Самоубиство поради дечко

Дискусија во 'Канта' започната од Sad-Queen95, 17 август 2018.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Sad-Queen95

    Sad-Queen95 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2018
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Другарка ми кажа за една страна, се регистрирав на шала и онака ми беше досадно, започнав муабет со еден дечко, тоа беше 2011 год, сакаше нешто со мене, но тогаш бев почеток на средно, излегував со друштво, не го приметував, запознавав други машки, бидејќи живее во Италија и бевме далеку, иако спомнуваше дека сака да дојде во Мк да се видиме, ми праќаше срциња, стално ми пишуваше, но некако ми здосади тој период не се ни сеќавам баш, го избришав од тогаш актуелниот мсн, по два дена добив порака на е-маил дека не сум требала да го избришам од пријатели на мсн, не му вратив, но не очекував дека никогаш нема да го заборавам. Имав дечко после една година, но го оставив бидејќи се сетив на него беше предобар, многу убаво се постави спрема мене, како ниедно машко од предходно, не е само поради карактерот дека сум се сетила на него, чуствував како да го познавам цел живот, од како раскинав, го додадов на скајп после 4 години не знам како го најдов ама го барав со денови, го додадов среќа користел скајп па ме прифати, не му кажав дека сме збореле одамна, кажав дека случајно сум барала другар со исто име и сум го додала него, (да напоменам на мсн тогаш имав само една слика не се ни гледав баш добро, само пишувавме тогаш не ни зборевме на моб), контактиравме на скајп, па потоа разменивме и вибер се слушавме, зборувавме, се исто ми кажа како од тогаш за ништо не ме излажал со оглед на тоа дека денес постои сешто, зборувавме на почетокот се слушавме по моб, му праќав слики, поточно 3, му уклучив и камера еднаш се видовме, но во меѓувреме се предомислував некако, бившиот дечко беше многу озбилен и се навикнав на такви машки, овој сакаше да се шали понекогаш, па мислев дека сеуште го сакам бившиот, се шалевме со една другарка, и таа го запозна бевме во група на вибер ставени, и реков да го зеза лажевме дека сум болна (знам дека не требаше) тој бараше доктори по Италија, нашол еден наш и иронија од се, овој кога му спомнал тој му рекол дека вчера се јавиле од Мк, и овој рекол сигурно мајка и се јавила.....бетер поубедливи секој ден ми пишуваше како сум, другарка имаше лажен профил, го додадовме од таму, му се пуштавме да видиме како ќе реагира ако некоја друга му пише, овој кажуваше за мене, рече дека сеуште не сме се запознале, но ќе биде и тоа, дека ме сакал, а ние намерно му пишувавме од лажниот јас сум поубава зарем немам шанси овој неееее, за мене, па за мене, исто на инстаграм го додадовме и само што му пишавме здраво, овој врати со имам девојка мислам дека не е во ред да се допишуваме.....потоа кога му признавме дека беше лага за болеста, ми рече само дека се разочарал зашто сум го излажала, но дека ми простува бидејќи е среќен дека не сум болна, со тоа што го излажав мислев дека ќе стане посериозен, не дека не беше ама не знаев што сакам, не знаев дали бев сигурна дека сакам нешто со него, но како поминува времето многу ми е тешко без него....му признав дека сум се вратила одамна, дека сме збореле , се чудеше, вика навистина ли? мило му беше што сум се сетила на него, и после толку години, но премногу измислувавме со другарка работи и се шалевме, (со што знам дека не ни личи на годините и не требаше) впрочем еднаш на шала рековме дека го сакам другар му, а тој уште имал девојка во Скопје и он тогаш мислел дека јас сум таа, па за малце и ќе се скарал со другар му, направивме филмови и проблеми, што вреди сега да кажам дека ми е криво? Сакам да го вратам или не ми се живее повеќе, ми фали секоја минута, секоја секунда, секој час, барем како пријател иако премногу се изнервира последниот пат и ме блокира засекогаш, и ми рече дека најмногу сум го разочарала.......му праќав пораки дека ми е жал за се сакав се од почеток да почнеме , преку 100 пораки му пратив но залудно, а тој колку беше фин кон мене, им кажувал на работа за мене, дома на неговите, а јас? што направив јас......на крај ми се закани дека ако му пишам уште еднаш, ќе ми ги злоупотреби сликите ( како на пример, да прави профили со мои слики, бидејќи нормални слики му праќав), и тука се повлеков, поминаа 2 години не знам дали сеуште ги чува, сигурно да , но не знам тој е премногу фин не знам дали би ме одбил повторно да му пишам, но не би издржала ако нешто ми направи со сликите?! Не можам да спијам, плачам со денови, ослабев 10 кг се онесвестив бев во болница лежев и онака бев слаба сега сум бетер, на факултет попуштив многу, сонувам дека ми пишал, сонував дека се имаме запознаено, пиев апчиња за смирување колку пати се будев во сон со надеж дека е вистина дека сме се запознале , но често се разочарував дека е тоа сепак само сон, сега тој има девојка, постојано отварам кај него на инстаграм фб, се молам да раскинат, (знам дека звучам како некоја лоша но искрена сум) се мислам и на тој ден што ако ја запроси??? посакувам да умрам, сакам да излезам надвор и да ме удри кола , не можам повеќе да живеам вака, премногу ми фали, знам дека ќе ме осудувате но не ми се живее без него, од 2011 се уште не можам да го заборавам, се плашам да му пишам, како ќе реагира? да му кажам што се ми се случи? не ми е гајле повеќе ни за гордост ни за ништо, ако ме одбие повторно или ако ми направи нешто со сликите , и онака живеам на место каде што шибаат коли секој ден со огромна брзина сакам да умрам, затоа што овака не живеам нормален живот. Со кого и да започнам врска, не е тоа-тоа , дома моите се загрижени за мене, никогаш не ме виделе ваква, пиев апчиња за депресија , но не страдам од тоа, едноставно посилно е тоа од мене, три пати лежев во болница , ме освестуваа, се надевам следниот пат нема ни да се освестам, ве молам кажете ми што да правам???? последна надеж сте ми........
     
  2. meggle

    meggle Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    1.472
    Ич се немате запознаено онака во живо ?
     
    На EvAngelos и Sad-Queen95 им се допаѓа ова.
  3. Sad-Queen95

    Sad-Queen95 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2018
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Не, но исто како да го познавам од секогаш...
     
  4. meggle

    meggle Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    1.472
    Извини вака со прашањава ама зошто те избришал последниот пат? Кога последен пат си пишавте ?
     
    На Cinderfakinrella и Sad-Queen95 им се допаѓа ова.
  5. Stephen Amell

    Stephen Amell Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    611
    Допаѓања:
    10.178
    Пол:
    Женски
    Самоубиство за дечко во никој случај да не ти паднало на памет.:!: Прво помисли на твоите родители, не заслужуваат таква тага и болка да носат со себе.

    Прави работи кои те исполнуваат, читај книги, гледај серии, така помалку ќе мислиш на него. Излегувај, оди во теретана, трчај покрај ќеј. Верувај ми, не вреди за машко да си го уништуваш животот. Имаш години пред себе кои можеш да ги исполниш со радост, среќа и успеси.:hug: Доколку тој продолжил со животот, продолжи и ти. Знам дека ќе ти биде тешко, но обиди се. Сврти нов лист, ќе биде подобро. Те гушкам силно.:hug:
     
    На DragonSlayer, ReMly, Cinderfakinrella и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Sad-Queen95

    Sad-Queen95 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2018
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Затоа што претеравме со лажење и он тогаш најде девојка, не сега со оваа што иде, туку друга, и пишав на неа дека он не ја сака и оваа поверува и му раскина (долга приказна како) најверојатно се му се насобрало и ме блокира, но пред да ме блокира ми напиша дека најмногу сум го разочарала...пред две години мислам.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.010
    Допаѓања:
    141.289
    Здраво Квин... Вечерва како се чувствуваш?
     
    На Sad-Queen95 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. PinkCactus

    PinkCactus Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2018
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    805
    Пол:
    Женски
    @Sad-Queen95 продолжи со животот, исто како што продолжил и он. Сфаќам дека си повредена ама буквално не вреди, нема потреба да си наштетуваш вака сама на себе. Излагај почесто, запознавај нови луѓе. Те чекаат многу нови убави работи и почетоци, верувај!
    Држ се, можеш ти. :hug::hug::hug:
     
    На Cinderfakinrella, Sad-Queen95, H.VAGA и 3 други им се допаѓа ова.
  9. LanaSGirl

    LanaSGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.072
    Пол:
    Женски
    Извини, но никој не е вреден за ти да сакаш да се самоубиваш поради некој, немој ни да помислуваш на тоа. Знам болка е, тешко ти е но со време ќе помине. Само бори се и оди напред за себе! Биди среќна. :))
     
    На Cinderfakinrella, Sad-Queen95, Martka и 2 други им се допаѓа ова.
  10. lovestoneddd

    lovestoneddd Популарен член

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    3.740
    Допаѓања:
    35.934
    Пол:
    Женски
    Едно прашање само - Колку години имаш ?!
     
    На PaLaVa, fairy88, Rose96 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.409
    Допаѓања:
    48.814
    Пол:
    Женски
    Не се самоубиваат луѓе кои психички се целосно здрави, проблеми со дечко може да се тригер, ама сигурно не се главната причина.
    Да се самоубиваа луѓе од досада ќе ни беше значително намалена популацијата.


    Девојката треба да си најде добар психијатар и да поработи на своето здравје, бидејќи ништо нема да се смени додека не се почувствува стабилно.
     
    Последна измена од модератор: 17 август 2018
    На DragonSlayer, KateKane, Emy867 и 29 други им се допаѓа ова.
  12. BlackNight

    BlackNight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    3.267
    Пол:
    Женски
    Драга @Sad-Queen95 , најпрво собери се и погледни околу себе. Млада си, студираш, имаш иднина, имаш и пријатели колку што гледам, животот е пред тебе, не уништувај го она што веќе го имаш заради ова што се случило. Пред се, колку што сфатив ти си имала пред се виртуелна комуникација со ова момче, повеќе додворување, отоколку реална врска, иако разбирам дека ваква комуникација и тоа како може да врзува некого за некоја личност.
    Верувај ми, најискрено, можно е премногу да го идеализираш сега кога не ти е достапен, може си изградила преубава слика за него, може кога реално би го запознала или започнала врска со него, не би го имала истиот впечаток.Тргни од тоа, дека сепак воглавно си вљубена во својата перцепција, замисла за овој човек со кого си комуницирала он-лајн и на вибер.
    Убаво ти рекоа погоре, излегувај, дружи се, можеби уште вечер ќе запознаеш некој симпатичен кој ќе ти се допадне. Млада си, ќе се вљубуваш, одљубуваш, дај си можност за ова искуство, верувај ми.
    Учи повеќе, вежбај, верувај ми, ова време не се враќа, овие студентски денови, и оваа енергија и време за учење како што ги имаш сега. Никој, ама никој, не е вреден заради него полека полека да си ја уништуваш иднината.
    И извесен период, воздржувај се од набљудување на неговиот профил. На крајот, и да има девојка, не значи дека за навек ќе биде со неа, но барем не се опседнувај и не троши си го времето со него. Тешко е, ама од некаде почни.
    Посвети повеќе време на друштвои учење, а слободното време гледај биди повеќе надвор, подалеку од компјутер, а телефонот офф лајн.
    И речи си благодарам, што си жива, здрава, млада, зошто верувај на светот постојат луѓе со сериозни, тешки проблеми, изгубиле дете (не дај Боже), родител, орган, тешко се болни... Не сме свесни некогаш што се имаме во моментот. Погледни ги нештата од таа перспектива.

    И за крај... Ова нека биде една поука. Следен пат кога ќе оствариш врска или контакт вреден за одржување, било со ова момче, некое друго, пријателство, делове контакт, што и да е, биди сериозна. Не тестирај, не поигрувај си, барем да не си префрлаш сама на себе дека не си постапила коректно.

    Секое добро.
     
    На Cinderfakinrella, sanja.burgundy, SeaMermaid и 7 други им се допаѓа ова.
  13. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.083
    Допаѓања:
    7.778
    Пол:
    Женски
    Ќе искоментирам само ова, мислам дека си во лоша психичка состојба, па ти доаѓаат некој црни мисли. Да знаеш дека не е крај на светот.
    Кога ќе поминат година или две и кога ќе се сетиш на тоа, ќе си кажиш која будала бев.
    Ова ти пишувам од искуство.
    Чекај во животот со уште многу работи ќе се сретнеш.

    Дај му време на времето.

    И сети се на некое болно дете што знае дека ќе умре, а се би дало за да живее.
    Ние прави здрави сакаме да умираме.
    Размисли убаво пред да донесиш одлука.
     
    На DragonSlayer, Cinderfakinrella, Sad-Queen95 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. MarigoldA

    MarigoldA Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    Ако на почеток на средно си била во 2011 година, сега имаш околу 22 години. И не се малку.
    Проблемот е друг, дечкото е само тригер, убаво кажа девојката погоре.

    Не го сакаш, живееш во делузија. Имаш посериозен проблем од овој. Размисли, не е ова од него и не е толку површно, подлабоко е. Најверојатно е од корените на твоето прво свесно сфаќање за поимот љубов. Какво мислење имаш за своите родители? Сметаш дека како мала си добивала доволно љубов и внимание од нив? Си се правела ли пред нив дека нешто не е во ред или дека си болна за да добиеш внимание? Дали ти пречело нешто како мала, но не си покажала, а си се правела дека се е во ред? Дали твоите ги сметаш за сериозни луѓе? Ако сега дечкото прави шали, по дифолт не те сака? Од каде ти е идејата дека само сериозен чевек може да те сака? (не верувам дека е тоа сфаќање усвоено од твојата претходна врска, да беше немаше да ти пречи).
    Потребата за внимание што некогаш поодмна во животот не си ја добила, ја проектираш врз него. Ама тој е шалаџија, од некаде имаш чувство дека човек со таков карактер не може да те сака, размисли од каде е тоа чувство, а не е од бившиот. Ти за да го уозбилиш, да го прилагодиш на моделот на однесување и љубов кој тебе ти одговараи на кој си навикната, почнуваш да го манипулираш. Тој тоа го сфаќа и оп, го гаси изворот на внимание (можеби единствен извор на внимание кој тебе те напојувал) и сега мислиш дека нема за што да живееш? Дали имаш чувство и потајно се надеваш дека ако тој дознае дека сакаш да се самоубиеш, ќе воспостави повторно контакт со тебе и пак се ќе биде ок?

    Не мора да сум во право со анализава, се извинувам ако не сум.
    Не мора да одговориш на прашањата, знам дека од лична природа, и се извинувам ако те погоди моево мислење, имам само добра намера. Само размисли. Не на дечкото, на тебе мисли, проблемов има врска со тебе, не со него.

    Ти посакувам се најдобро, да откриеш што точно е проблемот и да поработиш на него. :hug:
    Побарај стручна помош, мислам дека ти е потребна. Поздрав.:)
     
    На CameliaMiller, KateKane, Cinderfakinrella и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Sad-Queen95

    Sad-Queen95 Активен член

    Се зачлени на:
    15 август 2018
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Фала Ви на сите, но сум пробувала сите овие години, имав и дечко како што напоменав но секогаш се чуствував празно, штом до сега не се промени, не знам понатака дали би се променило, планирам да му се јавам но од друг број и не знам, да му речам да останеме пријатели и дека ми е жал за се? Ако му пишам порака, не верувам дека воопшто ќе ми врати...од друга страна ми е страф за сликите, ама не верувам дека е таков..
     
  16. MarigoldA

    MarigoldA Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јули 2018
    Пораки:
    746
    Допаѓања:
    7.128
    Пол:
    Женски
    My point above.
    Мораш да откриеш што ја отворило таа празнина, а не да работиш на тоа како да го вратиш него. :)
     
    На Cinderfakinrella, Feminka22, WildMk и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Maša8

    Maša8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2018
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    340
    Пол:
    Женски
    Очигледно вината те јаде одвнатре, се чувствуваш дека си предизвикала негово разочарување. Тоа е нормално. Мој совет е сепак да пробаш да стапиш во контакт со него и да побараш да ти прости. Тоа ќе те ослободи, а понатаму дали ќе има нешто меѓу вас или не, тоа е друго.
     
    На Cinderfakinrella и Sad-Queen95 им се допаѓа ова.
  18. BlackNight

    BlackNight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    3.267
    Пол:
    Женски
    Прво, на фејсбук сликите се потполно небезбедни, секој со дсен клик може да преземе слика и да ја ,, обработи" ако има таква намера. А, мислам нема некој на кој барем една слика не му е објавена на интернет, било каква. На крајот сите имаме слика било каде, алманасине од средно се скенирани, па оттаму некој повешт може да преземе и злоупотреби слика.Колку што разбрав, на скликите немаш ништо недолично. И си има правни механизми за злоупотреба на туѓа фотографија, тој сигурно е запознаен со тоа. Не се нервирај за нешто што би можело да биде, ако биде тогаш ќе делуваш.
     
    На SV1911, Cinderfakinrella, Sad-Queen95 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. BlackNight

    BlackNight Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2016
    Пораки:
    594
    Допаѓања:
    3.267
    Пол:
    Женски
    Продолжи да излегуваш, учиш и се забавуваш. Но, прави го тоа без очекување дека веднаш ќе ти донесе нова врска со која ќе го исфрлиш претходниот од срцето. Прави го тоа и уживај во секој момент, уживај во секој разговор со пријатели, уживај во секоја претстава, концерт, забава, во секоја пијачка, уживај го моментот... Кога ќе дојде приликата, ти сама ќе ја препознаеш. Само, не се осамувај, не седи дома напразно. Дај си одишка, продолжи, само дејствувај. Ќе видиш како ова помага низ времето да сечувствуваш подобро.
     
    На Cinderfakinrella, Victorian и Sad-Queen95 им се допаѓа ова.
  20. BlondPrincess

    BlondPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    124
    Пол:
    Женски
    Kako moze so nekoj covek sto nikogas voopsto da se nemas videno vo zivo da razvies tolkava emocija virtuelno?Mozno e da,da ti znaci,da sakas da si so nego ama da sakas da umres...
    Moze koa ke se vidite ke ima nekoja odvratna rabota na nego sto voopsto nema da ti se dopagja,mozebi nema da ti se dopagjaat milion drugi nacini i da sfatis deka toj covek tebe vsusnost voopsto i ne ti se dopagja.Lugjeto ne gi poznavame duri i koga mislime deka gi poznavame a ne pa koga nikogas gi nemame videno.Edno e da iskocis so nekogo na tri saati,edno e da si 24 casa so nego a sosema drugo e koga ti toj voopsto i go nemas videno.
    Ti mozes dokolku tolku te jade vinata i posle dve godini da mu pises ednostavna poraka,pisi mu deka ti e zal,deka si bila dete i deka ne si takov covek i toa e toa.Ne da mu pisuvas po 100 pati i da i pisuvas na devojkamu i na drugari i slicni prikazni.Zamisli ti da imas sega decko i nekoja toa da go pravi?
    I poraboti malku na sebe,ocigledno ti fali nesto vo zivotot a ti mislis deka toa nesto e covek sto voopsto neznaes ni kako izgleda vistinski.
     
    На DragonSlayer, kikkki, Trxmx и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.