Самоубиство поради дечко

Дискусија во 'Канта' започната од Sad-Queen95, 17 август 2018.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Девојко жал ми е што ќе ти го кажам ова но тебе ти треба сериозна терапија. Ти си депресивна!!! Како што кашаа феминките живееш во илузија. Тој е твој замислен свет. Зарем не си се запрашала зошто тој те избегнува? Можеби е свесен во каква состојба се наоѓаш. Немој да го манијачиш!!! Побарај психолог. Секое добро. Поздрав
     
    На Cinderfakinrella, buba4e89 и Sad-Queen95 им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.926
    И јас ќе се придружам кон тие кои ти препорачаа да посетиш психолог/психијатар. Не ти е до него, до тоа што не те бара. Ти имаш многу посериозен проблем кој го прикриваш зад тие приказни. Патем, ништо не губиш ако побараш помош, може само да добиеш.
     
    На KateKane, Pebeka, Rose96 и 5 други им се допаѓа ова.
  3. Sad-Queen95

    Sad-Queen95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2018
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    @lovestoneddd
    Имам 23, знам дека не сум мала и доволно сум возрасна , но понекогаш годините не се мерило за некои работи... @MarigoldA нема потреба да се извинуваш, напротив фала ви на сите, ме изненади во делот со родителите, не биле строги кон мене, но кога почнав да попуштам со факултет, добивав коментари дека ништо не сум направила во животот, дека никогаш нема да успеам, татко ми порано работеше во Италија, ама ги вратија во Мк, баш на шала еднаш спомна, нешто како, да можеме пак да се вратиме таму, има и доста наши, за братучедка ми еднаш спомнаа да најде некој од таму, и се сетив дека јас имав шанса но по моја вина ја пропуштив, барем да успеев со него, сигурно немаше да ме гледаат како неуспешна, вака се чуствувам дека нема ништо од мене, сакам да му се јавам, но се плашам како ќе реагира..
     
  4. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.989
    Допаѓања:
    51.588
    Пол:
    Женски
    Е сега, од шега на татко ти, ќе испадне дека те тераат да се мажиш во Италија.
    Не му пишувај на човекот по 101 пат, очигледно дека не е заинтересиран, а и има девојка.

    Мораш да се прибереш малку. Сериозно.
     
    На lilo, Mishela, Rose96 и 3 други им се допаѓа ова.
  5. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.069
    Допаѓања:
    20.066
    Пол:
    Женски
    Прво и основно, кога не си го запознала, ниту знаеш дека ти бил шанса, ни дека бил добар итн. Луѓето со години се во врска, па после години ќе сфатат дека не се еден за друг, или ќе научат мрачни тајни од минатото/сегашноста, ти од на интернет мислиш дека си пропуштила шанса. Шанса со кој??? Додека не запознаеш некого лично, не го видиш очи в очи, не поминеш време со некого, не можеш да мислиш дека бил совршен. Може сериски убиец бил, пример, може бил осудуван крадец пуштен на условно... се може. Мислам овие се само примери, може се екстремни, ама сакам да ти доловам како ние не можеме да знаеме каков е еден човек, кој сме го виделе само на слика/камера и тоа е тоа. Можеби во живо толку не би ви одело, што 3 муабети не ќе знаете да сврзите. Може миризбата на телото не ќе му ја поднесуваш. Знаеш колку работи постојат што не се доживуваат преку нет?

    Второ, не можеш да си ја испустуваш младоста заради некој виртуелен лик. Луѓе раскинуваат долги врски, се разведуваат со деца, па пак продолжуваат во животот, ти за некој си непознат ќе се убиваш. Не оди тоа така.

    Трето, годините нема да ти се вратат. На тие години јас одев со друштво по студентски забави, ноќни клубови, се собиравме по станови, се дружевме, фаќавме дечковци, мувачи, игравме јамб, карти, табла со саати, по пијачка, или по било што... преубави години се. Ем бевме продуктивни, учевме факултет, полагавме испити, ем се забавувавме. Исполнетост до крај. После тоа време не се враќа, искрено, ама спомените остануваат за секогаш.

    Јас ти велам, едноставно извади го од главата дека бил СОВРШЕН, ШАНСА и не знам што. Ти него не си го познавала и тоа е тоа. Тој лик си го изградила ти, со својата имагинација, а каков е тој навистина, позади екранот, не можеш да знаеш.
     
    На kikkki, Cinderfakinrella, KeBideLi и 2 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.229
    Мислам дека во ова си го даде одговорот на твојот проблем.

    Притисок чувствуваш, да се оствариш како добар студент, како омажена жена која е сакана, веројатно и други ситни работи...
    Толку си млада.. животот е пред тебе. Имаш време да се реализираш на секое поле. Кај бразаш? :)
    Луѓе сме. Некогаш ќе потфрлиме во нешто, ќе паднеме долу, па ќе се дигнеме.
    Потребата да се оствариш како човек, никогаш не стивнува. Дел од нас е додека сме живи. Прифати го тој драјв како природна работа, која не тера напред, не како терет.

    Не си ни глупава, ни неспособна..
    Не се плаши.. само терај, полека.. ден-за ден. Уживај во деновите сами по себе, не гледај исклучиво кон големите далечни цели. Имај си ти цели, ама чекорите до главната цел се секојдневна работа. Сконцентрирај се на ситните таскови, кои ќе те донесат до главната цел..:hug:
     
    На joy1, SV1911, Cinderfakinrella и 7 други им се допаѓа ова.
  7. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.139
    Допаѓања:
    14.423
    Пол:
    Женски
    Девојче,какво самоубиство (facepalm) По она што го прочитав,вие не сте се виделе во живо.Добро,можеби по пишување си стекнала некој впечаток.Ама дали е навистина таков? Си се заљубила во она што си го видела виртуелно,не во реалноста.Убаво ти било,сте пишувале...Не требало да го лажиш,да му пишувш од лажни профили,не е тоа сериозно.Јас пропатив многу за одредена личност.Го сакав повеќе од себе си,животот наопаку си го превртив.Знаеш кога запрев? Кога видов дека вака не оди.Ослабев,не јадев,не спијав...И зошто? Затоашто една сјајна личност е премногу горда да си ги искаже чувствата.Ти го пишувам ова за да сфатиш дека сите сме страдале од скршено срце.Млада си,животот е пред тебе.Фокусирај се на себе,на студиите,излегувај,дружи се,промени го изгледот.Животот оди понатаму,мораш да продолжиш.Зошто да се уништиш себе си? Во ред,можеби чувствуваш грижа на совест.Сите правиме грешки во животот.Не можеме се да исправиме.Плус поминале 2 години откако последно сте комуницирале.Мораш да продолжиш.Мислиш дека со самоубиство се ќе решиш? Немој девојче,млада си.Мисли на себе,на твоите,како би му било него да дознае? Дури и да не чувствува ништо за тебе,никој не би сакал да биде причина за нечие самоубиство.Смири се и фокусирај се на себе си.Никој не сака очајни личности,среди се прво себе си,сјај и после види дали ќе му пишеш или не.Доколку сметаш дека не си рассчистена со него,пиши му.Ама не срцепарателни пораки.Мирно,нормално,трезвено.И не се плаши за сликите,тоа во лутина го кажал.После 2 години,нема основа едноставно.И ако не биде ништо,полесно ќе ти биде.Ќе се ослободиш,ќе тргниш понатаму.Ако ви е судено да бидете заедно,кога тогаш ќе се сретнете.Ако не,светот да го превртиш,попусто е.Не се заљубувај во илузии,живеј во реалноста.Можеби те чека некој многу подобар кој ќе го сакаш повеќе отколку што можиш да замислиш.Сакаш да си сакана,ама мечтите ти застанеле во твој изграден лик.
    Млада си,забавувај се,учи,излегувај.Младоста не се враќа,немој да го трошиш времето.Уживај во животот.Дај му време на времето,ќе се излечи и скршеното срце :u: Ама не уништувај се сама себе си :D
     
    Последна измена: 18 август 2018
    На KeBideLi и Sad-Queen95 им се допаѓа ова.
  8. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.190
    Допаѓања:
    106.158
    Пол:
    Женски
    @Sad-Queen95 тебе, по се' ми се чини, не ти фали нити ти е дојдено до дотичниот дечко, туку ти е досаден животот и ти фали она што тој ти претставувал - утеха за тепање време, некој кој кога и да ти текне ти е тука за лаф муабет и да те исслуша и да те разонодува, па дури и да те поддржува во фантазирање и правење филмови и да го зафркаваш!! Со друг збор - сега ти е криво и се каеш за незрелото однесување и сфаќаш што си изгубила.
    Продолжи понатаму, враќање назад нема!
    Млада си користи го времето покорисно!!
     
    На calliope, Offspring, coldbaby и 5 други им се допаѓа ова.
  9. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.079
    Пол:
    Женски
    Не знам што ја браните. Он барал доктори по Италија она зад грб му се смеела. Мислам сериозно?!
    Другарка ти сеуште е со тебе? Или си има дечко.
    Ох... каква делузија едноставно сами си правите.
    Ако мислиш дека ако се самоубиеш и дека тој ќе дојде да ти запали свеќа на гроб - нема да дојде.
    Само ќе му биде жал и толку. ЖАЛ!!!
    Па ти уште земи убивај се,ако мислиш дека ќе постигнеш нешто.

    Само ќе си ги скратиш најубавите делови од животот што можеш да ги надживееш. А ова,па една добра лекција во животот.
     
    На DragonSlayer, ane.bella, Offspring и 4 други им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.229
    Полека бре.. што ја нападна??

    Дечкото од Италија, е најмал проблем во приказната
     
  11. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.079
    Пол:
    Женски
    Нападот е најдобар начин да му укажеш на некого дека греши во одлуката.
    И девојката нема да се самоубие штом тука пишува пошо е неодлучна. Веројатно бара некој да ја подржи во одлуката пак да му се јави ама виде дека греши и не треба и се повлече од реплицирањата.
    Мислам распустот уште трае..
     
    На DragonSlayer и Cinderfakinrella им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.229
    Ај полека..
    Како зборуваш така?
    Не знаеш во каква состојба е тој од другата страна на жицата!
    Сакаш некој на душа да носиш??
     
    На Maša8, Martka, Someonespecial и 2 други им се допаѓа ова.
  13. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.079
    Пол:
    Женски
    Никој не носи на душа, веројатно ќе ме сфати што сакам да кажам.
    Така да, секое ваше дело има данок.
    Го лажела и толку е. Може он стварно сакал да и помогне, не морала да ја меша другарка и,не морала ништо да прави.
    Сама си западнала во депресија,самата си го направила тоа на себе. Реалноста не е шпанска серија па да рониме солзи да ни прости љубениот.
    Извини ама со тешење "ќе ти помине" нема да се изгради во јака личност.
    Она мора да прифати дека тој не и простува и не ја сака, тој едноставно не постои!
    Прифаќањето е многу тешко,самоубивањето е лесен чекор.
    Тоа е тоа.
     
    На Nigredo Odor, coldbaby, Cinderfakinrella и 2 други им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.229
    Не разбираш дека не е проблемот во типот, туку во нејзината депресија...

    Никој не е крив ако се разболи од некоја болест.
    Оди речи му на некој што има рак, дека сам е крив!
     
    На PinkCactus и Cinderfakinrella им се допаѓа ова.
  15. Joi

    Joi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2014
    Пораки:
    606
    Допаѓања:
    1.995
    А на дечкото како му било кога го зафркавала и исмејувала зад грб? Ја немаме неговата страна, мене некој што го сакам така да ми правел, ќе паднев во депресија.

    @buba4e89 е во право, ама не се на место вакви коментари, мислам дека девојчето не во добра здравствена состојба за да поднесе критика. Мора да ги прифати последиците од своите дела и да продолжи понатаму, со професионална помош.
     
    На DragonSlayer, Cinderfakinrella, kim.k и 5 други им се допаѓа ова.
  16. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.229
    И јас се согласувам дека не е во ред тоа што го правела.. ама да и' го речам тоа, не би си дозволила..
    Не на некој кој е психички нестабилен. Само полошо може да направиш
     
    На Someonespecial, Sanya20 и Joi им се допаѓа ова.
  17. dayla

    dayla Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2017
    Пораки:
    478
    Допаѓања:
    5.606
    Пол:
    Женски
    Самоубивањето не е лесен чекор. Лесно е на човек што очигледно се наоѓа во нестабилна душевна состојба, да му напишеш дека така не се станува јака личност и дека сам си е крив за депресијата.

    Мој единствен совет е да не бара помош на форум, туку кај стручно лице.
     
    На Cinderfakinrella, Someonespecial и WildMk им се допаѓа ова.
  18. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.079
    Пол:
    Женски
    Она си прави филмови дека ќе е со него па се разочарува од реалноста што не е така.
    Меѓутоа депресија има повеќе фази, нејзиното е минливо.Ти не си плачела за дечко па си била депресивна па те тешеле луѓе. Епа она е во таа фаза, не сака реалност сака фантазии, не сака да прифати и мисли дека ако си го одземе животот ќе стори нешто. И тој ќе раскине со девојката и он ќе се самоубие?!
    Ма дај, сигурна сум дека е млада и убава и дека е јака и може да прифати дека реалноста е сурова.
    Мора пошто така се гради цврста личност.

    @Joi и јас би постапила како дечкото и би бегала што подалеку од таква личност. Како јас ќе и верувам на таа личност за се понатака во животот?
    Џабе е, еднаш изгубена доверба засекогаш изгубена.
     
    Последна измена од модератор: 18 август 2018
    На Cinderfakinrella, Sanya20 и Joi им се допаѓа ова.
  19. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.229

    Ајде прочитај го овој нејзин пост, и види што е позади.


     
  20. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.168
    Допаѓања:
    177.079
    Пол:
    Женски
    Па си прави филмови "Без него неуспешна".
    Како да не, пфф.
    Она е успешна и без него. Иначе го исчистав цел пост и коментарите и заклучив. Како сака таа така.
    Јас и кажувам дека е најпаметно да ги избрише солзите и да прифати последици,да научи една добра лекција и тоа е тоа.
     
    На DragonSlayer, Cinderfakinrella, Sanya20 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.