне кон самоубиство? Како судиме така ќе ни се суди. Затоа тие што отпаднале на патот нека бидат во мир и спокој, бидејќи се што им требало на Земјата било тоа, тоа не го нашле. :l:
     
    На theowndemon, Someonespecial и EvAngelos им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Се смета од православците, но за Бог е ирелевантно сметањето на православците. Бог сигурно нема да ги повика православните попови на Судниот ден за мислење за тежината на гревовите на луѓето. А од она што Бог ни го објавил во Божјиот Збор (Библијата), самоубиството никаде не е истакнато над некој друг грев, а камо ли па да е „најтежок“ грев.

    И тоа дали ќе те погреба православен свештеник исто така ништо не значи пред Бог. Еве ти една приказна директно од Библијата:

    „А беше еден богат човек, кој се облекуваше во црвено сукно и во ленено платно и се веселеше сјајно секој ден. А еден сиромав, по име Лазар, целиот со чирови, лежеше пред неговата врата и сакаше да се насити со она, што паѓаше од столот на богатиот. И кучињата доаѓаа и му ги лижеа раните. И сиромавиот умре, и ангелите го однесоа во Авраамовото крило; умре и богатиот и го погребаа. А во пеколот, во маката, ги поткрена своите очи и го виде оддалеку Авраама и Лазара во неговото крило...“
    (ев. Лука 16:19-23, Библијата)

    Лазар бил богат човек. Веројатно имал големо семејство и многу слуги што работеле на неговиот имот. Кога умрел, Библијата експлицитно пишува дека „го погребаа“. Веројатно погребот бил голем и го водел еден или повеќе свештеници. Можеби свештеникот издвоил и некои добри зборови за него. Сигурно и гробницата била раскошна и облеана со многу цвеќиња. Но што вели Исус? Дека тој човек завршил во пеколот!

    Од друга страна, за сиромавиот Лазар не пишува експлицитно ни дека го погребале. Штом човекот лежел пред вратата на богатиот Лазар целиот во чирови, сигурно немал или бил отфрлен од семејство и немал кој да го лечи или да го прибере дома да лежи и барем на раат да си умре. Единствени пријатели му биле кучињата кои доаѓале и му ги лижеле раните. А кога умрел, веројатно не му организирале ни некој посебен погреб, туку само го закопале за да не мириса неговото тело. Веројатно не го „пеел“ свештеник и немал убава гробница. Но што вели Исус? Дека тој човек завршил во Авраамовото крило т.е. во рајот.

    Наровучение: Воопшто не е битно дали, каде и каков погреб ќе ти организираат, ни дали свештеник ќе те пее. Битно е каков живот си живеел и дали си се помирил со Бог.
     
    Последна измена: 1 септември 2017
    На Daern му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Човекот може да си смета што сака. Може група на луѓе да се соберат и да сметаат дека и јадење шпагети е грев, но дали тоа ќе биде во сооднос со универзалната вистина е прашање на вистината, а не на волјата на групата луѓе што измилиле дека нешто е грев. Туку, никој не сака да изгуби некој близок на тој начин, па мора да се воспостави баланс на некој начин. Но ако една индивидуа реши залудно е црковното учење. Самоубиства имало, има и ќе има. А тоа што една група на луѓе решиле да деклинираат како грев не менува ништо. Пример мене лично кога ми доаѓало да се самоубијам не сум го правел тоа од две потенцијални причини.

    1.Сум имал храброст да продолжам да живеам
    2.Не сум имал храброст да си го одземам животот.

    Никаков страв од попови и цркви не ме спречил :D
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Никој не кажа дали е битно, кажав само како е кај нас православните, не се тепај одма. :D
     
    На Rama, Vitaly и EvAngelos им се допаѓа ова.
  8. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Тогаш и воопшто не е битно колку еден човек бил побожен, дели верувал во Исус, Перун или Алах или на која религија припаѓал, ако има Бог тој ќе не прими врз основа на добрините што сме ги направиле така?
     
    На Petra777 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Според Исусовото учење не, бидејќи покрај добрините ние правиме и гревови, многу гревови. Ако поминеш на црвено, на суд ќе ти речат да платиш 150 евра казна и џабе ќе им кажуваш колку добрини си направила, казната за поминување на црвено е таа. Слично е и со гревовите. Добрините и гревовите не се поништуваат како собирање на позитивен и негативен број. Казната за гревовите според Библијата е смрт и затоа Исус дозволил да биде распнат на крстот - за да биде жртва за нашите гревови. Затоа погоре пишав дека битно е „и дали си се помирил со Бог“. Да се помириш со Бог, значи да се покаеш за своите гревови и да го прифатиш Исус како свој спасител од сторените гревови. Исус ја има платено казната за нашите гревови, но наше е да ја прифатиме.
     
    На Petra777 и Vitaly им се допаѓа ова.
  10. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Да бидеш осуден дали од судија или Бог поради тоа што си убил еден човек а си спасил стотици например е нелогично навистина. Исто така и нелогично е да се поклонуваме на Бог кој не смета за робови но ете, се надевам на крајот ќе видиме како ќе ни се суди и дали вредело што сме биле верници.
     
    На Βικτωρία му/ѝ се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Во Исламот релацијата помеѓу Бог и човекот е Господар - роб. Таму луѓето се робови на Алах.
    Во Христијанството релацијата е Татко - син/ќерка. Оттука и популарната молитва „Оче наш“ е баш така „Оче наш“. Тоа „оче“ е црковна варијанта, но на оригиналниот еврејски јазик е буквално “Татко наш“.
     
    На Βικτωρία и Vitaly им се допаѓа ова.
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.648
    Пол:
    Машки
    Јасно ми е тоа, во Исламот тоа со робовите е директно но во Христијанството е индиректно, сепак ние му се покоруваме на Бог на некој начин. Дали инаку си запознаен со религијата на нашите предци словени? Зборувам за паганска религија-Родноверје? Мислам дека многу поразумни одговори дава на некои прашања од Аврамските религии. Тие своите богови ги сметаат за свои предци и заштитници, нивни храм е шумата, нивен Бог воглавно е природата.
     
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Според еден таа религија е поразумна, според друг друга. Но тоа може да е многу субјективно, индивидуално и релативно. Најчесто неразумностите се во деловите каде што имаме прашалници „зошто е тоа така, а не овака како што мене ми е разумно и логично“.
    И јас имам некои прашалници околу природата на Бог, околу некои постапки или молкови на Бог. Но прифаќам дека Бог не е должен да ми дава објаснување и отчет за секое прашање, дело или недело. Но сепак лично сум убеден дека христијанството е вистина, дека Исус ја зборуваше вистината и дека навистина воскресна од мртвите, за разлика од сите останати верски основачи и водачи.
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  14. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112